Фармацевтската компанија „Алкалоид“, по четврти пат ги додели стипендиите „Трајче Мукаетов“. И годинава фондацијата одобри и додели 40 стипендии, и тоа 18 стипендии на студенти по фармација и 22 стипендии на студенти по медицина. За првпат беа доделени и награди за најуспешниот дипломиран фармацевт и лекар. Како првенци на генерација, Анела Тосевска и Андреј Кралев, добија еднократната парична награда во вредност од 1.000 евра.
Ваучерите на наградените им ги врачи генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. „Најдобриот студент по фармација е и наш стипендист, што е доказ дека стипендиите одат во вистински раце“, рече Мукаетов.
И годинава „Алкалоид“ ќе вработени дел од стипендистите. Лани беа вработени четворица. „Досега имаше 53 нови вработувања. За два месеца се планира бројот на нови вработувања да се заокружи на 65, од кои половината од нововработените ќе бидат стипендистите“, додаде Мукаетов. Преку фондацијата формирана во чест на Трајче Мукаетов, кој долги години го развиваше „Алкалоид“, досега се доделени вкупно 142 стипендии. Стипендијата изнесува 6.500 денари месечно и се доделува 12 месеци. Имињата на добитниците ќе бидат објавени в петок во дневните весници. (Ј.Ј.)
bravo za zivko i alkaloid taka treba da se rabote,najaka firma vo makedonija i na balkanot posebno u hrvatska
Од: citatel
Датум: 06.10.2010 14:40:04
Nemam vistinski zborovi.Bravo za Alkaloid,edna od malkute svetli tocki vo tunelot.
Од: Nadan
Датум: 06.10.2010 16:45:02
G-din Zivko Mukaetov e eden od retkite manageri-makedonci koi znaat i umeat da prenesat svetski iskustva na upravuvanje vo Makedonija, sekoja cest, samo napred Alkaloid-Nacionalnata gordost na Makedonija.
Од: pb
Датум: 06.10.2010 16:49:43
Mnogu svetlo vo ovoj siv nas ambient na izvrteni vrednosti! Cestitki i priznanie za Alkaloid i Mukaetov!
Од: filip treti
Датум: 06.10.2010 18:51:00
Cestitki ndo Alkaloid i g-dinot Mukaetov koi vodat dolgorocna i promislena politika na razvoj so priem na kvalitetni mladi kadri. Go povikuvam Dekanot na Medicinskiot fakultet da prifati del od strategijata na Alkaloid sa pravilna selekcija na kadri a ne kako do sega da edinstven kriterium za priem bide partiska i etnicka pripadnost, sto ponizok prosek i nasleden faktor.