Еврото ќе се спаси ако од него се откажат Германците
Професорот Јозеф Стиглиц, добитник на Нобеловата награда за економија во 2001 година, објави нова книга под наслов „Фрифол“, во која тврди дека иднината на еврото е прилично мрачна. Како долгорочно решение за проблемите Стиглиц предлага Германија, најсилната европска економија, да го отфрли еврото и да почне повторно да користи сопствена валута. „Ако Германија го направи тоа, на еврото ќе му падне вредноста, а тоа ќе го поттикне извозот на европските земји во светот затоа што производите би биле поевтини“, пишува Стиглиц во книгата. Стиглиц предлага ЕУ да подготви некаков вид генерален фонд. „Без таков фонд, Европа ќе биде присилена да го запре својот занимлив експеримент со еврото како заедничка валута“, пишува нобеловецот. (Ек.Р.)
umen covek umno kazuva ,,a da go prasame do koga ke bide evropa -unija ,pa da ne se molime tolku za vlez i da mislime malku za rabota a ne sekoi den imeto imeto grcija ,,,vasilakis ,,,todorakis ,,bakojanceto bese dobra ako ne ne sakase