Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

И без царина, новите коли нема да поевтинат

Укинувањето на царините за возила по потекло од ЕУ што настанува благодарение на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, а не како резултат на добрата волја на Владата да го поевтини увозот, нема да влијае врз падот на цените на возилата.

Според дел од импортерите со кои контактиравме, станува збор за минимално намалување на царината, кое воопшто нема да влијае врз крајните цени.

„Укинувањето на царините за увоз на автомобили од ЕУ нема воопшто да ги намали продажните цени на коли во автосалоните, од проста причина што станува збор за минимален пад на царините, кои и сега немаат многу голем удел во крајните цени“, информираат до „Еуроимпекс“, застапници на брендот „Пежо“.

Инаку, околу укинувањето на царината за возилата вчера реагираа и партиите.Опозицискиот СДСМ смета дека присвојува проекти што се дел од меѓународни договори кои Македонија ги потпишала пред речиси десетина години. „Лицемерно е владејачката партија да поздравува укинување царини за возила од ЕУ од две причини. Прво, затоа што ова е дел од обврската која произлегува од Договорот за стабилизација и асоцијација потпишан со ЕУ во 2001 година, каде што е предвидено да се намалуваат царините за сите увозни стоки. А второ, постојната стапка за овие автомобили е 1 процент, а од јануари 2011 година ќе биде 0 проценти, што претставува незначително намаление“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја поддржува иницијативата за бесцарински увоз на возила од ЕУ и смета дека тоа е заслуга на оваа Влада.

„Со ваквата мерка се постигнува и се нуди општо намалување на цените на увоз, и за старите и за новите возила. Ова се мерки што се од исклучителен интерес на граѓаните. Со мерката за нула проценти царина за увозот на возила од ЕУ се очекува дополнително подновување на возниот парк во државава“, истакна вчера на прес-конференција пратеникот Крсто Муковски. Тој посети и на измените на Законот за акцизи со кои, како што рече, се овозможило поголемиот број граѓани да дојдат до ново или до половно возило по поволни цени. „Во изминатите месеци, откако беа донесени мерките на Владата, вкупно се увезени 51.225 возила, од кои 5.480 се нови, а 45.745 употребувани. Тоа значи дека над 50.000 граѓани, односно над 50.000 семејства во земјава им се овозможи да купат возило. Вкупниот увоз на возила е зголемен за четири пати, а кај половните за дури 15 пати. Нето-ефектите во буџетот изнесуваат 11милиони евра“, смета Муковски. (А.С. - С.М.)


#
Статијата е прочитана 1594 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 06.10.2010 13:38:48
Лажи ,лажи Вере,само немој Вере мене да ме лажеш.Но така му треба на овој народ ,кога лесно паѓа на ефтини ,илузионистички штосеви.
Од: od mene
Датум: 06.10.2010 14:33:30
За жал ова поминува кај неупатените (да не кажам друг збор), а тие се 90% од народот. Останатите упатени кои знаат дека 1% е царината, за толку знаат да пресметаат дека 1% од 10000 евра е 100 евра. Тоа е максимум кој што може да поевтини ново возило. И да, ова не е заслуга на оваа влада. Македонија во догледен рок, МОРА да ги симне сите царини за стока со потекло од ЕУ. Значи МОРА, а не, владата сака, владата прави...
��д: Mite
Датум: 06.10.2010 17:57:51
neka kažat Importerite kolku karuvaat od kola ?? i se drugo... a kaj nas baška se što doađa e 2-a klasa, a i garanciite se skrateni ... ne samo kaj nas, i vo drugite non-EU YU državi, pa bile luđe vo Germanija, mu kađuvaat ovoj menuvač treba da se zameni vednaš, vo garanten rok, ama tuka ništo od toa, se gleda samo golem prifit
Од: Mile
Датум: 06.10.2010 18:37:09
Лажат и упорно лажат - наместо да ја намалат својата маржа која изнесува најмалку 2000 евра по возило (за најефтините)! Па од каде им се велелепните салони низ Македонија, вредни милиони евра? Нормално од превисоката маржа...
Од: Economist
Датум: 07.10.2010 08:24:52
Ako se namalat carinite, a cenite ostanat isto, kako sho velat makedonski narechenite IMPORTERI, za eden ekonomist kje znachi slednoto "KARTEL". I koga pishuvate za vesti na ekonomska teme, dajte cifri malku, dajte procenti. Preku glava mi e od chitanje skepulativni tekstovi bez nikakva informacija.

Најди! во Утрински
Економија
Сите трчаат по записи во евра
На барабан „Кимико“, „Фламенго“... поради невратени кредити
„Алкалоид“ додели уште 40 стипендии
Невработеноста падна на 32,1 процент
Славниот Кервиел од Сосиете и во затвор и ќе ги враќа парите
Хрватите повеќе играат на странски берзи
„Њујорк тајмс“ предвреме ќе се раздолжи
Еврото ќе се спаси ако од него се откажат Германците






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe