Во вториот квартал од годинава, невработеноста достигна 32,1 отсто, објави вчера Државниот завод за статистика, односно невработените броеле 296.194 лица, најголем број од нив биле со четиригодишно средно образование. Во споредба со првиот квартал од годинава, стапката на невработеност е помала за 1,4 отсто. Споредено со истиот период лани, пак, кога стапката на невработени беше 31,9 отсто, сегашниот процент е повисока за само 0,2. Иако во изминатите месеци од годинава бројот на работниците од индустријата е значително намален, статистиката регистрира помалку невработени отколку во првите четири месеци од оваа година.
Во исто време, според ДЗС, стапката на вработеност изнесува 67,9 проценти, односно вработени се 627.129 лица. (Ек.Р.)
Нормално е да паѓа бројот на невработени во РМ.Кога веќе трета година ,од завршените средношколци 97% се запишуват на факултет по дисперзираните факултети.А што после завршувањето,дали ова влада ке воведе и задолжителни посдипломски студи за успешно да го истера мандатот,А и овие кои се вработуват,многу мал процент,каде се вработуват кога бројот на вработени во стопанството опаѓа ?
Од: Снешка
Датум: 06.10.2010 15:36:04
Уште ќе опаѓа невработеноста, кога по автоматизам ќе се бришат сите оние кои нема да однесат доказ некаков писмен дека барале активно работа во минатиот месец, со новите измени од законот и правилникот што го спремаат, како што пред неколку години ги избришаа сите оние кои се пријавуваа само за сини картони, а со оглед на тоа дека ретко кој навремено и ажурно ги враќа документите со допис кој е примен на оглас, драстично ќе се намали невработеноста, но само на хартија, и се ќе биде во „најдобар ред“.
Од: kade se vrabotuvaat?
Датум: 07.10.2010 10:40:48
Stapkata na nevrabotenost padna? DZS da kaze kade se vrabotuvanjata. Na site im e jasno deka vrabotuvanjata se vo administracijata i javnite pretprijatija i toa se vrabotuvaat sama partiskite vojnici. Idat izbori.Treba glasacka masina.A deka takvite "vrabotuvanja" go tovarat i taka siromasniot narod, ne e vazno.Tuka se zapisite. Drzavata ke pozajmuva so visoki kamati a narodot kje plakja preku voveduvanje na novi kazni ( za roditelite cii deca "ke gi maltretiraat nastavnicite) Ako ne e zalosno, bi bilo mnogu smesno