Преродбата во сто чекори повторно треба да се врати еден чекор назад. Амбициозно најавуваниот владин проект за „бејби бум“наиде на уставна рампа и одново треба да се преиспита.
Уставните судии оцениле дека мерките со кои владиниот кабинет на премиерот Никола Груевски сака да го стимулира наталитетот, продуцираат нееднаквост. Право на надомест треба да добие секоја мајка која во овие тешки и скапи времиња ќе роди трето дете, а не само оние од неразвиените подрачја со наталитет под 2,1 отсто. Ваквата уставна корекција ќе бара да се направат нови математики, бидејќи пресметките нема да бидат исти како претходните, затоа што ќе треба да се опфатат поголем број корисници. И поделбата на Клинички центар беше една од многуте законски „колатерални штети“, која не го помина уставниот праг поради измешаните законски ингеренции околу основачите.
Лани во декември беше укинат уште еден проект, кој Владата го промовираше како своја голема гордост. Паднаа на Уставен суд и „патриотските фискални сметки“, бидејќи судот сметаше дека поделбата на производите на странски и на домашни нема никаква логика и само продуцира нееднаквост на пазарот. И покрај интервенцијата на судот, состојбите останаа статус кво. Сметките и натаму се издаваат по старо, никој не ги казнува прекршителите, а Владата мие раце и тврди дека нема што да се меша во оваа работа. Не и' паѓа на памет да ги обесштети оние на кои своевремено им се закануваше со високи казни доколку не се „престројат“ патриотски. Единствено се задоволни продавачите на фискални каси, на чии конта, како што се тврди, легнале околу 5,5 милиони евра за инсталирање на софтверскиот систем.
Кој, пак, да пресмета колку чинат скапо платените реклами во функција на поддршка на некои владини проекти, со кои граѓаните секојдневно беа бомбардирани од медиумите! Министерството за финансии само еднаш неволно призна дека секоја од овие кампањи во просек чини околу 400.000 евра! А, тоа се пари кои Владата не ги донела во мираз, туку се од џебот на буџетските корисници.
Доколку пропадне и проектот за веронаука, кој повторно е на преиспитување пред Уставниот суд, залудно ќе се фрли во бунар уште некое милионче од буџетските пари. Според некои калкулации, само на име верско образование за плати на 110 верски учители месечно се издвојуваат 44.000 евра, или над 300.000 во текот на учебната година.
И околу имплементацијата на Законот за стечајци, кој наменски беше донесен за претходните предвремени парламентарни избори, месечно се издвојуваат околу 106.000 евра, или над 1,3 милиони евра годишно. И повторно, и од него никој не е задоволен, бидејќи надвор од оваа категорија останаа многу стечајци.
Статистиката на Уставниот суд покажува дека само минатата година се „соборени“ околу 70 закони, во кои имало многу фалинки, контрадикторности, но и лоши решенија, спротивни на Уставот и на законите.
Дали е во прашање некаков каприц на Уставниот суд или, пак, за набрзина и неквалитетни донесени проекти?
Најверојатно е ова второто. Сетете се само како за време на летната ферија, кога буквално преку ноќ беа донесени околу 150 закони. Без јавна расправа, во отсуство на опозицијата, со техничка влада. Последиците на брзањето сега излегува на површина. Не дека порано немало неквалитетни закони и оти уставните судии немале што да работат и вртеле бројници. Имало и тогаш и сега. Проблемот е во тоа што некој треба да ги слушне укажувањата на експертите и на уставните судии. Зашто во право се кога велат дека не може да се штанцаат туѓи закони, администрацијата да пишува закончиња по налог на министрите, кои ја спроведуваат својата или партиската волја, туку мора квалитетно да се работи. Власта наместо да се лути, кога и' паѓаат законите, или да молчи, кога се носат одлуки по нејзин ќеф, треба добро да се замисли.
Ova posleden t.n. zakon za treto dete dke ne e vo sklad so Ustavot i deka e diskriminatorski mu bese jasno i na edno ovbicno dete. samo na " "zakonodavcite'" koi stancaat vakvi i na onaj arhetip na poltron i aktuelen Minister za pravda toa ne mu bese jasno. E sega koga se zapletkaa vo seto toa , site nie ce gi placame nivnite greski.
Од: Regaconi
Датум: 20.03.2009 00:27:39
Koj raboti toj i gresi, tocno e deka ima 10-20% greski no tocno e deka ima i golemi promeni. Nekoj saka da gi gleda poveke greskite otkolku promenite. I vo sekoj proekt sekoj moze da najde mana no poveketo se od subjektivna priroda. Kategorija stecajci ne postoi vo nitu eden zakon. Toa se lugje koi ja izgubile rabotata poradi bankrot na firmata. Za site nevraboteni postoi zakon za vrabotuvanje i osiguruvanje vo slucaj na nevrabotenost. Nosenje na poseben zakon za stecajci e neustavno i gi doveduva ostanatite gragjani vo neednakva polozba .
Од: miki
Датум: 20.03.2009 02:07:31
ustavnite sudii sdsm gi namesti koga vladeese bez opozicija vo parlamentot se znae po koj nalog raboti sudot,izleze deka sudot vladee so drzavata ane luge koi se izbrani da vladeat po demokratski pat,sekoja reforma vo mkd e osudena na propast zatoa nema da mrdneme od mrtva tocka,makedoncite izumiraat kako nacija, ama toa nikogo ne go zagrizuva,da ne zaboravime celta na kasite bese da se stimulira kupuvanje na makedonski proizvodi ama izgleda i toa vi preci,najgolemite ponizuvanja makedoncite gi dobija koga vldeese sdsm,znci ne se bezgresni.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 20.03.2009 03:23:50
Za poslednata odluka na Ustavniot Sud napisav zbor-dva i vo vcerasnoto izdanie. Samo ke potsetam, dokolku procenuvanjeto na ustavnosta na zakonite kako sto pisuva Duvnjak se bazira na nivnata logicnost, bi gi zamolil ovie neprikosnoveni vladeteli na logikata i umot od Ustavniot Sud da go procitaat romanot "Poslednite selani" od Petre M. Andreevski. Se nadevam deka ke dobijat poinakva perspektiva za samata problematika koja ja osporija, bidejki logikata e mnogu cuden fenomen, osobeno dokolku se razviva megu sidinite na skopskiot “gradski sid”. Inaku, Ustavniot Sud mozese poprvo da go ospori proektot za veronauka vo obrazovniot system, kojsto ne go poddrzuvam, no ocigledno e deka toj ima pogolema poddrska megu glasackoto telo, pa zatoa e ostaven za postizborniot period. Ne sakam da navleguvam vo prasanjeto za sostavot na Ustavniot Sud, no ocigledno e deka ovaa odluka e donesena tendenciozno so cel da se prikaze nesposobnosta na aktuelnata Vlada.
Од: Petre
Датум: 20.03.2009 07:05:16
ako ovie ustavni sudii se navistina "cuvari" na Ustavot, daj neka se ukine i kompletno Lokalnata decentralizacija, taa e uste poveke diskriminiracka, bez obzir sto ni e Nametnata od EU... a da ne zboruvam za programite za razvoj na ruralnite sredini..Se toa da se zabrani.. " Alal" da im e na "muzikantite"...... si go pokazaa liceto.. no so ova mu napravija "Meceska" predizborna usluga na svojot gazda, zatoa sto kaj Lokalnite izbori ova mnogu loso ke oddekne vo nerazvienite opstini a i sekade...
Од: Seki
Датум: 20.03.2009 09:09:38
Браво за Уставен суд ! Една жена и едно дете од Стуга се полалку вредни од една жена и едно дете од Вевчани- мац море !
Срамота !
Од: ne mi se veruva
Датум: 20.03.2009 09:14:18
Jasno bese deka epilogot ke bide ovoj. Megutoa ne mi se jasni komentarive. Pa istite komentatori koi sekojdnevno gi pcuete Grcite i Bugarite za nedavanje ramnopravnosta na Makedoncite vo nivnite drzavi, ovde go lincuvate ustavniot sud zosto ja brani osnovnata floskula vo ustavot - ramnopravnosta na gragjanite. Vprocem imate apsolutno mnozinstvo vo parlamentot i smenete go ustavot. namesto ramnopravnosta na site gragjani, vnesete deka ramnopravni se site Makedonci po narodnst. Inaku, kolku da se znae i jas sum Makedonec, i imam tri deca.
Од: jovica
Датум: 20.03.2009 09:23:14
Zosto bi se lutela ili bi trebala da molci vlasta?Vlasta e mnozinstvo vo parlamentot i toa mislelo taka. Ustavniot sud e sostaven od recidivi na prethodnite vlasti, pa normalno e da misli sprotivno od segasnata vlast. Koga se birase ovoj sostav na Ustavniot sud, go birase druga vlast, so druga ideologija i megjusebni relacii so sudiite. Koga site sudii (za site vidovi na sudovi) bi se birale na referendum so moznost, na primer, od 100 da treba da se izberat 70. Togas bi veruval deka takvoto sudstvo e nezavisno. Dotogas site izbrani drzat nekoja strana, se razbira, onaa koja im ja dala mokta i pozicijata.
Од: Rage
Датум: 20.03.2009 09:28:22
Ma, vistinskiot naslov e opoziciona rampa za vladini proekti od inat. Sto se lazeme sme ziveele i ziveeme vo vreme kga treba i komsijata da umre, ne za dzabe e kazana ovaa mudrost, samo zboruva kakvi sme dlaboko vo dusata!
Од: Do: Miki i slicnite
Датум: 20.03.2009 11:05:03
Za sekoj propust na Vladata kriv vi e SDS. Koj go spomna tuka SDS vo tekstot. Novinarkata pisuva za krsenje na odredbite od Ustavot. Edna od niv, po mene klucna, e ravnopravnost. I "patriotskite" fiskalni kasi i proektot "baby boom" se vo osnova diskriminatorski, bidejkji se favorizira edna grupa (del od populacija, del od prizvoditeli i trgovci) i normalno e da padnat na ustaven. Dokolku vladata saka pozitiven natalitet, treba malce povekje da se pomaci....da obezbedi dostoinstvena ziveacka na gragjanite preku: podobar standard, adekvatna zdravstvena zastita, skolstvo, sudstvo, efikasna nepartiska administracija. So eftini trikovi ne se resavaat sustinski problemi....Odete kazete im na stecajcite i mlekarite treto dete da pravat...koga ni na pola dete nemozat dostoinstven zivot da mu obezbedat.... A za veronaukata e druga prikaska...tuka se doveduva vo prasanje sekularnosta na drzavata...ako voopsto znaete sto e toa....
Pozdrav
Од: Трпе
Датум: 20.03.2009 12:17:17
Многу пати имам укажувано,дека ова влада болје ништо да не работи неголи да работи.Се што работи погрешно го сработува.Нивните погрешни чекори ги плака народот.
Од: Verag
Датум: 20.03.2009 13:29:32
Владата треба доброда се замисли. Е .,тоа ќе биде многу тешко,скоро неизводливо. тоа е многу сложена активност за оваа влада.
Од: Социјалдемократ
Датум: 20.03.2009 17:30:03
Ее,Дувњак додека во Уставн. суд седат најистакнатите “борци’’ на СДСМ, ти слободно и “непартисски,, ќе си пишуваш вакви и слични колумни. Ако, само оставете ја Владата да си ја работи нејзината работа. Вашите стручњаци од СДСМ ги видовме колку знаат и работат кога беа увалени во владините фотелји.