Број 2941  петок, 20 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Милошоски очекува одговор од Бакојани

Атина првично го обвини Милошоски дека се обидува да го дефокусира вниманието на проблемот со името

Димитар Чулев

Писмото од министерот Антонио Милошоски до шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани, воопшто не требало да биде објавено во јавноста. Дипломатски извори во македонското МНР велат дека „адресантот бил прецизно наведен и од Дора Бакојани се очекуваше да демонстрира минимум дипломатска култура и да одговори барем со куртоазно повратно писмо“.

Наместо тоа, портпаролот на грчкото МНР, Јоргос Кумуцакос, завчера ги информирал грчките новинари за писмото и, притоа, индиректно го обвини Скопје дека „се обидува да го дефокусира вниманието од главниот проблем“. Јоргос Кумуцакос на брифинг со грчките новинари рече дека Атина целосно верувала дека напорите на двете земји мора да се фокусираат на прашањето за името, кое го карактеризирал како „критично“, како и врз преговорите под посредство на ОН.

Како што јави грчката новинска агенција АНА, Кумуцакос уште додал дека „решението за овој проблем (прашањето за името) ќе биде катализатор (за подобри односи)... какво било друго однесување би било само тактика за одолжување во обид да се изместат приоритетите, како и обид за одвратување на преговорите“.

Ваквото „толкување“ и отворените обвинувања од Кумуцакос, велат во македонското МНР, но и прашањата од некои медиуми за маркетиншка поврзаност на писмото на Милошоски со неделните избори, биле причината што Министерството завчера го објави писмото во јавноста. Милошоски и' предлага на Бакојани потпишување македонско-грчка декларација за пријателство, добрососедство и соработка, натаму, основање заеднички комитет за образование и историја, како и рамковен предлог за унапредување на на билатералните односи.

Вакви предлози во слична или поинаква форма македонската страна предлага неколку пати последниве години, но од грчка страна едноставно не покажуваат заинтересираност.

Иницијативи прв пат биле предложени на средбата Нимиц-Димитров-Василакис, која се одржа минатиот јануари во Охрид. Предлогот за основање заеднички комитет за образование и историја Милошоски го спомена и на прес-конференција во Скопје кон крајот на февруари, одговарајќи на нападите на Бакојани дека Македонија „го избрала патот на национализмот, будејќи ги балканските сеништа од историјата“. Во таа смисла, Милошоски во писмото посебно ја истакнува потребата од формирање комитет за образование и историја: „Земајќи ја предвид искажаната чувствителност на Грција за историските прашања, верувам дека еден од можните чекори за градење доверба меѓу двете држави и народи е заедничко разгледување на историските настани“, се вели во писмото.

Во МНР вчера беа благо разочарани дека конкретните предлози Бакојани оставила да ги „коментира“ портпаролот Кумуцакос. Поентата, велат во МНР, била да се сублимираат предлозите кој македонската страна неколку пати и' ги предлагаше на Атина со намера да се зголеми довербата меѓу двете држави и да започнат нормални контакти помеѓу двете влади на различни нивоа, кои би ја олесниле комуникацијата. Во Министерството за надворешни работи, сепак, не ја исклучуваат можноста шефицата на грчката дипломатија да одговори, а писмото-одговор да стигне пред нејзината посета на Македонија најавена за по претседателските и локалните избори.

Кумуцакос завчера во Атина најави дека Бакојани ќе го посети Скопје во својство на претседавач на ОБСЕ, потенцирајќи притоа дека посетата нема никаква врска со билатералните односи или со спорот за името.

„Елефтерос типос“ вчера пренесе дека Бакојани сепак планирала да одговори на писмото на Милошоски. Весникот потсетува дека Караманлис претходно бил „опсипан од писма“ од својот колега Груевски, а писмото на македонскиот министер го оценува како „враќање назад кон епистоларната политика“.


Статијата е прочитана 980 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 20.03.2009 00:09:21
Napred ovci, so glavata vo zid, vo novi pobedi :))))
Од: mitko ne e za sorabotka
Датум: 20.03.2009 01:55:50
Lugeto ne pijat nafta. Nema zosto voopsto da diskutiraat za vmro-ovskata lazna anticka istorija. Tie dobro znaat zosto ne mrazat - zatoa sto sme Slavjani i zatoa sto ako ednas ni dojde "iz dupeta u glavu" zaedno so nasite sobraka lesno ke gi pregazime. Samo na VMRO ova ne mu e jasno! Sto mislite deka nekoj kako Topolanek misli za nas? Ne sme mu jasni? Pa toj zboruva so jazik koj barem 60% e ist so nasiot. Misli deka ne sme Slavjani? Milosovski neka si odi vo Germanija kaj zena mu i deteto so germansko drzavjanstvo i pri toa pod miska neka gi zeme site falsifikati so sebe (knigi, skulpturi i sl) so koi se dakazuva deka poteknuvame od Aleksandar.
Од: jovica
Датум: 20.03.2009 09:15:25
Milososki da ne zastanuva, na "damata" ima koj da i pisuva. Iako Grcite se pravat gluvi i slepi, neka ima traga deka sme se obiduvale da razgovarame. Kako mozei poinaku da ja dokazes voljata za vzaemno razbiranje. Vo megjunarodnite odnosi principot na reciprocitet vazi nezavisno od goleminata i ekonomskata moc na drzavata. Ako se prekrsuva, togas posilniot i pogolemiot nastapuva od pozicija na sila. Toa porano se vikase imperijalizam, pa hegemonija, pa ... sega: izmislen uslov za priem vo NATO i EU.
Од: Toni
Датум: 20.03.2009 09:46:08
Samo manevar pred izbori. A posle koa ke treba da se zbori so nekoj biten od EU ili USA, ke go zaboli zab, temperatura ke kaci, losho ke mu stane i sl. Toni mislev deka e dabar, i deka se smenil posle "protestite na jajceto vo Makedonija", koga Strajkuvaa protiv SE ONA STO DENESKA GO PRAVAT. Ne go opravsuvam, ama ke kazam deka mislsi podobro so svojava glava. Steta shto nemashe sansa da go pokaze svojot potencijal. A inaku da sakaat tolku da razgovaraat so Bakojani ke zborea, nemashe da si igrat "drz ne daj". Ciaos
Од: Clen na diplomatskiot sovet na RM
Датум: 20.03.2009 10:05:49
Bi bilo dobro da se smeni ministerot za nadvoresni Milososki i na negovoto mesto da se postavi Prof. dr. Igor Janev. Ministerot za nadvoresni A. Milososki e ocigledno nedovolno osposoben za vodenje nadvoresna politika i resavanje problemot so imeto.
Од: Epistoli
Датум: 20.03.2009 10:22:02
Ova pismo e uste edne obid za preziborno manipuliranje na javnosta , kobajagi nesto se raboti okolu sporot so Grcija, a vsusnost rabotata e "status guo" i ne se pomrdnuva od mesto, sto e za zal na nasa steta a ne na steta na Grcija. Na Grcija voopsto ne i se brza.Taa e clenka na NATO i clenka na EU , a nie se povece se dvizime kon " afrikanizacija" i se naogajame zatvoreni i blokirani ..Bakojani verojatno ne go ni procitala spomenatoto pismo.
Од: zap ev
Датум: 20.03.2009 10:58:58
bravo vmro pocnavte da se budite od zimskiot soni zanos po tudjp anticko ajde napred nova ili severna nisto ne menuva.
Од: Европска Македонија
Датум: 20.03.2009 12:36:31
Милошоски прво нека му прати писмо на својот шеф Груевски за повлекување на контрапродуктивните имиња “Филип втори“ за градскиот стадион и “Александар Македонски“ за автопатот од коридирот 10. Тоа можат да го направат тактички со порака до Грција дека еве нешто направивме за затоплување на односите и сето ова ќе ни донесе нови симпатии кај меѓународниот авторитет. Откако ќе го направат тоа,може да и пратат писмо на Бакојани со пунуди за македонско-грчка декларација за пријателство, добрососедство и соработка и др.
Од: fani
Датум: 20.03.2009 13:54:48
do mitko nisto ne se menuva i co neznam zosto frlate kamenja po ministerot?!na vas nikogas ne vi se ugoduva.pa dobro vie sto se javuvate znaete li kakov narod se grcite,znaete li so kakva omraza gledaat na nas.jas licno mislam deka po nekulturi,neobrazovani ,luge koi ne trpaat drug narod se grcite.niz vekovite bile nasi neprijateli i ke ostanaat.denesnoto vreme i zbidnuvanjata na balkanot,za zal,nisto ne gi naucija.a sega za toa sto velite deka se sluzime so lazna istorija:germanskiot renomiran novinar,doktor na nauki Karl Gustav Strem,pred godini vo fankfurter allgemeine zeitung napisa:zosto grcite tolku se protivaat na makedoncite,zosto mislaat deka samo tie go imaat pravoto na Aleksandar i koj moze denes da dokaze deka ovie makedonci,koi za niv se sloveni,ne se izmesani so potomcite na Aleksandar Makedonskiza ovie i drugi komentari,pisuvav vo nova makedonija,kako dopisnik od germanija.
Од: Vlado Damjanovski
Датум: 20.03.2009 14:44:02
Shto vi e bre lugje, shto sakate ne mi e jasno. Site komenrari pred mojov, osven onoj na Jovica, se mizerni, neinteligentni, partiski i nepatriotski. Pa shto imashe losho vo pismoto na Miloshoski ajde ve molam? Pa koga ke gi otfrlite partiskite omrazi i maloumnosti? Vie ste vo sostojba da kritikuvate se shto postoi i postoelo. Da e chovek Nobelovec ili Ajnshtajn vie ke najdete shto mu fali. Pa od vakvi kako vas na Makedonija ne mozhe da i trgne na poarno. Ne i fali nishto na Grcija, i vo lazhenjeto i mizerijata imaat edno mislenje. Vi fali vam shto se kriete zad psevdonimi i solite pamet a nemate nitu 3 grama mozok.

Најди! во Утрински
Насловна
Јозеф Фрицл осуден на доживотен затвор
В недела нови избори, ланските инциденти во судски лавиринти
Уставна рампа за лоши проекти
Зденко
Џиновски паноа
Дали Иванов самиот се стави под мраз за ТВ-дебати
Граѓаните се изнаслушаа фрази и гафови
Пролетта доаѓа со снег и мраз
Делчев и Станишев
Стечајот ќе ги банкротира млекарите
И жабата сакала да ја потковаат
Породилниот надомест за невработените мајки под прашалник