Број 2941  петок, 20 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

В недела нови избори, ланските инциденти во судски лавиринти


Вулнет Амети: ДПА ми мести политички процес

И обвинетите и сведоците ги користат сите правни средства за одложување на процесите

Гојко Ефтоски
Киро Кипроски


ТЕТОВО, ГОСТИВАР – Претседателските и локалните избори се на прагот, а голем дел од ланските инциденти на парламентарното соочување, за кои се водат постапки, заглавија во судските лавиринти. И обвинетите и сведоците ги користат сите правни средства за одложување на процесите. Во таа тактичка игра на отсуства, недоставени покани и други објаснувања, судиите, „поради немање услови за судење“, се принудени да ги одложуваат главните претреси.

Во Основниот суд во Тетово се води судска постапка за 20 предмети за изборни нерегуларности во кои фигурираат имиња дури на 83 лица. Се очекува во наредниве денови да почнат судски процеси за повеќе предмети, а некои и да бидат окончани. Сепак, повеќе се верува дека овој дел од судската постапка ќе се води во интервалот меѓу двата изборни круга, но сигурно нема бргу да финишира. Особено поради фактот што два предмета со 15 осомничени се' уште се во истражна постапка.

Според последните информации од Тетовскиот суд, затворски казни се изречени само за пет извршители. Највисока затворска казна од четири години и 10 месеци доби Вулнет Џелили за инцидентот во Раковец. Таму беше нападнат конвојот на ДУИ во моментот кога влегувал во селото на предизборен митинг. Притоа, било пукано и во возилото на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. За истиот инцидент две години затвор доби и Фарук Илјази.



Селам Терзија од Тетово е осуден на четири години затвор поради насилство врз членови на избирачки одбор. Терзија, заедно со уште неколкумина, со примена на закана, обезбедил гласачки ливчиња и потоа полнеле гласачки кутии. По завршување на гласањето, наместо избирачкиот одбор, оваа група го однела гласачкиот материјал во Општинската изборна комисија.

Поради кривично дело спречување избори и гласање, Шефкет Салиу од Камењане е осуден на една година затвор, додека Фадил Арслани од Жеровјане доби шест месеци затвор, бидејќи кај него било пронајдено оружје, пиштол, во близина на избирачко место.

В.д. претседателот на Основниот суд во Тетово, Томислав Бошковски, вели дека за два предмета се' уште не се завршени истражните дејства, а за сите други во тек е судска постапка.

Во тетовскиот Основен суд се води судска постапка и за двајца пратеници од редовите на ДУИ, Талат Џафери и Вулнет Амети. За Џафери судската постапка е во завршна фаза, а за Амети треба да почне. Талат Џафери одговара за кривично дело учество во толпа што спречува службено лице во вршење службени дејства. Тој е обвинет за инцидентите кај тетовскиот монопол по митингот на ДУИ на 29 мај 2008 година, кога ги попречил полицајците да ја извршат службената обврска. Настанот заврши со напад на полицајци, при што еден беше потешко повреден, а неколкумина поминаа со полесни повреди.

Бошковски е убеден дека судската постапка во повеќе случаи досега би биле окончана. Но, нагласува дека случаите се одолжуваат поради изнаоѓање различни причини на обвинетите или на нивните адвокати за одложување на судските процеси. Во неколку предмети има повеќемина обвинети, па дури и 10, како и случаи со многу сведоци.

Во Тетовскиот суд велат дека многу често судиите ги одложуваат главните претреси „поради немање услови за судење“, отсуства, недоставени покани. И обвинетите и сведоците калкулираат, користејќи секакви правни средства за одложување. Судиите, пак, се судруваат и со други проблеми што го отежнуваат процесот.

В.д. претседателот на Основниот суд во Тетово нагласува дека има случаи на извитоперени или изменети искази. На пример, во текот на постапката сведоци имале различни искази пред полицијата и кај истражниот судија, а на главен претрес „не го препознаваат сторителот“.



За инцидентите што се случија на избирачките места на 1 јуни минатата година во поширокиот Гостиварски регион беа поднесени десет кривични пријави против поголем број учесници. Основниот суд во Гостивар донесе ослободителна пресуда по еден предмет. Меѓутоа, Основното јавно обвинителство ја обжали пресудата во Апелациониот суд во Гостивар и се очекува одлуката на второстепениот суд.

Вчера требаше да продолжи судењето против Села Кастриот, Вулнет Торте, Бардул Трепча, Илјаз Алберт и против Илир Османи, кој е во бегство и ќе му се суди во отсуство. Сите се од Дебар, а се обвинети за спречување на избори и гласање.

Пред десетина дена судот со по три години затвор ги осуди Авни Фидани, Садри Ќерими, Гзим Ајрули, Хамид Ајрулаи, Нусрет Адеми и Мирсат Велиу, сите шестмина од гостиварското село Неготино. Во текот на судењето со релевантни докази на сведоци, видеоснимка со мобилен телефон, беше потврдено обвинението со кое беа товарени сите шестмина дека учествувале во нерегуларностите на изборите. Тие полнеле гласачка кутија на избирачкото место 0441, што се наоѓа во училница на ЦОУ „Наим Фрашери“ во с. Неготино.

Според пресудата, шестемина осудени влегле во училницата каде што се наоѓало избирачкото место и ја затвориле вратата. Гзим Ајрули ја држел вратата, а Нусрет Адеми и Мирсад Велиу со пиштоли в раце и со закани зеле избирачки ливчиња, ги пополнувале и ги ставале во гласачката кутија. Претседателот на избирачкиот одбор ги предупредил да не го прават тоа. Веднаш му се спротивставил Мирсад Велиу и на официјалните лица на одборот им се заканил „да бидат мирни и да останат настрана“. Потоа Нусрет Адеми му ја свиткал раката на претседателот на избирачкиот одбор и му го одзел печатот.

Се очекува во наредниве денови да почне судскиот процес и за два предмети за изборни насилства. За три кривични предмети е завршена истражната постапка. Се очекува изјаснувањето на Основното јавно обвинителство во Гостивар дали ќе се поведе обвинителен предмет или истрагата ќе треба да се надополни. Во текот на истрагата, поради немање докази, две кривични пријави беа отфрлени како неосновани.

Вулнет Амети: ДПА ми мести политички процес

ТЕТОВО - Во Основниот суд во Тетово вчера почна судењето на групата осуммина обвинети за изборни инциденти. Првообвинетиот Вулнет Амети (43), актуелен пратеник на ДУИ, одговара за кривично дело недозволено поседување оружје и муниција. Во обвинителниот акт стои дека во неговиот автомобил на 1 јуни 2008 година кај ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово било пронајдено автоматско оружје. За ова кривично дело е предвидена затворска казна од најмалку пет години.

На првата покана на судот, Амети вчера уредно се јави и вети дека редовно ќе доаѓа на судењата. Тој не рече дека ќе се повика на пратенички имунитет. По завршувањето на вчерашниот претрес, Амети изјави дека „ова е монтиран политички процес од ДПА, партијата што беше на власт за време на минатогодишните избори.

„Чист сум како солза и тоа ќе се докаже за време на судењето“, изјави Амети. Неговата бранителка Дивна Павловска, адвокатка од Тетово, дополни дека кај нејзиниот клиент не било пронајдено оружје и дека не е виновен.

На вчерашното рочиште се појавија уште двајца обвинети Кемал Ќамили (48) и Рафедин Ислами (46). Одговараа за кривично дело спречување службени лица во вршење службена должност. За истото дело се обвинети и Зеќир Хасани (62), Илјаз Мустафи (35), Бујар Дурмиши (34), Љуан Амети (45), инаку брат на првообвинетиот, и Дијамин Мемети (34). Тие вчера не се појавија на судењето.

Претседателката на петчлениот Кривичен совет, судијката Лидија Илиевска, рече дека двајца одбиле да ги примат поканите, а за тројца немало потврда дека се уредно поканети. Меѓутоа, бранителите на осумтемина обвинети ветија дека за наредното судење, што е закажано за 8 април, ќе го обезбедат присуството на целата група. Судскиот совет заклучи да побара од СВР-Тетово оперативна проверка за нивниот престој во земјата. Имено, за Љуан Амети во семејството рекле дека е во странство.

Според обвинението, оваа група одговара затоа што во нивните возила на 1 јуни лани биле пронајдени оружје и муниција во близина на ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово. До училиштето има неколку избирачки места. За потврда на ова, како сведоци во судот се повикани и петмина полицајци кои и вчера се јавија на закажаното судење. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 309 пати.

Испрати коментар

Од: slartibartfast
Датум: 20.03.2009 09:57:12
V nedela novi izbori i novi incidenti. VMROvcite ke ubivaat ako treba samo Gole (nedonoseniot) da bide pretsedatel na drzavava. Izolacijata se poveke se zabelezuva, a bugarstinata e se posilna. Toa e zelbata na Grujo i Miloseski. Povelete glasajte.
Од: Verag
Датум: 20.03.2009 13:24:38
За ланските нерегуларности нема сеуште (дали и ќе има) судска разрешница,а за овиеГруевски се заканува од Брисел. и за добри намери и дејства овие вмро-ОВЦИ не знаат да изберат адекватни зборови па така вели дека ќе им го загорчиме животот.
Од: Petre
Датум: 20.03.2009 15:24:38
ako zboruvame za sudski lavirinti, se znae koj gi kontrolira sudovite, Reketarite na sdsm od izbornoto Pukanje 2004 vo Ohrid SE uste se vo sudski lavirinti

Најди! во Утрински
Насловна
Јозеф Фрицл осуден на доживотен затвор
Уставна рампа за лоши проекти
Зденко
Џиновски паноа
Дали Иванов самиот се стави под мраз за ТВ-дебати
Граѓаните се изнаслушаа фрази и гафови
Пролетта доаѓа со снег и мраз
Делчев и Станишев
Стечајот ќе ги банкротира млекарите
Милошоски очекува одговор од Бакојани
И жабата сакала да ја потковаат
Породилниот надомест за невработените мајки под прашалник