Број 2941  петок, 20 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Дали Иванов самиот се стави под мраз за ТВ-дебати

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ не се појави и на дебатата на Алсат М

Билјана Јовановска

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ неделава не се појави во две дебатни емисии на националните телевизии Телма и Алсат М, а завчера поради негативниот одговор од неговиот Изборен штаб, во МТВ беше откажано снимањето на уште едно такво соочување на седумте претенденти на врвната функција во државата. Дали фаворитот на власта самиот се става, условно речено, под мраз или е тоа одлука на партијата која го кандидира вчера не успеавме да дознаеме, зашто Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ остана глув на нашите повици.

Ваквиот несекојдневен однос на некој кој допрва треба да ги освојува симпатиите кај граѓаните за едни е крајно неразбирлив, додека други го толкуваат тоа како најобичен страв од директните соочувања со оние кои мислат поинаку и „можат да го извадат од контрола“.

Сашо Ордановски, директор на телевизијата Алсат М, непојавувањето на Ѓорге Иванов во дебатните емисии го коментира како катастрофална одлука за демократијата во Македонија, како страв од натамошен пад на рејтингот и како голема стратегиска грешка на ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот кандидат. „Дебатата на нашата телевизија ја следеле околу 240.000 гледачи од кои над 110.000 биле Македонци и припадници на други етнички групи, што

говори дека со отсуството господинот Иванов не ги навреди само Албанците, туку голем дел од вкупното гласачко тело во Македонија“, вели Ордановски. Потсетува дека „во политиката непринципиелното играње со телевизиите, на крајот, секогаш завршува со пораз за оние кои мислат дека на таков начин можат да ја манипулираат јавноста“. Директорот на Алсат М смета дека „Иванов пропуштил голема шанса да ги објасни своите ставови пред голем дел од гледачите и да докаже дека неговите демократски заложби навистина се демократски во практика“.

Комуникологот Климе Бабунски не сака да навлегува во евентуалните приватни причини за ваквиот однос на Иванов, ама за него не постои јавно оправдување. „Кога некој сака да биде јавна личност, сета логика на појавувањата во дебатни емисии и на митинзи во јавноста, воопшто, е да докаже дека може да ја носи одговорноста што ја има претседателската функција. Сега јавноста е скратена за правото да ги оценува кандидатите, а со тоа да ги вреднува и да им верува или не“. За експертот за комуникации „евентуалната теза дека е доволна подршката на најбројната партија е самоубиствена, дотолку повеќе што, условно кажано, станува збор за независен кандидат кој претендира на функција за која својот кредибилитет нема да го црпи од партиски книшки, туку од довербата на јавноста. Бабунски е уверен дека „покрај сите досега манифестирани равенки со многу непознати, јавноста во Македонија е доволно зрела правилно да го оцени појавувањето и непојавувањето на кандидатите“.

Коментар на прашањето зошто во дебатите отсуствува Иванов, побаравме и од неговиот главен конкурент - Љубомир Фрчкоски, кој ни изјави: „Кандидатот е избран така да претставува празно место. Тоа го кажав на мојот прв прес и ме критикуваа дека сум бил преостар, но се покажа како суперточно. Неговиот премиер сака да биде како во секое село и провинција - батко Ѓорѓија - односно, да биде и претседател и премиер и министер и градоначалник. И во таа смисла, така е дизајниран целиот проект. Тој треба да биде претседателски кандидат, восочна фигура од музејот на ВМРО-ДПМНЕ и да не се појавува никаде“. Фрчкоски смета дека на Иванов „му забраниле да зборува, бидејќи им прави инциденти, им го урива рејтингот и најрадо би го замрзнале и би го одмрзнале на 23 март да му соопштат дека изгубил на изборите. Каде што ќе зине, ем нас не' срами ем нив, а граѓаните успеаја да го видат тоа“. Идејата на Изборниот штаб на опозицискиот претседателски кандидат е „таквиот концепт да биде поразен, а не само да не биде виден, бидејќи е срам за Македонија и зборува за уставен пуч во кој местејќи вакви луѓе на значајни функции, премиерот добива овластувања какви што нема со Уставот“.

Последните информации од телевизијата А1 говорат дека Ѓорге Иванов, сепак, нема да го пропушти последното соочување со своите противкандидати. Главниот уредник Младен Чадиковски, кој ќе биде и водител на емисијата која се најавува со логото „Време е за одлука“, вели дека од штабот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера потврдиле дека нивниот кандидат „сигурно доаѓа во вечерашната дебата“, која треба да се емитува во 21 часот.


#
Статијата е прочитана 4089 пати.

Испрати коментар

Од: Vlado
Датум: 20.03.2009 00:28:55
Lele Gjorge da ne sum ti u kozha ti kje se potish a milioni kje se smeat ama sea toa tie Aj neka e so pomin(shto ti trebashe ovaa glupost.......)
Од: Играорец
Датум: 20.03.2009 00:35:26
Сакам само да ги прашам Гоце и Коле: Зарем не ја знаевте, онаа старана, дека во сексот и политиката, се е дозволено? Кога веќе ги туркате гаќите, нема повеќе кревање! Нема сега одебам! Кога си се фатил за орото играјго! Нема страв ми е, овај игра побрзо од мене! Јас малку ќе забушавам! Нема овде тоа! Или играј како што треба, или повлечисе! Не ги заебавај многуте што играат по тебе!
Од: an od ulikoten
Датум: 20.03.2009 00:41:31
Gujo ne go pusta.
Од: aaaaa
Датум: 20.03.2009 00:51:53
da deka e od vlasta zatoa..a da bese frckovski??
Од: Gostivar
Датум: 20.03.2009 01:07:56
Branko pred 5 godini velese vaka " TREBA DA ZNAES, TREBA DA MOZES" taka da i nasiot Gjole ne znae zatoa ne moze da izleze na TV Debati, kaj ke odi koga tamu e "hirurgot Frcko " koja go operira kako saka >>>>........Pobeda za najdobriot samo ne za Gjole
Од: [email protected]
Датум: 20.03.2009 01:09:56
samo ordanovski e relevanten vo ovaa drzava za se posebno za na pagjanje na vmro i branjene pro grcki stavovi ps kade se tvoite ceneti analizi za osloboduvanjeto na sdsm lopovite od b.cccc izvini so go spomnav
Од: MKD
Датум: 20.03.2009 02:43:50
Ovie debati se pretvoraat vo scena na omalovazuvanje,navredi i degradiranje na g-dinot Ivanov.Pri toa zalno e sto ulogata na glavniot lesinar Frckovski, poleka ja prifatija i Ljube i Ruzin.Ne gledam potreba od poveke debati bidejki politickite stavovi na kandidatite ni se poznati (kampanjata trae veke dva meseca,imase veke nekolku debati na koi i Ivanov se pojavi),a i imam cuvstvo deka istite se organiziraat za da mu se dade sansa na Frcko kako na ocajnik sto e mozno poveke da go ispluka g.Ivanov so krajno ulicarskiot,neakademski,nekulturen i neseriozen recnik,a so toa i da mu go urne rejtingot.Pri toa prosto e neverojatno kako nemu,na SDSM,Ordanovski i slicnite,ne im e jasno deka postignuvaat sprotiven efekt kaj glasacite,kako sto i pokazuvaat rezultatite od najnovite anketi.No sekoj so svojot um.Kako velat kumanovcani:da mu kupam kapa mozam,ama pamet ne.Ili pak tie i ne znaat da bidat poinakvi.Zatoa mnozinstvoto gragani go opravduvat ponatamosnoto neucestvo na Ivanov od ovie "debati
Од: Red Rose: Tragite na Jeti Makedonski
Датум: 20.03.2009 03:03:46
Kako shto fenomenot na Jeti se deshifrirashe spored negovite tragi i ja razjasnuvashe dilemata dali postoi ili ne,taka i nashiot zamrznat Jeti Makedonski go otkrivaat samo ako e pokraj negoviot shef.Toj vsushnost ima i najgolema uloga za negovoto zamrznuvanje,otkako vide so kogo si ima rabota i deka mozhe da im ja rasipe idilichnata slika za chistata belina,koja mu ja odredija za negov imidz.Ama veshtachki sozdadeniot imidz e ist kako Sneshko bel na proletnoto sonce.Normalno e deka se stopi i ischezna i belinata i chistinata,a ostanaa samo tragite od silnite "mudrosti" i biseri na nivniot "eden za site".Nema potreba od dopolnitelen napor za otkrivanje na negovoto posledno prestojuvalishte.I taka kje bide samo mitovska figura za potrebite na Pastir the Great.
Од: naumce srbinoski
Датум: 20.03.2009 03:08:21
Toa kolku e slab kandidat i vosocna figura na bokserot, ke se vidi vo negoviot predsedatelski mandat, nazalost petgodisen.
Од: jimmy1
Датум: 20.03.2009 04:47:20
Pa kako da se pojavi koga nema nikakva ideja za podobra idnina na drzavata, koj znae uste kakva li glupost ne ke tresnese. Vo pravo e Frcko sto veli deka ovcarot saka da bide premier, predsedatel i minister. Duri togas namesto Makedonija ne ne napravi da bideme vtoro Zimbabve, ako veke ne sme.
Од: glupendra
Датум: 20.03.2009 05:53:57
Pa ste zgresile so povikot za pretsedatelski kandidat. Iako Ivanov e "kandidat" ste trebale da go povikate Premierot bidejki toj bez nego ne odi nitu smee da odi nekade. Ne znam sto ocekuvate od nego. Toj sto imase kaza se. Ako ima demokratski izbiraci nikogas ne smee da dobie nitu glas, no bidejki kaj nas ne glasaat izbiracite tuku navivacite ocekuvam Premierot da dobie uste edna funkcija so sto Crvenkovski posilno, poargumentirano, pozestoko i od poviskoko ke go turne so predvremeni izbori.
Од: tome sad
Датум: 20.03.2009 06:23:10
Bes pravo go napagate gospodinot IVANOV,nemoze koga saka nekoj i togas da go povika.Neznam zasto go prasuvate prevarantot FRCKO zasto ne dosol Ivanov,zarem toj mu e posrednik,ili znaete deka ke zboruva kako i sekogas najloso.Samo FRCKO sam neka se pogledne vo ogledalo pa da zboruva za drugi.A IVANOV bese na NASA TV i koj go gledal videl za kakov covek se raboti.
Од: Vlado
Датум: 20.03.2009 06:35:40
Hahahahaha...Bravo za Frckoski odlicna procenka i izjava.
Од: Petre
Датум: 20.03.2009 06:58:36
Pa koj najde da komentira, znaeme kako i zasto Frckovski stana kandidat na sdsm, imase vo Ednooki; kolku sto gresi Ivanov sto ne se pojavuva na razni emisii, uste poveke gresi so svoite arogantni izjavi Frckovski koj ja navlekuva Omrazata na graganite; a mozebi mu e toa cel, da im ja tera vodata na vodenicata na Imer i Nano ..
Од: Petre
Датум: 20.03.2009 07:38:50
DAJ BOZE DA DOJDE. Da go vidat kakva zelena livada e i onie sto se najblisku do Grujo. Pa i on samiot, ama toj vece videl , zatoa ne go pustaat na soocuvawa!!!! E j--- -- , izgleda trojanskiot konj e vnatre vo dpmne, dokazanite bivsi sdsm-ovci mu go namestija na grujce master of disaster!!
Од: zabegan.
Датум: 20.03.2009 08:30:13
Многу на ИВАНОВ и ВМРО им е гајле за народот тие сакат да добиат само Апсолутна влас а народот кој го шишат.НАРОДЕ на тебе е да си одлучеш Што ке си здробеш тоа ќе си сркаш мисли на време.
Од: b
Датум: 20.03.2009 09:01:45
Сиромав тој. А излезе, а нешто тресна, чим му немаат однапред напичано. Кај може да се појави, на останатите не им е ни до колена по својата интелегенција. Ова е кандидат за Р.Р. Перуника, Ирина, Љубчо од Битола и слични на нив. Македонија заслужува многу, многу повеќе!
Од: boki
Датум: 20.03.2009 09:13:39
Ivanov e Zenaaaaaaaaaaaaaa Sooci se so kritika ti odgovori na nea kako maz iden pretcedatelu Navistina zalno sto ke imame vakov covek za sef na drzavata
Од: Prilepcanec
Датум: 20.03.2009 09:16:49
Ako navistina go biva,neka izleze KUKAVICATA da dokaze deka e taka.Toj e samo shahovska figura!
Од: Mene
Датум: 20.03.2009 09:18:26
Секој човек кој има и малку здрав ум нема да прифати да излезе на дебата со кандидат кој има уличарски речник, еден кој се занесува дека е бога пратен да ја спасува Македонија и трет кој од петни жили се труди да ги достигне првите двајца.
Од: sasho negotino
Датум: 20.03.2009 09:23:48
pa kolku znaese covekot tolku kaza. za poveke i ne znae i nema sto da se pojavuva veke.ednostavno gorgeto e premnogu slab da ni bide nekoj i nesto vo nasata drzava. neka si bide predsedatel na institutot na dpmne "pavel satev" toa najdobro go znae gorgeto.,negotino za frcko
Од: Драги
Датум: 20.03.2009 09:39:13
Бегајќи и криејќи се од ТВ дебати, Иванов го омаловажува народот во Македонија. Не сака да не удостои со прилика да видиме што мисли, како мисли и што ставови има. А можеби и самиот тој не си верува себе си !!!! Мизерија.
Од: slartibartfast
Датум: 20.03.2009 09:48:37
Se poveke sum ubeden deka VMROvcive ovoj pat ke napravat najgolemi izborni neregularnosti za da bide izbran fikusot Gole. Ke ima nasilstvo kako nikogas do sega. Grujo toa go posakuva zosto toa nosi izolacija na zemjata vo koja toj mirno so prisilba ke si vladee. P.S. Kaj se sega R.R., Irina Kavadarci, Makedon i kompanija?
Од: Biseri
Датум: 20.03.2009 10:07:06
Se cudam na oni podrzuvaci na Ivanov ,koi ja opravduvaat negovata apstiencija od debati. Pa koga eden cove prifatil kandiatura za takva visoka funkcija, redno e da gi prifati i site pravila na igra, medju koi se i debatite i direktnite soocuvanja so svoite protivnici, pri koi se izlozuvaat svoite programi stavovi i mislenja, na osnova koi elektoratot gradi svojaslika za sekoj kandidat. Pricinata sto Ivanov gi izbegnuva debatite e negovoto intelektualno siromastvo koi odi do granicite na prostotilak,nemanje nikakov dar za verbalno izrazuvanje,nemanje harizma, tresenjeto na" zeleni" koi ja zasmejuvaat javnosta i na toj nacin istiot se "ofira "kolku e tanok vo mnogu oblasti. Jas se cudam na VMRO od kade samo go iskopaa i go dovedoa vo ovaa cirkusijada od izbori. Zarem ne mozea da najdat po asolen kandidat?Sega koga Grujo vide so kakvo drvo si ima rabota , go "zamrznado 22.03, i mu zabrani ucestvo na debati za da ne se bruka pred narodot.
Од: Kire
Датум: 20.03.2009 10:11:59
Se mislam deka vo posleden moment Ivanov ke digne temperatura ili nesto slicno i nema da dojde. Ne e on tolku los kolku sto DPMNE ja utna cela kampanja...Probaa od Ivanov da napravat nesto sto ne e...Da go ostavea vo kampanjite da bide toa sto si e, sigurno ke bese podobar. Imam vpecatok deka go zbunija covekot. Namesto da se smee go teraat da se mrsti, namesto smireno i poleka da govori go teraa da vika i da mafta so rakata, a na nego sirot toa ne mu odi. Vo sekoj slucaj ne treba da bide predsedatel zatoa sto ke bide marioneta, a na Makedonija vo momentov ne i odgovara politikata na Grujo. Toa e toa, a ne deka Ivanov e glup. (go pravat glup).
Од: mene
Датум: 20.03.2009 10:45:13
Ivanov Bil na NASA TV, leleeeeeeeeeeee, bravo za nego!!! Garant bil kaj onoj sto jade burek, 3 dena mu spremale prasanja na "burekdjijata" sto smee da gi postavi, a na Ivanov kako da odgovori na istite, posto ne smee da kaze nesto sto prmierot ne mu rekol deka smee.... se sto kaza do sea na svoja raka, bese gaf na godinata! :))) Ama toa e, kakov naod, takov pretsedatel, za zal!
Од: Трпе
Датум: 20.03.2009 10:54:10
Лелеее,шт�� интелектуалец е овој кандидатот Ѓоле.Чоекот се плаши од ТВ дебати (нема да може да ги чита подготвените реферати од детското опкружување).А како ке ја претставува државата во странство и пред странски дипломати тоа е друга работа.Чоекот ке си молчи и сите ке го сметат за паметен.
Од: btw
Датум: 20.03.2009 11:02:01
Господа, Иванов ја дистрибуираше својата програма до сите оние што сакаа да ја видат или прочитаат. За своите ставови на секој митинг во секој град многу јасно кажуваше што мисли и како ќе постапува ако биде претседател Сега плачите и кукате што не играл п оваша режија. Ја гледав првата дебата и мислам дека праШањата не беа така наменети за да се види концептот на секој кандидат, туку да се оствари желбата на диригираното новинарство. А мислењето на Сашо Ордановски, белосветскиот НВО-вец и “експер” е ирелевантно. Граѓаните ја препознаа чесноста и искреноста на Иванов, и сите ваши манипулации се бесполезни. Тој е победникот
Од: no name
Датум: 20.03.2009 11:36:14
Do Dragi Za da se branat, treba da se ima sopstveni stavovi. A stav na poltron ne e nitu da se pokaze a uste pomalku da se brani. Zatoa neka si sedi covekot doma i neka ne se bruka po tv-dueli.
Од: Европска Македонија
Датум: 20.03.2009 11:43:24
Условно или безусловно кажано,погрешна е констатацијата на Бабунски дека Иванов е независен кандидат, позависен кандидат од Иванов нема. До ден денешен чекав Иванов барем малку да ја искритикува владата или барем еден убав збор да каже за опозицијата за да му верувам дека ќе не обединува ама од тоа ништо.Дефинитивно Иванов ќе биде само мост со кој премиерот ќе се стигне до претседателската фотеља.А дебати и дуели нема откако Груевски е лидер на ДПМНЕ,ги нема повеќе легендарните дуели Бранко-Љубчо. Иванов како послушник на својот ментор Груевски ги следи неговите чекори,со што се уназадува демократијата во РМ.А и како да го пратат на дебати кога на неговите бисери им нема крај, а скандалозната изјава за врбувањето на студенти да се потпишуваат за Ружин беше многу ниска и невкусна.
Од: suzana
Датум: 20.03.2009 12:18:02
me interesira ako gorge vaka bega od tv-debatite kako ke go resi imeto so grcija so beganje krienje
Од: dragan
Датум: 20.03.2009 12:45:57
Ivanov da dojde na debata vo A1 ne veruvam.Ako dojde barem ks se iznasmeeme na negovite misli i idei ako gi ima.Zemjo Indijo
Од: kristina
Датум: 20.03.2009 12:56:18
Ne odenjeto na debatni emisii na Ivanov ni stavi crna damka i kaj posmatracite. (Kritikata ja prenese Fuere) Ivanov, samo zijan od tebe!
Од: Verag
Датум: 20.03.2009 13:19:28
На тоа што го кажа Фрчковски не можам што да додадам или одземам.
Од: Човек кој сака ТВ дуел
Датум: 20.03.2009 13:24:39
Џоле доста се криеш излези бе да те видиме колку пари вредеш има ли нешто во тебе или гола вода си, во овие 15 дена од кампањата повеке личеш на циркузант отколку на претседателски кандидат како да гласам за тебе кога те гледам само на слика, а твојата слика ми дава впечатокл на збунет и несигурен човек,море во секој случај арно ти вели твојот пастир кој и тој како тебе бега на сите страни од ТВ дуели скриј се под кошулата така ти е најсигурно.
Од: ivica
Датум: 20.03.2009 13:33:19
pa dobro kakva sramota e ovoj kandidatot na VMRO pa nedozvolivo e vo edna demokratska kampanja da ne izlezes na soocuvanje zamislete Obama da ne izlesese na duel zato asto vodese vo rejtingot pred MCCAIN mislite deka sega ke bese pretsedatel?
Од: Ѓ. Филиповски
Датум: 20.03.2009 13:33:58
Една од фабричките инсталации на СДСМ, пошиува за нешто што не го разбира. 1. Ако е Иванов недоветен, синоним за ментално ретардиран, како величина и гение како Фрчко паѓа толку ниско да бара дуел со него, 2. Ако Иванов не е недоветен, тогаш како ќе оди на дуел со Фрчко, кој 5 пати дневно го кажува тоа, 3. ПРАШАЊЕ - Кој не сака дуел. П.С. Фрчко знае дека губи и 100 дуели не му помагаат, но мора да одработи за шефот и налогодавците.
Од: Ноно
Датум: 20.03.2009 13:46:07
Непојавувањето на дебати од страна на кандидатот на владеачката партија е СРАМ за кандидатот и потценување на граганите и него��ите опоненти. Ова е уназадување на демократијата и во демократскиот свет ова се толкува како СКАНДАЛ.MKD . и tome sad какво омаловажување кога има професионален концепт на ТВ куките, и за секој кандидат време за одговор и реплика .По демократски ,здравје.Како ке излезе Г-дин Иванив на дуел кога со пола од кандидатите се испокара, а се залага за обединување и дека е тој еден за сите. Најарно ке беше да се промовираше со слоганот ЕДЕН СО НИКОГО.
Од: Arian
Датум: 20.03.2009 14:06:30
Одлучиле на последната дебата да го “одврзаат“ затоа што е последна дебата, а утре е изборен молк, така да никој нема да може да коментира после дебатата и нема да има посериозно опаѓање од рејтингот на “голобрадите“. Моја предикција е дека во вториот круг продолжуваат Бошкоски и Фрчковски. а Иванов нема ни трет да биде туку третиот ќе биде “обама“. Така да мои почитувани сограѓани внимавајте на 22 и дозволете раката и срцето да гласа за вас и за Македонија.
Од: Perunika
Датум: 20.03.2009 14:40:57
Фрчко нема што да изгуби.За него веке е изгубено орото.Сака со себе да го повлече Иванов.Не му е дораснат.Време е за нова гарнитура политичари во Македонија по високи и светски стандарди кои ги наметна ВМРО ДПМНЕ.Позз до утрински
Од: pedagog
Датум: 20.03.2009 15:10:10
Kade se Buckovski,Sekerinska.Mitreva itn.da mu rakopleskaat na Frckovski?Ocigledno e neli?Sigurno dosta gi posramil sto ne sakaat da se vo negova blizina!Najverojatno i Gjorgji ima debela pricina!Bravo Gjorgj narodot razbra deka so sopstven trud i znaenje si postignal sto si postignal!
Од: Borce
Датум: 20.03.2009 16:27:49
Абе Џочето е „тапа џонсон„ појма нема, се срамат од него сите во ВМРО. Ќе видите каков дебакл ќе доживее, сите од ВМРО ќе гласат за Братот, бидејќи го сметаат за свој, а не овој падобранец или пиун на Грујо, ДОСТА е веќе од такви кретени-политичари. А Џочето не излегува на ТВ соочувања оти не знае да бекне, нема ни речник, ни стил, ни харизма, а најмалку аргументи зашто баш тој да е претседател. Од извори блиски на ДПМНЕ дознав дека не го пуштаат оти многу лесно губел нерви и контрола, па се плашат да не направи некоја тепачка во студиото. Сигурно му фали нешто на човекот. Јас сум ВМРО во крвта и затоа ке гласам за кандитат ВМРО-вец, а тоа е БРАТ ЉУБЕ, а не некој пиун како Иванов, што сигурно и не знае што е тоа ВМРО и кои се неговите основатели. Поздрав.
Од: jas
Датум: 20.03.2009 17:42:15
Bravo Frcko!! se e tocno od zbor do zbor!!!
Од: Alapachi
Датум: 20.03.2009 17:43:10
Presedatelot Gjorgji Ivanov e premnogu seriozen covek za da bide vo drustvo od tipot na Frckovski, gradsko mangupce, debarmaalska alapacha. Mislam deka ni Sekerinska ne mu e ravna u alapachenje i sprdanje. Za narodot koj e naviknat na mangupi i si gi bira takvite, Gjorgje Ivanov ke predizvika shok. Na narodot koj e naviknat na leb, igri, alapachenje i krv, Pretsedatelot Ivanov ke im ponudi rabota i trud. Vprocem ke vidime vecer vo 21 komnjari ve cekame.
Од: spire
Датум: 20.03.2009 17:57:08
перунико, само прочитај го она на Фрчко,... Ќе го замрзнат и ѓе го одмрзнат на 23.03.2009 за да му кажат дека ги изгубил изборите..... или му облекле на Ѓоле преголеми чизми... ХаХаХа, Ѓоле кој е изгубен сиротиот, кај го одбравте кај го запустивте, гревче, го зеде Грујо на душаааааа.....
Од: Petar
Датум: 20.03.2009 19:22:42
E ima edna pogovorka: dala babata 5 pari da vleze u oro,a dava 10 pari da izleze.Ama sega ne moze. E bre sto mu trebase da vleguva u vakva trka koga nema kapacitet.Stvarno neprijatno me iznenadi,zasto gledajki go porano nekako mi ostavase vpecatok na pameten momak.Ama ne bilo taka.Opticka varka.Ako vakov covek treba da ne pretstavuva togas ke ni treba golema sreka u idnina.A pa koga ke kazat deka bil dobar covek toa posebno mi e smesno.Dobar moze da bide so familija, so prijateli.Politikata bara drugi profili na ludje.I sto bi imala korist Makedonija od nego sto e dobar covek koga veze nema so takticnost i diplomatija.Se pali kako fosfor.Nego aj valjda nema da bide pretsedatel bas on.

Најди! во Утрински
Насловна
Џиновски паноа
Уставна рампа за лоши проекти
Зденко
Јозеф Фрицл осуден на доживотен затвор
В недела нови избори, ланските инциденти во судски лавиринти
Граѓаните се изнаслушаа фрази и гафови
Пролетта доаѓа со снег и мраз
Делчев и Станишев
Стечајот ќе ги банкротира млекарите
Милошоски очекува одговор од Бакојани
И жабата сакала да ја потковаат
Породилниот надомест за невработените мајки под прашалник