Претседателските и локалните избори станаа поважни oд кризата
Македонската пролет годинава ќе задоцни. А можеби нема ни да дојде. На 22 март, Денот на пролетта, ќе врне снег и ќе биде многу студено. И природата и Господ ни испраќаат предупредувачки сигнал. Граѓаните на минус степени првиот пролетен ден ќе бираат претседател на државата и локална власт. Велат, кога пролетта почнува без сонце, со темно небо, со снег и со мраз, се оди директно во жешко и драматично изгор лето. Не ќе е на арно. Македонија е уморна од постојани војни за власт. Прогнозата е лоша. Дај боже да не се оствари.
Владата од петни жили како никогаш досега е впрегната во битката за освојување на целата власт. Општ впечаток е дека премиерот и комплетниот владин тим не работат ништо друго освен што тераат предизборна кампања. Премиерот Никола Груевски и сите министри секој ден одат од град во град, од село во село, како митингувачки карван со поддршка за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, барајќи глас за победа на избори, како да се работи за парламентарни избори, а не за локални и претседателски. До парламентарните избори има уште цели три години. А, којзнае, можеби набргу пак ќе одиме на предвремени парламентарни избори. Кој каде, ние на избори.
Последиците од кризата од која се тресе целиот свет во Македонија стануваат небитни. На илјадници отпуштени луѓе од работа се сведува целата македонска превенција од кризата. За тоа Владата не покажува никаква вознемиреност. Најважно е да се освои власта и тоа комплетно од градоначалникот на најзафрлената општина, до претседателот на државата.
Засега само странските посматрачи потсетуваат дека изборите не се оценуваат само по денот на гласањето туку многу е значајно почитувањето на правилата за време на предизборната кампања. Суштинска е и регуларноста при пребројувањето на гласачките ливчиња, брзината на објавувањето на резултатите и постизборната мирна и политички културна разврска со честитки и насмевки, без жалби и драми. Владата со самото учество и начинот на кој ја води кампањата за локални и претседателски избори направи сериозен прекршок кој ќе има далекусежни негативни последици. Со ставањето на Владата на страната на политичките партии кои учествуваат во локалните и претседателските избори практично се дисквалификувани овие избори уште пред да се одржат. На митинзите премиерот и министрите даваат гаранции од името на централната власт дека ќе се реализираат ветувањата и проекциите на нивниот кандидат, што ја урива самата суштина на децентрализацијата и на локалната самоуправа. Кажано народски, тоа значи: ако гласате за нашиот кандидат, Владата ќе даде пари да се изгради водовод, пат, училишта... Ако не - нема пари. Класична злоупотреба на власта.
Невладините организации, освен „Македонско огледало“ на овој сериозен прекршок засега не реагираат. Молчи и Државната изборна комисија.Тоа само покажува колку во Македонија недостасува демократската традиција. Се' уште за ова е благ во опомените и меѓународниот фактор, што не значи дека фактурата за сериозниот прекршок нема да стигне. Но, сепак, од се' најстрашно е што последиците се најголеми кај граѓаните што Владата не функционира за тоа што е избрана и што и' се надлежности според Уставот и законите. Не функционира ни владината администрација, ниту локалната самоуправа. Сите сили се впрегнати во освојувањето на тоталната власт. Мошне индикативен е фактот зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку нервозна и уплашена, па жестоко ја бара целата власт, иако истражувањата на јавното мислење за рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Никола Груевски се поволни. Тогаш, во што е проблемот што Груевски и највисокото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ наметна невидена пресинг-кампања за локални избори. Зошто партиските активисти на ВМРО-ДПМНЕ одат од врата на врата во невреме и ги вознемируваат граѓаните; зошто се емитуваат негативни спотови за политичките противници, зошто се бега од ТВ-дуели, и зошто се создава амбиент да се биде или да не се биде, зошто се бара целосна победа на денот „Д“. Дали е тоа поради страв што, и покрај победата, може да се види дека на граѓаните на Република Македонија веќе им е преку глава од една постојана и драматична вулгарна партизација, што живеат постојано во некаква предизборна кампања, а од друга страна се' подлабоко тонеме во немаштија и атмосфера на безизлез . Постојаната агресивна политичка кампања и пресија ги дигна до небо надежите на граѓаните за подобар живот. Очекувањата се стигнати до таа мера што, ако конечно не се види нешто опипливо дека се придвижуваме напред, може да предизвика големи политички и социјалните немири. На се' повеќе граѓани им станува јасно дека се оддалечуваме од евроатлантските интеграции, дека се' помала е меѓународната поддршка во прилог на Македонија на патот кон Европа.
Учеството на Владата во локалните избори ја урива суштината на децентрализацијата и самоуправата
Но, и од многу власт боли глава. Тоа им е јасно и на Никола Груевски и на Али Ахмети. Постојаното префрлување на вината за сите неуспеси и промашувања кон политичките противници поради лошото досегашно владеење веќе нема да врви така мазно како што секој ден соопштува власта преку своите партиски штабови и медиумски послушници. Се' повеќе приврзаници и симпатизери на оваа власт при соочувањето со изневерените надежи нема да го вртат само грбот туку ќе бараат и отчет. Тоа ќе се случи, според релевантните процени на деловните луѓе и меѓународните институции, како ММФ и Светска банка, некаде мај-јуни 2009 година, кога ударот на домашната и на светската економска криза ќе се спои во еден општ крах на македонската слаба економија. Веројатно тој факт веќе го осознаваат и во Владата. Можеби оттаму произлегува паниката да се освои целата власт, целосно да се контролираат сите институции на државата. Сосема оправдано е прашањето дали тоа значи дека во Македонија се подготвува тоталитарна власт и суспендирање на оваа малку демократија што ни преостана. Притисоците врз медиумите и селективното рекламирање на најголемите огласувачи во државата Владата и ВМРО-ДПМНЕ и за време на изборите најавува нови уште посилни упади и ограничувања на демократијата. Не треба да се испушта од вид фактот дека откога е ВМРО-ДПМНЕ на власт се променија повеќе гарнитури главни уредници и цели уреднички тимови во речиси сите релевантни телевизиски куќи и дневни весници, без оглед дали се приватни или станува збор за јавниот сервис МРТВ. Наивно е да се мисли дека власта нема свој удел во тоа. Не случајно од Брисел стигна пораката дека во Македонија работите со медиумите не стојат добро. Многу брзо Европската комисија повторно веќе извојуваните медиумски слободи во Македонија ќе ги стави на дневен ред.
Има стравувања за целосно замолчување на одделни колумнисти, новинари и уредници јавно да ги искажуваат своите ставови. Врз сопственичката и менаџерска структура на медиумите власта врши постојан притисок. Во моментов за тоа големата светска криза е одличен параван. Тука треба да се бараат одговорите зошто Владата толку жестоко сака да ја освои целата власт и зошто покажува нервоза и страв од локалните и претседателските избори. Тука можат да се најдат и одговорите зошто се оддалечуваме од Европа, зошто бегаме од ММФ и од Светска банка. Сите тие имаат правила и закони кои важат, а бараат и строга контрола на трошењето пари.
Едноумието повторно е пред македонската врата. Овој пат многу посилно и поопасно.
Navistina vmro neznae kade odi. A na ovie izbori ke padnat vo mnogu golemi gradovi pocnuvajki od strumica,ohrid,vels,stip,kumanovo,prilep,bitola pa mozno e i vo skopje tito da pobedi. Na Gruevski pocnuva da mu se rusi kulata od karti!!!!
Од: Demokrat
Датум: 20.03.2009 00:24:11
Makedonskite glasaci poleka no sigurno politicki se opismenuvaat i, bez somnenie, nema da dozvolat vrakanje na totalitarizmot vo drzavata! Premierot e veke procitana kniga i se pomal broj ludje mu veruvaat. Za razlika od razstimuvanata i maksimalno oslabena opozicija, premierot se uste uspeva da gi manipulira gradjanite so svoite ,,ostvaruvanja,,! Opozicijata moze da koristi mnogu suplini vo politikata na aktuelnata vlada, no, za zal, taa ne e sposobna da gi vidi i da im gi predoci na izbiracite. Veruvam deka martovskite izbori ke predizvikaat predvremeni esenski parlamentarni izbori!
Од: mitko pregovaral so strancite
Датум: 20.03.2009 01:16:47
Zost G-dine Rizaov treba da sklucuvame aranzmani so ovie finansiski institucii? Sekoj koj sto barem i pet minuti pregovaral so niv dobro znae deka nikogas nema da ni dozvolat da prezememe premnogu drzavni merki vo stopanstvoto. Celi dve decenii ne lazea za t.n. liberalen kapitalizam koj treba da go voveduvame tuka a koj so segasnite merki vo nivnite zemji go unistuvaat. Sto ocekuvate deka ke vi kazat so svoite aranzmani jas ke vi kazam: da se otpusti admnistracijata, da se otpustat rabotnicite vo zagubarite. Ne e vreme za otpustanje zaradi kefot na strancite. Tuku podobro objasnete zosto e tolku tupava opozicijata. Zosto nemaat nitu edna idea? Zarem Grujo preteruva koga gi tera mitingasite da se prisetat na nekoj proekt na SDSM? Ve molam soberete hrabrost za da ja kazete osnovnata pricina zosto VMRO vaka lesno pobeduva, a taa ne e zatoa sto se mnogu dobri, ne e zatoa sto ja ukinuvaat demokratijata, ne e zatoa sto cel buget trosat na reklami tuku ednostavno nemaat ramnopraven partner.
Од: miki
Датум: 20.03.2009 02:24:37
erole tebe te faka panika,a ne vladata skoja partija sebori za vlast toa e normalno.Ivanov e noviot pretsedatel na mkd,i ti go znes toa,najstrasno e sto vasiot frckovski moze da go nema vo vtoriot krug,slusamSelmani bil popoularen od nego celosen krah na politikata na sdsm,seenje stav iomraza plukanje i vreganje zarem stvarno mislat ako ne se oni ke propadneme,toa se vka arogancija,poslednite pomiluvanja na teski kriminaci od branko crvenkovski samo potsekaat na kakov nacin vladeea,mozes da ubivas mozes da demoliras mozes da krades milioni evra ne se sekiraj ako te saka branko slobodata ti e garantirana
Од: Red Rose: Shto trenira Vladata ?
Датум: 20.03.2009 02:32:24
Policijata trenira strogost,a Vladata..? Kako da se vladee 100 godini ,nivnata vechna zhelba i neostvaren son ushte od vremeto na Naumov,najavena i iskazhana po prvata vmrovska pobeda vo 1998ma godina.Slikata so desnata podignata raka sama za sebe zboruva.I kazhuva se da im stane jasno i na poslednite koi se samozalazhuvaat vo neshto poinakvo od toa shto go gledaat i slushaat.Ama,i poslednite Evrei zhiveele vo NADEZH deka niv nema da im se sluchi pogromot se dodeka ne zavrshile vo Treblinka ili Aushvic.Na shto ushte se nadevaat nashite sogragjani-glasachi,koi otstapuvaat pred kolonata shto sviri i gazi pred sebe bez ogled na posledicite.Po gragjanite,normalno.Posledniot povik za um i razum e za 22ri.Da se nadevame deka povekjeto kje go slushnat i razberat.Za dobroto na site.I denes i utre(ako go imame ).Kje zavisi samo od nas samite.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 20.03.2009 02:58:39
Erole, povtorno me razocaruvas so crnite scenarija. Za se sto se slucuva vo Makedonija obvinuvas samo edna partija, a opozicijata ja staves na strana, kako i da ne ucestvuva vo politickiot zivot. Ke povtoram po ne znam koj pat deka ne sum simpatizer na nitu edna partija vo Makedonija, i zatoa ocekuvam i od tebe kako urednik na eden pocituvan dnevnik da ja imas istata nepristrasnost. I jas smetam deka za razvojot na edno opstestvo treba da ima ramnoteza pomegu politickite opcii i ideologii, no ti za ocigledniot debalans ja obvinuvas isklucivo golemata zelba na vladejackata partija da ja osvoi celosnata vlast vo drzavata. Gledano od globalna perspektiva, zarem kon toa ne stremat site partii? Ne zabelezuvam deka nekade od solidarnost osvoenata vlast i e podarena na opozicijata! Problemot na opozicijata vo Makedonija e isklucivo samata taa. Ne postoi jasna vizija za idninata, ne postoi cvrsta ideologija, i so nea se uste dominiraat izliteni kadri. Pozdrav, i malku poveke objektivnost.
Од: Tomi
Датум: 20.03.2009 03:32:55
Dobro be covek do koga ke izigruvas sluga na opozicijata , pa vrati se nazad vo predhodnite izbori , kazi sto pravese togasnata vlast.Edno trebe da kazes za seto vladeenje na SDSM sto ostavi vo spomen na Makedonija .Osem stopanski pustos i nacionalno obezlicuvanje.A be eden za mene predavnik makedonski (bugarceto Ljupco) ostavi i napravi bar nesto vo Makedonija , krstot na Vodno , Plaosnik i Samoilovite tvrdini vo Ohrid.Cukni e malku glavata od zid i osvestise.Tvojte kade sluguvas znaes sto privatizacija napravija .
Од: t24
Датум: 20.03.2009 04:17:53
gospodine rizaov vie da ne ste sinopticar-----a sto ce kazete za lani koga proletta pocna uste vo fevruari ili olomnani---i kakva vrska ima vremeto so izborite vo nedela---nedajboze so ako mani zemjotres--grueski ce bid kriv?--dajte dosta e so seenje magla--koj vi zabranil vas da pisuvate pa da kazuvate deka ima totalitarna vlast--za vakvaa kolumna vo vremeto koga liceto B.C bese premier bese naucna fantastik da napisis--imase samo eden vesnik--treba malu komparacija da se pravi
Од: glupendra
Датум: 20.03.2009 06:21:55
Gospodine Rizaov, na del od postavenite prasajna i samiot si davas odgovor. Na edno spored mene ne davas odgovor. Zosto Vladata go pravi toa sto go pravi . Mojot odgovor e deka taa go pravi toa bidejki znae deka nema opozicija i moze da pravi sto saka. Nemozam da svatam zosto opozicijata ne navali so seta sila za rusejne na ovaa diktatorska i veka vo site delovi ucenuvacka vlast. Na sekoja opozicija rabotata e da ja risi vlasta so site sili. Po se izgleda na nasata oppzicija toa ne i e jasno i misli deka vlasta sama ke im bide predadena. Neka zemat i gi obedinat nezadovolstvata na mlekarite, profesionalnite vojnici, nezadovolnite novinari, nezadovolnite biznismeni, nezadovolnite zemjodelci, nezadovolnite soipstvenici na sumi, nezadovolnite nevladini orhanizacii, nezadovolnite prosfetari i voopsto nivnite navivaci. Da ja srusat ova diktatorsak vlast koja ja izgubi megunarodnata podrska so anticnosta na Makedonija, gi zakoci pregovorite so imeto i evroatlanskite integracii i vrsi nevid
Од: Petre
Датум: 20.03.2009 06:51:32
Аман бе Ероле, доста едно те исто. Имај малку осет дека ни се смачи од твоите коментари. Исто па исто. Твоите беа најдолго на власт а што направија. Доколку немаш нешто ново да кажеш, остави го просторот за други колумнисти
Пак врне снег - Уа Влада! Така изгледаат сите текстови во Утрински, па и овој на г-нот Ризаов. Време е и тој да се погледне во тоа “Македонско огледало“ и да види дека како него размислуваат веќе само 10-тина проценти од македонските граѓани. Треба да разбере дека народот е секогаш во право, а тоа ќе му stane jasno за samo 2 дена.
Од: Tode - Sydney
Датум: 20.03.2009 08:35:05
Cestitki gospodine Rizaov, mnogu dobar napis, silen si na peroto.Vremeto ke pokaze.
Од: Petre
Датум: 20.03.2009 08:41:31
Ќе му го загорчиме животот на секој кој ќе се обиде да и наштети на државата во текот на изборниот процес, предупреди премиерот Никола Груевски од Брисел каде што учествува на Самитот на шефови на држави и влади од редовите на Европската народна партија (ЕПП).
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТАЦИТЕ
Датум: 20.03.2009 08:59:57
Човек ќе помисли да ако фаворит ќе беше СДСМ тогаш ќе беше топло околу 35степени ќе се одеше на летување и ќе зрееја лубеници.Многу ретко аможеби и никогаш не правите анализа на однесувањето на преседателот државата како тој се однесува во предизборие со кодошење пред странските делегации,со неучествување со кандидатура на избори како 2006год. насетувајќи го поразот предходно се кандидираше за преседател оставајќија партијата во расуло и сега знаејќи дека ќе изгуби од минорен кандидат на ВМРО се откажа од изборната трка уфрлајќи избламиран кандидат.Кога нешто слично ќе напишете тогаш ќе помислам дека немате ген на прикриен сдсмовец под плаштот на независен новинар.
Од: don kihot
Датум: 20.03.2009 09:05:13
Ova poveke ne se izdrzuva, Makedonija poveke nema opozicija a so samoto toa poleka zamira i krefkata demokratija koja ja imase , a vo idnina i taa izgleda nema da ja ima.Sto se slucuva so SDSM, zosto padna na ova derege, ne oti sum bil nekogas blagonaklonet na ovaa parija, no prosto me iritira toa sto se gubi politickiot balans vo MK, i stagnira demokratijata, so samoto toa vladejackata garnitura si dobiva edna komocija, koja bi mozela da bide zloupotrebena.Predlok do "opzicijata" da se fokusira celiot intelekt vo edna partia, koja ke bide nova, koja nema da se vika sdsm, so svezi kadri i so prozapadni vizii, so mesovit nacionalen sostav, od vistinski kvalitetni l vredni luge, i da se napravi nesto sto ke donese svez "vozduh" vo nasevo politicki zagadeno opstestvo.Luge dosadni ste veke, zarem ne primetuvate, ne "masirate "veke 18 godini de vmro de sdsm, a drzavata ne mrdna od mesto, jas se cudam koga gledam seuste ima luge koi se raspravaat na ovaa tema.Ah Makedonio.....
Од: mene
Датум: 20.03.2009 09:05:28
ГЛУПИ вмрОВЧИЊА !Едно е да знаеш да читаш
за да мислиш дека си писмен,а друго е да го разбереш она што го читаш:Разните Микиевци,Австралијанци и незнам какви не преговарачи ОДЛИЧНИ познавачи на приликите во Македонија и ГОЛЕМИ патриоти,да видиме колку плаќате данок на ВАШАТА држава со тоа ќе го покажете патриотизмот а не со критики за секого што не размислува како овчарот.Зборувате за демократија а туѓото мислење не го почитувате.Подобро не се бламирајте.
Од: b
Датум: 20.03.2009 09:16:59
Изборите во секој случај ке бидат оценети од меѓународната заедница како нерегуларни. Предвреме започната кампања, притисоци врз вработените, упад врз автономноста на универзитетите, рекламирање со државни пари при сечење ленти и фрлање први лопати и многу многу други. Па има ли некој што ке рече дека изборите ке бидат регуларни, сем оние, Р.Р., Перуника, Ирина, Љубчо од Битола и слични на нив.
Од: мики
Датум: 20.03.2009 09:18:23
Се е точно што го кажуваш комуњару, ама не можеш ништо да направиш.
Од: boki
Датум: 20.03.2009 09:19:35
Mitko kako e koga se zivee vo nekoj tvoj zatvoren svet kade ti gi razbiras site raboti od toa kolku pari treba da e lebot do cenite na kamatnite stapki i na kraj zavrsuvas so vistinskata slika vo Makedonija koja nie drugite sme slepi za da ja sogledame
Од: Ednoumie, bezumnost i SLONOVI
Датум: 20.03.2009 09:27:47
Se e tocno, cestitki za Erol. Doagja ednoumie koe ke ja zameni bezumnosta koja vladeese dosega ili dosegasnata povekepartiska bezumnost ke se zameni so ednopartiska bezumnost. nisto novo... zosto nasite partii se odnesuvaat kako deca vo slatkarnica bez gazda a nekoi kako slonovi vo staklarska rabotilnica. da spomnam nekoi slonovi: tupurko, ljubco, branko, bucko...(Gruevski uste ima fora da se dokaze). Borbata za Makedonija se vodi preku ekonomskiot kolaps koj trae 17/18 godini i ima odredena cel. No koja? na toa prasanje seuste nemam odgovor!!!
Slonovite ne se slucajno pusteni, no zosto? Sto treba da zgazat i sto treba da unistat?
Од: Samo za potsetuvanje
Датум: 20.03.2009 09:29:19
Ветувања од 2006: Македонија ќе добие датум на преговори со ЕУ во 2007 и во 2008 ќе влезе во НАТО. НИШТО ОД ТОА. Во МК ќе влезат странски инвестиции од кои боли глава. НИШТО ОД ТОА - влегоа шпекуланти (Сведмилк) и си замина а другите се откажаа. Од 2007 невработеноста ќе почне да се намалува НИШТО ОД ТОА.- невработеноста е зголемена. Македонија ќе ја водат компетентни луѓе. НИШТО ОД ТОА.- компетентните ги разбркаа, ставија тутурутки кои секој закон им паѓа на Уставен. Ќе го решат проблемот со договорците во образованието и здравството. НИШТО ОД ТОА.- само оние со партисли книшки добија договори. Од МК ќе направиме економско чудо - тигар во Европа. НИШТО ОД ТОА.- Македонија НЕ БЕШЕ но сега е на УБЕДЛИВО ПОСЛЕДНО место. Единствено буџетот е рекорден (2-3 пати поголем од претходните) а што е направено со парите? Па дадени се за РЕКЛАМИ за да на граѓаните од Македонија им се блокира чуството за реалност.
Од: zacuden
Датум: 20.03.2009 09:42:04
Zacuden i nazalen gi citam komentarite, zarem navistina ne razbiraat sto sakate da kazete vo vasava statijaata Erole? Ili ne sakaat da razberat ili tolkav im e kapacitetot. Kako ne razbiraat deka ne e veke vazno koja partija sto napravila vo minatoto, vazno e da se soberat site ptogresivni i demokratski sili SEGA za da se spasi sto moze seuste da se spasi.
Од: realen
Датум: 20.03.2009 09:58:03
Od ona tvoite i moite sme na pozicija kade ke bideme posledni od vistinski lideri na Balkanot. Samodestrukcija vo poln ek. Lugje koi ke formiraat skolo za lideri, prvi treba tamu da se. Se ragjas lider ili ne, go imas vo sebesi toa lil ne, harizmaticen, kontroverzen ili sto i da e - moras da bides prepoznatliv. Ova ovsena kasa ne se srka.. Ako e toa cenata, previsoka e i za narodna kujna.
Од: aleksandar sv nikole
Датум: 20.03.2009 10:03:56
samo maani se naogjaat celo vreme,a vsusnost nikoj ne ja gleda realno sirtuacijata deka vmro-dpmne se trudi da dopre do gragjaninot so takanarecenoto odenje po vrati!!zosto na opozicijata dodeka bese na vlast nikogas ne im tekna da go napravat toa??kako inaku ke se cue obicniot gragjanin za mislenje i izlaganje na nivnite sekojdnevni maki??zar e grev da se prasa nekoj kako zivee i sto misli???mene licno mi se dopagja toa sto ete nekoj se setil da dojde doma da me prasa kako ziveam...sekoja cest za idejata!
Од: dragan
Датум: 20.03.2009 10:04:51
Odgovor do ovie vmro-ovci.Vistinata sekogas boli neli taka i ke vidime vasiot vozd kako ke zavrsi na kraj.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 20.03.2009 10:54:05
Logikata e mnogu prosta - ako narodot pak glasa za ovcite, znaci deka mu e ubavo vaka. Mozebi na glasackoto telo mu se dopagja izolacijata i megjunarodnoto ponizuvanje na FYROM?
Од: Sime
Датум: 20.03.2009 10:56:44
Erol ovie vmrovcive veke ne se trpat. Posebno nivnite pateticni komentari vo funkcija na odbrana na Grujo.
Од: Bitola
Датум: 20.03.2009 11:07:38
Smrt na fasizmot-sloboda na narodot.
Од: Европска Македонија
Датум: 20.03.2009 11:10:08
Владата работи како маркетинг агенција за зголемување на сопствениот рејтинг а со парите на народот. Откако добро не избомбардираа со нивни реклами за овие избори,пред да почнат и од фрижидер да ни излегуваат,решија да направат реклами и за своите противници.Реклами ама антиреклами, невидени до сега,црни,невкусни и понижувачки пред се кон кандидатот на СДСМ. Ова е мизерна кампања на една владеачка партија, која гласовите од народот треба да ги бара со презентирање на досега сработеното а не со омаловажување на противникот.Не верувам дека светската криза е причина поради која владата загрижувачки многу посакува комплетно освојување на власта во РМ,од претседател до градоначалник.Причината за овие болни желби на владата за едноумие ја барам во несозреаноста(не дај боже за некои други лоши особини на човечкиот карактер) на овие млади луѓе кои дошле на власт или во контрапродуктивноста на високиот рејтинг што го имаат, а можеби и од двете по малку.
Од: sova
Датум: 20.03.2009 11:26:37
Pa dobro bre narode ,zarem ne gledate kolku vi e ubavo kako ziveete bezgrizno,vlasta pravi se za vas,duri nemorate ni da razmisluvate so vasa glava toa besplatno za vas go pravi vlasta ,partijata i nekoi eksperti (se razbira nezavisni),no na ovoj narod nemozes da mu pogodis i se nesto mu fali.....Koga ke ve ostavat sami da razmisluvate duri togas ke vidite sto e maka...do togas gospod na pomos.
Од: sime
Датум: 20.03.2009 11:34:39
Tocno opozicijata e za nikade.Edna od pricinite e i taa sto vladeackata partija ili partii ne boiraat nacin napagjajki se zivo da ja unistat pa se prasuvam dali e toa dobro za Makedonija?
Од: Veronika
Датум: 20.03.2009 12:12:30
Makedonijo, makedonski narode, zaboravete barem ednas koj na koja partija i pripagja, soedinete gi site sili, napregnete se da ja izvleceme Makedonija od kalta vo koja POTONUVA. Dovolno e dve decenii klevetenje, obvinuvanje, seenje omraza pomegju naordot. So zaednicki sili moze da napravime cuda. Think nice.
Од: redoven ccitatel
Датум: 20.03.2009 15:03:34
Odliccna statija kako i site drugi na Erol Rizaov, koi ssto so golem iteres gi ccitam sekoj petok. Megutoa edno nessto ne mi jasno, zossto vmro-ovccinjata uporno go ccitaat Utrinski i Erol koga nemaat kapacitet da gi razberat delata na Erol kako i pogolemiot del na tekstovite vo Utrinski, zossto se maccat nepotrebno..? Ccitam vo komentarive edni vikaat deka veke im bilo dosadno da ccitaat edno te isto.. Pa ne ccitajte gospodo vmro-ovccinja.. koj ve tera..ili morate zatoa sto taka vi naredi sefot.. nali...? :-)
Utrinski vesnik a posebno kolumnite i statiite na Erol Rizaov se pred se nameneti za intelektualci a ne za patriski vojnici so maximum sredno obrazovanie koi slepo gi sledat naredbite na svoite ssefcija, ma kakvi i da se tie..!
Pozdrav do Erol i sve najdobro.. samo napred.. so tebe sme..!!!
Од: Симе од Прилеп
Датум: 20.03.2009 18:19:36
Само да му оговорам на Прилепчанецот.Можеш да сонуваш за тоа што го напиша можеби по 8 години.Во Прилеп со сигурност градоначалник ќе биде Марјан Ристески