Нема никаква историска, географска или идеолошка врска меѓу Карл Маркс, Јицак Рабин, Митеран, Шредер и Гоце Делчев, но на бугарскиот премиер Станишев не му пречи да ги смести во „библиографијата“ на неговата „автобиографска“ книга „Бидејќи ние сме социјалисти“. Човекот сака да се потпира на палета странски авторитети во прилог на докажувањето колку е интернационалец по вокација и граѓанин на Европа (плус Израел) според европската членска книшка на неговата земја.
Но, Станишев има проблем со идентитетите кога за Делчев вели дека бил член на македонско-охридската (да не е одринска!?) организација, а наедно бил и - бугарски револуционер. Вториот проблем е што ова негова „визура“ на историските личности се обидува да ја протне во ЕУ, каде што сака прекутрупа да изврши ревизија на балканската историја во бугарска корист.
И додека Станишев го „приватизира“ Делчев, вицепремиерот Калфин рече дека „Бугарија поддржува членство на Македонија во НАТО“, но тоа ќе се случи кога „ќе ги реши сите спорови со соседните земји“.
Кои спорови? Македонија има само еден, и тоа меѓународно верификуван со Грција! Опасно е доколку Калфин во неговата „порака“ за Македонија сметал дека Македонија има отворени прашања со Бугарија кои, од перспектива на софиските политичари, академици, новинари и блогери кои го напаѓаат „Утрински весник“, требало да се затворат.
Дали Бугарија, земја во која во ЕУ се сомневаат дека требаше да биде примена во Унијата, има аспирации за „бугарштината во Македонија“ кои не се многу блиски со европските норми на однесување?
Sekogas se vleguva vo ista sema so VMRO, Makedonija i Bugarija. Goce bil Makedonec i Bugarin kolku sto e toa sega Stanisev. Za da se objasni nivnata nacionalnost treba da se razvie golema semantika. Nazalost naskoro ke treba i da se razvie semantika za nacionalnosta na makedonskite sopstvenici na bugarski pasosi.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 20.03.2009 01:37:26
Bugarija e ocigledno tolku zelna da ja zameni Grcija vo ulogata na "L'enfant terrible" na EU, sto veke i otvoreno zapocna toa da go demonstrira vo site moznosti. Moze da im sluzi samo na cest na bugarskite politicari koi namesto da se zanimavaat so korupcijata vo bugarskoto opstestvo ne mozat da ja izvadat Makedonija od nivnite misli, taka sto besprekorno se obiduvaat da ja predzvakuvaat makedonskata istorija. Samo ne znam koga ke im stane jasno deka kolku i da predzvakuvaat zabalata nema da im se izmenat. Tie mnogu precizno go odreduvaat identitetot. Ova, so izmisluvanjeto na novi nereseni problemi na Balkanot mozese da se ocekuva, i sega e red na EU, koja ne uspea da gi predvidi ovie zlonamerni budalastini, da gi onevozmozi vo idnina. Verojatno, najdobro resenie za toa ke bide itna integracija na zapadniot Balkan vo Unijata, taka sto ke se marginaliziraat site potencijalni konflikti vo regionot, a site “zamisleni” ili postoecki problemi ke se nasocat kon naucnite institucii.
Од: Реалист
Датум: 20.03.2009 02:43:12
Во Бугариjа Гоце Делчев секогаш бил користен како Бугарин. Постои град со негово име: тоа не го измислил премиерот Сергеј Станишев. А Гоце Делчев пишувал дека е Бугарин. Читаjте му го писмото во wikipedia.
Од: glupendra
Датум: 20.03.2009 06:29:03
Dali Bugarija ima so bugarstinasta vo Makedonija. Sigurno deka ima, no smetam deka Makedonija ima poveke problemi so "makedonstinata"vo Bugarija. Eve zosto. Vo Makedonija ima partii na nacionalna osnova na site nacii nacionalnosti i etnicki grupi vo Makedonija. Za bugarskata nacija ili etnicka grupa nema mesto iako imame barem mazi ili zeni ( bracni parovi) koi se od Bugarija, da ne zborime za nasite dosegasni i idni "dokazani" bugari.Znaci barame makedonska partija vo Bugarija ili potocno go barrame onaa sto doma ne sakame da go dademe.Toj problem navistina go imame i vo EU so nego nema da vlezeme.
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 20.03.2009 10:59:01
Не ми е јасно дали сегашниот Бугарски премиер-Станишев,ги заборавил своите македонски корени,или поради чинот што е премиер-па мора чисто бугарски да се однесува.Неговиот дедо Станиш и мојот дедо Никола се од с.Грамадина-Кукушко и двајцата по балканските војни се населиле во Струмичко,мојот во с.Пиперево,а неговиот Станиш во с.Штука.Во триесетите години на минатиот век,бегајки од теророт на српските окупатори-дедото по татко на Сергеј се преселува во Софија,а роднините нивни во с.Сарај Струмичко до денес се таму-редно би било Станишев дља ги посети и ги виде своите сеуште живи македонски корени.
Од: Ico Najdovski, Melburn
Датум: 20.03.2009 14:14:39
Gospodine Chulev, dobra Vi e analizata. Samo trebase da konstatirate deka Bugarija ima problem sto ne gi priznava etnickite Makedonci. Tuka e poentata.
Од: Makedonka
Датум: 20.03.2009 18:18:56
Ne e vazno dali e nekoj belec ili crnec, Bugarin ili Senegalec. Vazno e za sto se borel. Delcev se borel za sloboda i avtonomija na Makedonija. Negovata maksima glasi: Dodeka moeto ramo nosi puska Makedonija ke bide nedostapna za bugarskite oficeri.