Во кампањата немаше впечатливи настапи на претседателските кандидати и изостанаа силните пораки
Оливера Војновска
Вечерва на полноќ завршува изборната кампања за претседателските и за локалните избори во која добија на интензитет обвинувањата за поделби и изолација на државата. Силната поларизација на политичките сили неизбежно го поткрена и адреналинот во кампањата кај некои од учесниците кои заиграа на националната карта. Но, за среќа, немаше радикални настапи и видливиот антагонизам меѓу партиите не стана „експлозивен“. На овие двојни избори не видовме слики на полни плоштади.
Без оглед на тоа што даваат блескави оцени за посетеноста на митинзите, на ниту една партија не и' успеа да направи „маестрален собир“ какви што имаше до пред некоја година. Реалноста е таква што народот го мачат многу конкретни егзистенцијални проблеми и со голема индиферентност гледа на изборите. Тоа го покажуваат процентите на неопределните гласачи (25 отсто).
Луѓето покажуваат измореност од избори. За седум години излегуваат седум пати на гласање: парламентарните во 2002 година, претседателските и референдумот во 2004 година, локалните избори во 2005 година, парламентарните во 2006 година, вонредните парламентарни избори во 2008 година и сега, в недела, на овие претседателски и локални избори.
Главните теми на овие избори повторно беа името, идентитетот, поразот на Самитот во Букурешт. И повторно за проблемите се зборуваше реторички. Немаше впечатливи настапи на претседателските кандидати и изостанаа силните пораки, кои во секој случај мораше да бидат испратени од личностите кои претендираат да ја добијат највисоката функција во државата. За жал, јасна и прецизна порака за тоа како и каде ја гледаат државата во наредните пет години не слушнавме од ниту еден од седумтемина кандидати кои учествуваат во претседателската трка.
Фаворитот на десничарскиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, кој и според сите анкети има најголеми шанси да стане татко на нацијата, кажува дека е човек од народот, зборува за обединување и бара мандат за да може да ги носи крупните одлуки што и' претстојат на Македонија, но не се изјаснува каков курс ќе фати државата. Неговиот главен политички ривал, Љубомир Фрчкоски, зад кого застанаа СДСМ и НСДП, најавува решавање на прашањето за името веднаш по изборите, прием во НАТО во септември. Тој е единствениот кандидат кој отворено кажа дека за него прифатливо име е Република Северна Македонија, дека нема да преговара за идентитетот. Сепак, и Фрчкоски нема прецизен одговор како мисли да го реализира тоа и на што го темели оптимизмот дека Грција ќе сака да се постигне компромис.
И другите кандидати: независниот Љубе Бошкоски, Имер Селмани од Нова демократија, Нано Ружин, адутот на ЛДП, Агрон Буџаку од ДУИ и единствената дама во кампањата Мируше Хоџа од ДПА, говорат за модернизација на Македонија со јасна позиција кон НАТО и ЕУ. Но, и нивните настапи се базирани на познатите фрази од типот: Македонија ќе ја направат модерна и демократска држава која, конечно, ќе стане дел од големото европско семејство.
Бошкоски е, секако, интересна појава на овие избори кој во трката влезе со невиден оптимизам. Тој се кандидира како независен, но цело време нагласува дека „единствениот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“. Насмеан и полн со ентузијазам од митинзите порачува дека со сигурност смета на гласовите на вистинските вмровци. Брат Љубе го доживува Иванов како „турист“ и „падобранец“ во ВМРО-ДПМНЕ, а од пред некој ден го именува како „Ѓорѓи Вранишковски“, со објаснување дека „никој друг не фрлал клетви до седмо колено освен Јован Вранишковски“! Го нарече и „Елена од Штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, во контекст на обвинувањата од СДСМ дека Ружин е „тројанскиот коњ“ на овие избори.
Груевски во почетокот на кампањата го игнорираше Бошкоски, но како што зачестија провокациите почна јасно да порачува дека „ВМРО-ДПМНЕ нема резервна варијанта, има само еден кандидат, а тоа е Ѓорге Иванов.
Тој, пак, го глорифицира Груевски. Не пропушта прилика да ја пофали Владата и „модерната политика што ја спроведува Груевски и која довела до видлив демократски прогрес на државата“. На обвинувањата за изолација, колапс, поделби и сиромаштија, тој возвраќа дека „изолацијата е само во некои поматени умови“.
Неговиот најголем конкурент Фрчкоски на митинзите го нарекува Иванов „недоветен“ и му ги лови сите гафови, како оној за „космодискот“ со кој Иванов ја според демократијата во Македонија. Веднаш следуваше препораката од Фрчкоски за Иванов итно да си купи космодиск, „ за да му го исправи ’рбетот што му е свиткан поради понизниот однос кон Груевски“. Фрчкоски со својот настап и омаловажувачките тонови предизвикува внимание во јавноста, но позитивното мислење, сепак, не му е наклонето.
Кандидатот на Нова демократија, Селмани излезе од стереотипите на досегашните политичари и ги освои симпатиите на гласачите, без разлика на етничката припадност. Тој е свесен дека македонското општество се' уште не е созреано да се случи синдромот „Обама“, но, сепак, трпеливо го гради имиџот на модерен проевропски ориентиран политичар, растоварен од балканските фрустрации. Неговата популарност меѓу граѓаните е неоспорна, меѓутоа сосема непотребно беше една Агенција за истражување на јавното мислење да го посочува како „големо изненадување“ на претседателските избори и да го форсира како иден претседател.
Мируше Хоџа, иако во анкетите има најслаб рејтинг, сепак, таа со своите луцидни забелешки во јавните настапи успеа да остави сопствен печат. Претседателскиот кандидат на ДУИ, Агрон Буџаку, е несомнено најбледата фигура на изборите. Се' на се', од кампањата ќе останат запаметени само гафовите, како и непримерниот вокабулар на некои од кандидатите. Црна дамка на кампањата фрли „хуманитарната мисија“ на Иванов, кој самиот јавно се пофали дека лобирал кај студентите да се потпишат на кандидатурата на Ружин. Таквото признание, независно што два дена потоа Иванов се обиде да го релативизира, сведувајќи го на „чисто колегијална помош“, само по себе е скандал и доесега се нема случено на ниту едни избори. Првпат во оваа кампања видовме како еден од кандидатите - Ружин, јавно на телевизиски дуел моли друг кандидат - Иванов, „кога ќе стане претседател да го реши спорот со Грција“.
Седумтемина знаат да се дружат
Наспроти отровните стрели што си ги упатуваа од митинзите, седумтемина кандидати покажаа дека може да бидат толерантни и цивилизирано да комуницираат на трибините, телевизиските дебати и појадоците. Всушност, една од поубавите работи во оваа кампања беа заедничките појадоци на претседателските кандидати - кои ги иницираше Нано Ружин, а домаќините се менуваа. Вакво неформално дружење се случува прв пат на овие избори, што во секој случај е за поздравување.
Јавноста имаше можност да види како во една релаксирана, иако малку студена атмосфера се дружат Ѓорге Иванов, Љубомир Фрчкоски, Имер Селмани, Љубе Бошкоски, Нано Ружин и Агрон Буџаку. Единствената жена меѓу претендентите за шеф на државата, Мируше Хоџа, не ги дружеше на појадоците, но не ги одбегнуваше телевизиските дебати, каде што успеа да се наметне со своите ставови.
Џентлмените не и' се налутија поради недоаѓањето на кафе-муабет во „Дал мет фу“ во Скопје и во „Тиволи“ во Тетово. Напротив, имаа разбирање за нејзините обврски, па и' подарија роза за 8 Март.
И покрај стравувањето од некакви испади или скандали, телевизиските дебати минаа во демократска атмосфера. Имаше полемика, но тоа е сосема нормално. Важно е што кандидатите го задржаа нивото на однесување и не ја поминаа тенката црвена линија. (О.В.)
Od se chto se nagledavme i nasluchavme do sega najlocho e chto predsdatel ce bide od partiski redovi.Predsedatelot treba da e ne partiskikoga ce dojde na vlast da nema dolgovi da vraca na niedna partija.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 20.03.2009 00:14:52
Katastrofalna kampanja. Frckovski pokraj ostriot jazik, e poln so valkan bagaz. Ivanov e debilna kombinacija na neiskustvo i starost. Albancite se tuka za dekoracija, a Ruzin i Boskovski bildaat popularnost za idnite im "tezgi". Seto ova e samo potvrda deka site kadri sto vredat veke odamna ne se vo FYROM.
Од: an od ulikoten
Датум: 20.03.2009 00:32:27
Steta sto ke ima molk, bas bese zabavno.
Од: СуисајдМесаја
Датум: 20.03.2009 01:41:05
Jas sepak kje go koregiram avtorot na statijata okolu drzhenjeto na 7minata kandidati,ne se povekje 7 nego se 6,eden se otpushti ili zamrzna i zastana do 23 Mart.
Од: mitko ne e iznenaden
Датум: 20.03.2009 01:59:04
Kako i skoro sekogas najglupiot kandidat mu pripaga na VMRO a najlopovskiot na SDSM. Sto znaci deka nema golemi iznenaduvanja.
Од: Petre
Датум: 20.03.2009 07:23:39
Za kvalitetno prezentirawe na zemjata ni treba covek so ostar um, elokventen, patriot koj moze da se nosi so politicari od svetska klasa. Toa e FRCKO i nikoj drug. Ne treba da ja propustime ovaa sansa vo ovoj moment!!!!!
Од: dobronameren
Датум: 20.03.2009 07:44:32
Poznavam mnogu luge koi velat deka ce pobedi Ivanov no nepoznavam nitu eden koj veli deka ce glasa za nego. Bas bi sakal da zapoznam nekoj takov ednostavno da znam kakov toa profil lugje ce glasaat za nego
Од: пред молкот
Датум: 20.03.2009 07:59:11
кандидатите знаеле да се дружат,а на митинзите се караат.Заклучокот е дека на нас граѓаните требало да ни угодат.Толку ли ние народот искаран,и покрај се што си имаат заедничко-маките.
Од: don kihot
Датум: 20.03.2009 08:24:20
Kako i do sega mnogu bla bla bla, na kraj nisto ne sraboteno, samo Makedonija gubi so izborite najveke vo ekonomijata, se zastanuva vo Drzavata dodeka ovie se promoviraat.No toa e prepoznatliva praksa vo nasava mlada demokratija, toa e neosporen fakt koj se zanemaruva od instituciite, vo vreme na svetska kriza, nepotrebni mitinguvanja i trosenje na sretstva za kandidati bez vizija i kvalitet, neodgovornost i skandaloznost, za zemja aspirant za vo Evropskoto semejstvo.A narodot kako i sekogas, gubi na edna ista karta(bla bla bla)kakov narod takvi politiciri i takov kvalitet se razbira.Dovolno bese nekolku casovno medisko promoviranje za glasacite da odlucat za kogo da glasaat, namesto razvozuvanje(setanje) na partiski vojnici po cela Makedonija.No sto da se pravi toa e Makedonija, do mentalitetot ke da e.
Од: svetlana
Датум: 20.03.2009 08:49:42
Sakame uste od Dzole kosmodisk, kletva, antika..Ne se rodil takov kikser dolgo vreme!
Од: jovica
Датум: 20.03.2009 09:10:07
Se iznaslusavme navredi i kvalifikacii. Nikoj, duri nitu novinarite ne gi proanaliziraa ponudenite programi i nemase soznanie koj kako ke go ostvari ona za sto se zalaga, sto ke pravi, ako bide izbran za pretsedatel. Samo si gi lovea navredite ("pcostite") i samo na toa vozvrakaa. I mediumite samo toa go lovea, barajki senzacija. No, na ovie izbori nemase senzacija. Senzacijata ke bide vo vtoriot krug bidejki ne se znae samo koj ke bide vtoriot kandidat.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 20.03.2009 09:15:52
Mislam deka ke ima zanimlivi izbori.Pred nekolku meseci mislev deka DPMNE bez golem trud ke ja osvoj pretsedatelskata funkcija,no posle predizbornite gafovi od Ivanov i porazitelnite rezultati na vladata,sansite se 50:50.Interesno ke bide sekako 2krug.Pretpostavuvam deka Ivanov i Selmani/Frckovski ke se "duelirat".Resavacki ke bidat povtorno Albanskite glasovi-sto ne odi vo prilog na Ivanov.Albancite ke glasat za evroatlantskata integracija na MK i vo slucajot so Selmani za "niven" covek.Citam deka Ivanov ne se pojavil na TV-Debati i deka kako predizboren marketing uapsija dvajca Kicevski policiski funkcioneri poradi mito.Kako i da zavrsat izborite,denovite na Nikola "Minhhausen" Gruevski se konecno broeni!Stravuvam samo od vladini incidenti za vremeto na izborite i posle niv.I pismoto na "Teenager"-ot Milososki do Bakojani e nisto drugo nego frlanje sol vo ocite na gragjanite,demek vladata sakala da go resi sporot so GR.Veke videna igra-no taa strategija ke bide mnogu skoro porazena!
Од: vesna
Датум: 20.03.2009 09:26:50
Znaete koi ke glasaat za Ivanov?! skoreshnite vmrovci koi nikogash ne bile vmro, a sega mislat deka toa e moderno, i decata koi isto taka se zavedeni od mladosta, poletot,"moderniot"tip na vodenje na drzzava, istrcuvanjeto kako prle pred magare-pravenjeto na cekori koi ostavaat vpecatok deka neshto se raboti i dvizzi vo ovaa nasha drzzava a vsushnost pravime cekor napred pa cekor nazad..bash kako decata...pa tie i kje glasaat za Ivanov...samo se nadevam nema da preovladaat...zashto so deca ne se vodi drzzava...kako shto vprocem i se gleda
Од: Pretsedatel
Датум: 20.03.2009 09:42:50
Koga ke go poglednam nivoto na kandidatite, mi se unistuva denot. A posle grcite so nas igracka si igralme. pa POGLEDNETE zosto. Ubavo si pishuva vo artikalot pogore.
pozdrav
Од: realna
Датум: 20.03.2009 09:46:16
najpoveke od se mi se dopaga noviot naslov na FOKUS a toa e deka za vlasta ke glasaat onie ispranite koi nosat portokalovi naocari a za opozicijata razumot.toa e realnosta i taka ke bide no se nadevam deka vo Makedonija ima poveke razumni ljuge otkolku isprani mozoci
Од: slartibartfast
Датум: 20.03.2009 09:52:10
Kakov e toj kandidat (Gole) koj ceka najnapred Grujo pred narodot na miting da zboruva i da dade voved edno 45 minuti za potoa Gole da zastane na govornica i da kaze deka e covek od narodot, deka ke splotuva, a nema da razedinuva i deka kaj i da odi so sebe ke go nosi najdobroto od Makedonija (sirenje, vino, burek i sl.)
Ovoj covek ke pobedi na izborite samo so straotni incidenti koi 100% ke se slucuvaat. Toa mu odgovara na Grujco. IZOLACIJAAA.
Од: analiticar1
Датум: 20.03.2009 10:01:25
Gospodi, pa treba da propadnat izborite.Nikoj ne zasluzuva da bode kandidat, kamoli pretsedatel
Од: Citatelka
Датум: 20.03.2009 11:34:59
Ве молам, не го злоупотребувајте името на Барак Обама -тој господин е роден Американец,зборува на јазикот на Американците-англиски подобра од Одн,Драјфус,Фокнер,Милтон,Бајрон,што не е случај со ни еден кандидат од македонските етницки Албанци,кои се манифестираат под знамето на соседна Албанија
Македонските новинари по секој одговор од оној што го интервјуираат,ако се поклопува со нивната шема за политика,велатЌ...за претседател ќе го биде.Таков заклјуцок имаше и на учеството на Есма во една забавна емисја-чудо што никој не и ги поткрена акциитеа а таа не се досети.
Зар толку е не.валидна претседателската функција што толкумина -без да се погледнат во огледало,се гледаат на претседателската функција, или тоа некој ги турка за да им го гледа сеирот,отстрана.А отсрана гледано многумина од кандидатите се голема смешка.Дај Боже да проговори разумот,и од прва да биде избран претседателот,барем додатно да не се оптоварува бугјетот,а и тв-емисии што и ние ваму некаде ги гледаме.
Од: DRLE
Датум: 20.03.2009 12:23:25
Abe dosta veke so kritiki!!!!!!Nikoj ne vi cini,pa sto ne se kandidiravte nekoj od vas?Tuku da ste na nivno mesto bi bile beter.I celo vreme neznam za kakvi kletvi zboruvate koga covekot na nikogo ne mu frli kletva.Toj samo rece da ne imaat losi misli zosto losoto so loso se vraka.Pa toa go slusate i vo crkva koga odite-sega koga site stanavte pomodari,bidejki sega da se odi vo crkva e moderno a nemavte g's koga bese Socijalizam.Aj prestanete veke,ova sto go pravi narodot e sramota i greota.Asto mislite deka Grcite se pokulturni pa demek nasive kandidati ne im se dostojni?Vas Sv.Petar da vi se simne nema da vi cini zatoa sto ste se naucile samo da kritikuvate,a si pojduvate samite od sebe vo taa dejnost.
Од: Европска Македонија
Датум: 20.03.2009 13:15:25
1.Селмани и Ружин се најдобрите човечки профили на овие избори.Првиот добро ги познава состојбите внатре во РМ,а вториот е одличен дипломат.Кога би можеле да ги споиме би имале одличен кандидат. 2.Иванов поради своето неискуство како политичар влегуваше од бисер во бисер за време на кампањата и сметам дека човек без никакво искуство во политиката не е пожелно да биде директно претседател.Против него е и негативната ТВ кампања што ја водеше ДПМНЕ 3.Брат Љубе е дефинитивно најголемиот патриот,искрен е,човек од народот и за народот, но не сум уверен дека е способен да ги реши проблемите во РМ. 4. За Фрчко некои мислат дека е арогантен и некултурен,но за време на кампањата го видовме во сосема поинакво светло.Сопред мене тој е најкомплетниот кандидат,големо искуство и добро познавање на состојбите внатре и надвор од РМ. 5. Буџаку и Хоџа не успеаја да ги придобијат македонските гласачи.
Од: Verag
Датум: 20.03.2009 13:34:40
Очекувано,бисерите се од кандидатот од ВМРО,кобајаги независен.
Од: ivica
Датум: 20.03.2009 13:38:13
Da potraese use nekoja nedela so smeenje ke udrevme so kandidatov na VMRO ehehe eden zbor eden biser mu e cudo od covek, samo taka prodolzi inaku nema da bide interesno
Од: kira
Датум: 20.03.2009 14:55:20
Navistina site kadri sto vredat se nadvor od Makedonija, i tie sto bea kadri vo predhodnite vladi so namera se korumpirani za da bidat kontrolirani.Malkute preostanati tesko vleguvaat vo politika bidejki taa od niv pravi toalet hartija.Koj inteligenten covek saka da bide kontroliran od politicari citaj mangupi.
Од: pedagog
Датум: 20.03.2009 17:11:22
Do dobronamerniot:
Takvite kako tebe "dobronamerni"gi ima i vo Kumanovo.SDSM-ovcite i nivnite drugarcija na kumanovcani im go poplocija so "najdobri nameri"patot do pekolot.Jas sum patilec a ne vrazalec!Gjorgji e napaten covek ama ostroumen!Neka pobedi razumot!