Број 2941  петок, 20 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Јозеф Фрицл осуден на доживотен затвор

Бидејки бил „роден да силува“, остатокот од својот живот ќе го помине во институција за ментално здравје

СЕНТ ПЕЛТЕН - Австриецот Јозеф Фрицл вчера беше осуден на доживотна казна затвор за силување и убиство, јави АФП.

Поротата едногласно го прогласи Фрицл за виновен за силување и за убиство на едно од седумте деца кои ги има со својата ќерка која 24 години ја држеше во заробеништво.

Судот во австрискиот град Санкт Полтен соопшти дека тој треба да го помине остатокот од својот живот во институција за ментално здравје, откако неговиот психијатар предупреди оти 73-годишниот Фрицл се чувствувал "роден да силува".

Фрицл, на последниот ден од судењето, изрази жалење за злосторствата што ги извршил. - Најискрено жалам. Но, за жал повеќе ништо не можат да сторам, изјави Фрицл пред судот во австрискиот град Санкт Полтен.

Јозеф Фрицл вчера изјави дека жали од „дното на срцето“ за затворањето и силувањето на својата ќерка во визба во текот на 24 години, додека обвинителите побараа да биде осуден на доживотна казна затвор.

Седумдесет и тригодишниот Австриец, кој е татко на седум деца од својата ќерка Елизабет, се изјасни виновен за инцест, силување, поробување и убиство од небрежност на новородено машко бебе, родено под земја во 1996 година. „Не можам веќе да направам ништо во однос на тоа што се случи. Жалам за тоа од дното на срцето“, рече Фрицл во завршната изјава на судењето.

Адвокатот на Елизабет рече дека забелешките на Фрицл не изгледаат сериозни, што укажува дека тој само бара поблага казна.

Судијата и поротата се повлекоа за да размислат за пресудата и за казната, кои се очекуваше да бидат соопштени вчера попладне. Според австрискиот закон, изјаснувањето со кое се признава вината не е доволно за да се осуди некој. Фрицл го смени исказот и призна вина за сите обвиненија во средата, откако го совлада сведочењето на неговата ќерка Елизабет, која сега има 42 години. Таа го опишуваше тешкото искушение во текот на 11-часовно видеосведочење.

Адвокатот на одбраната, Рудолф Маер, ги потврди информациите дека Елизабет присуствувала на судењето во вторникот и рече дека Фрицл бил „скршен“ кога ја забележал во галеријата додека се прикажувала видеоснимката.

Фрицл ги призна обвиненијата за заробување на Елизабет во наменски изградена визба под неговата куќа и за убиство, односно за смртта на едно од нивните бебиња, бидејќи не побарал помош за проблемите со дишење. Доколку биде прогласен за виновен за убиство од осумчлената порота, максималната казна е доживотен затвор, а минималната десет години. Според австрискиот закон, признанието може да доведе до намалена казна. Претходно, обвинителството побара да биде испратен во безбедна психијатриска болница, а судот би можел да пресуди дека треба да остане таму неограничено, без оглед на неговата казна.

Маер, кој нагласи дека нема никаква врска со измената на исказот, рече дека Фрицл очекува останатиот дел од животот да го помине затворен.

Во завршниот аргумент, главниот обвинител Кристијане Буркхајсер рече дека Фрицл ја деградирал Елизабет во „состојба на целосна зависност и ја третирал како негова сопственост“. Таа додаде дека Фрицл извршил убиство, бидејќи имал 66 часа да побара медицинска помош за новородениот син, чии проблеми со дишењето биле предизвикани делумно од тоа што папочната врвка му била завиткана околу вратот, но не презел ништо и свесно дозволил бебето да умре. „Тој не само што ја гледал туку и ја слушал борбата за живот на новороденчето - 66 часа“, рече Буркхајсер.

Маер тврдеше дека Елизабет не ја опишала борбата за живот на новороденчето во списанието што го чувала во визбата. Буркхајсер, исто така, рече дека Фрицл покажал „неверојатни манипулативни вештини“, на пример, намамувајќи ја својата ќерка во визбата преправајќи се дека му е потребна помош за носење врата. „Не дозволувајте да бидете измамени како што беше Елизабет пред 24 години“, рече Буркхајсер, мислејќи на признанието од средата.

Ева Плац, адвокатка на Елизабет, рече дека изјаснувањето за виновен на Фрицл не треба да се сфати како знак на каење. „Никој не го познава добро обвинетиот како мојот клиент (Елизабет). Можам да кажам дека она што го слушнавте вчера не беше признание. Зошто дури вчера се премисли?“, рече таа.

Со намуртен изглед, Фрицл вчера влезе во судот опкружен од десетина полицајци. Тој го носеше истиот истуткан сив костум со сина кошула и врска.

Обвинителите јавија дека децата кои биле во затворени никогаш не ја виделе светлината на денот и морале да гледаат како Фрицл повеќе пати ја силува нивната мајка. „Основната потреба била за моќ. Станува збор за доминација, за моќ, за контрола“, сведочеше психијаторот Аделхајд Кастнер.

Злоупотребите на Фрицл беа обелоденети во април минатата година, кога тој го однел најстарото дете во болница бидејќи било тешко болно. Елизабет и нејзините шест деца, на возраст од 5 до 19 години кога беа откриени, од кои три биле затворени од раѓањето, сега живеат на непозната локација со нов идентитет. Три од децата биле одгледувани од Фрицл и неговата сопруга Розмари, откако тој објавил дека Елизабет ги напуштила и се приклучила на секта. (Ројтерс)

Фрицл не е ниту глупав ниту болен

СЕНТ ПЕЛТЕН - Третиот ден од судењето е без присуство на ќерката, и отворено за јавност, а 73-годишниот обвинет се изјасни дека се чувствува виновен во однос на обвинението. Видеоснимката од сослушувањето на неговата ќерка го доведе до сознание, како што рече тој, дека навистина го преживеала тоа што го опишувала поради неговото болно држење.

Фрицл одеднаш се сеќава дека 1,5 час по раѓањето на близнаците ги видел децата и забележал дека едното тешко дише. „Морав нешто да направам“, рече, а потоа сепак се огради дека не му била цел бебето да умре. Тој се товари за убиство поради недавање помош.

Според излагањето на вештакот- психијатар Аделхајд Кастнер, Фрицл не е ниту глупав ниту болен. „Кој прави такво нешто не мора да биде болен, но сигурно е тешко нарушен. Тоа го тера да направи нешто за што знае дека не би смеел да го направи“. Судскиот вештак го следеше тоа нарушување низ годините наназад, преку мајката на Фрицл, па се' до неговите дедовци и баби, во чии животи и односи пронајде одредени паралели. Вештакот смета дека Фрицл свесно ја избрал жртвата. Таа ќерка му била најслична, крута и сил��а како и тој самиот. Да се владее со некој послаб не би било задоволувачки.

Како можел 24 години да живее со вина? „Многу едноставно“, и' вели Фрицл на Аделхајд, бидејќи кога зад себе ќе ја затворел вратата на затворот во визбата, би се затворила и вратата во неговата глава. Но, во тоа вештакот не наоѓа никаков изговор за Фрицл. „Тој постапувал спротивно на сите правила на човечкиот живот и можел да препознае неправда. Фрицл е виновен за тоа што го направил“. Иако неговата сексуална потенција ќе почне да слабее, потребата за моќ останува. Поради тоа, покрај казнување, тој мора да се смести во психијатриска болница.


Статијата е прочитана 808 пати.

Испрати коментар

Од: Емилија
Датум: 20.03.2009 09:48:31
Треба да и се суди и на неговата жена.Како е можно да за толку долго време не примети и не се посомнева дека нешто се случува? Таа сугурно знаела но се грижела само за себе.Казна и за неа
Од: sladj
Датум: 20.03.2009 16:20:11
Kakva "kazna"!? ke si dobie ubava soba vo nekoja mentalna institucija, so cista postela, topla voda, tri obroka na den, TV, internet, biblioteka..institucii od toj vid imaat takvi raboti..ke si sadi cvekenca vo dvorot na bolnicata..neli, kako terapija...Normalno deka ne e ni budala nitu bolen!! zosto bi si go kriel liceto so papka, znaci kompletno e svesen sto napravil i deka toa ne e vo red. ednostavno ima zli luge i kaznata treba da bide adekvatna na zlostorstvoto...ne gledam potreba od rehabilitacija na 73 godisen zol starec i trosenje na pari na danocni obrznici...FUJ!!

Најди! во Утрински
Насловна
В недела нови избори, ланските инциденти во судски лавиринти
Уставна рампа за лоши проекти
Зденко
Џиновски паноа
Дали Иванов самиот се стави под мраз за ТВ-дебати
Граѓаните се изнаслушаа фрази и гафови
Пролетта доаѓа со снег и мраз
Делчев и Станишев
Стечајот ќе ги банкротира млекарите
Милошоски очекува одговор од Бакојани
И жабата сакала да ја потковаат
Породилниот надомест за невработените мајки под прашалник