Влашиќ во Монако ја прослави деветата победа сезонава
Дузина одлични резултати го одбележаа силниот атлетски митинг „Херкулс“ на „Луј Втори“ во Монако. Хрватската атлетичарка, Бланка Влашиќ, го доби дуелот со германската ривалка Арне Фридрих со прескокнати 203 сантиметри. За Влашиќ ова е деветта победа во 2009 година и одлична најава за претстојниот атлетски мундијал во Берлин. Среброто го освои Фридрих (прескокна 203 см. од рет обид, Влашиќ тоа го стори од вториот), а бронзениот медал и' припадна на Русинката Ана Чичерова со 195 сантиметри.
Американката Лашинда Демус победи на 400 метри со пречки со време 52,63 секунди пред олимписката шампионка Мелани Вокер (54,20 секунди). „Златната“ на 100 метри со пречки од Пекинг, Сели МекЛилан, триумфира во Монако со време 12,50 секунди, Ван Зила беше најдобар на 400 метри со пречки кај мажите (47,94 секунди).
Олимпискиот победник и светски рекордер, Дајрон Роблс, победи на 110 метри со пречки (13,06 секунди). Победа однесе и светската шампионка во трискок, Јаргелис Савињ, која во Монако прескокна 14,89 метри, со злато на „Луј Втори“ се закити и олимписката победничка и светска шампионка во фрлање копје, Барбора Шпотакова, со остварување од 65,37 метри, додека Шели Ен-Фрејзер мина прва низа целта на 100 метри со време од 10,91 секунди. |