Број 3049  четврток, 30 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Лино Червар од денеска на тренинг со Металург

Познатиот хрватски тренер требаше синоќа да допатува во Скопје и да го преземе еден од нашите најдобри клубови

За денес е закажана промоција на еден од најдобрите светски ракометни тренери, Хрватот Лино Червар, кој во новата сезона ќе го води еден од нашите најдобри клубови - Металург. Како што ни тврдат одговорните луѓе во Металург, се' е договорено со актуелниот селектор на хрватската репрезентација и поранешниот тренер на Загреб Осигурување, Лино Червар, кој денеска ќе го одржи првиот тренинг со играчите на Металург. Неговото доаѓање се очекуваше доцна синоќа.

Лино Червар сигурно е најпознатото тренерско светско име кое ќе работи во Македонија. Сите успеси на хрватската репрезентација и на клубот Загреб Осигурвање се поврзани со неговото име. Тој не само што ќе ги тренира и играчите на Металург, туку ќе држи и чесни семинари со останатите тренери во Македонија.

Дали покрај него, јасно со неговиот аманет, Металург ќе ангажира уште некој ракометар, ќе биде познато за неколку дена откако Червар ќе го скенира играчкиот потенцијал на Металург. Засега клубот од Автокоманда има ангажирано три познати имиња: тоа е репрезентантивецот на Македонија, Наумче Мојсовски, досегашниот играч на Вардар Про и Србите Божидар Маркичевиќ и Душан Миличевиќ.

Клубот го напуштија Александар Стојановиќ кој беше позајмен играч, и Живковиќ, Червар не ќе може да смета и на повредениот Жмигиќ, додека статусот на Маљцев и Јовиќ останува отворен. За нив ќе одлучи тренерот. И двајцата изразија желба да останат во клубот. Червар во новата сезона ќе може да смета на Ванчо Димовски, кој успешно се опоравува од повредата. До 5 август Металург ќе тренира во Скопје, а потоа ќе се пресели во Словенија, се' до 18 август каде ќе одигра повеќе пријателски натпревари. Веќе се закажани средби со Рибница, Требње, Горење и Цеље.

Инаку Червар потпиша двегодишен договор со Металург. Во Скопје има обезбеден луксузен стан и, како пишуваат хрватските медиуми, престојот на Червар во Скопје ќе го чини Металург 200.000 евра. (М. М.)


Статијата е прочитана 439 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Влашиќ во Монако ја прослави деветата победа сезонава
Најдобрите тенисери бараат солени суми за учество на помалите турнири
Шумахер ќе го замени Маса во Ферари
Работнички не ја продава својата кожа така лесно
Утре во продажба билетите за мечот со Шпанија
Во Струмица и Турново квалификации за женската ЛШ
Бидерман му го нанесе најтешкиот пораз на Фелпс
Фудбалски вести