Најдобрите тенисери бараат солени суми за учество на помалите турнири
Неверојатна работа! Разговарав со братот на Николај Давиденко, кој побара 30.000 евра за настап на Умаг. Му кажав дека ќе му дадам 30.000 евра само да не доаѓа во Умаг!, изјави Славко Расбергер, директорот на АТП турнирот „Кроација опен“, пред четири години во разговорот со медиумите.
Времињата се променија. Оваа година Давиденко е тој на кого Расбергер најмногу го „одврза ќесето“.
„Менаџерите се најголемото зло за тенисот. Ќе ги уништат малите турнири“, коментира тој.
Бонусите за учество на турнирите не се никаква новост. Појавување на Федерер или Надал на некој помал турнир, на пример, од оваа категорија како во Умаг, чини околу милион евра. А, и останатите се поскапи.
„Новиот состав на бодување и распределбата на турнирите ќе ги уништат најмалите. Бидејќи од оваа година се бодуваат два најдобри резултата на турнирите од категориојата 250 (во која е Умаг) тенискиот крем воопшто не е стимулиран за доѓање на турнирите. Освен, ако не уплатите добра сума на нивните сметки“, открива Расбергер. |