Број 3049  четврток, 30 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Работнички не ја продава својата кожа така лесно

Попладнево на „Филип Втори“ „романтичарите“ против Одензе во првиот меч од 3. квалификациско коло за Лига Европа

Сашко Ѓ. Димовски

„Потајно се надевам дека за иста цел ќе се сретнеме уште неколку пати“, ни се обрати капитенот на Работнички, Раденко Бојовиќ, на прес-конференцијата за денешниот дуел со Одензе на „Филип Втори“ (17 ч.), прв со данскиот противник во третото квалификациско коло за Лига Европа и продолжи:

„По буџет, искуство, традиција Одензе е фаворит. Но, е фаворит на хартија, а фудбалот не би бил фудбал кога не би имало изненадувања. Имам право да се надевам на пласман во четвртото коло. Тоа не е само моја надеж туку и надеж на сите фудбалери и стручниот штаб. Сигурен сум дека ако одиграме квалитетно како што одигравме со мечевите со силни противници како Војводина и Партизан во подготовките ќе обезбедиме и добар резултат за реваншот во Данска“.

И тој во името на сите фудбалери на Работнички и тренерот Зоран Стратев ветуваат дека ќе демонстрираат добра партија, офанзивна игра, дека дуелот со Одензе ќе биде одлична фудбалска претстава. Притоа порачаа дека не помислуваат да се бранат.

„Ако не нападнеме дома потешко е тоа да го сториме во гости. Фондот и профилот на ирачисо кои располагаме не е за бункер. А, и да е, тоа лошо. Ако се браниме 90 минути сигурно ќе примиме гол. Затоа ќе се обидеме да поентираме, кога ќе се браниме ќе играме во формација 4-5-1 со тоа што Вандаир и Зе Карлос ќе имаат обврски да помогнат во играта на средината од теренот, кога ќе напаѓаме ќе напаѓаме во формација 4-3-3“, вели Стратев, кој додаде дека нема проблем околу мотивирање на играчите.

„Тие сами се мотивираат. Се мотивираат од противникот, од можноста да останат во Европа. Ако го прикажат она што го прикажуваатна последните неколку тренинзи ќе немаме проблем. На мала повреда се жалеше Боби Божиновски, но тој ќе биде во комбинација за Одензе, во тимот се враќа и голманот Кристијан Наумовски, а за место во стартниот тим конкурира и новиот Бразилец, Марсио“, рече кормиларот на дебармаалци, кој очекува повеќе од напаѓачите Савиќ и Вандаир.

Стратев воедно упатува на претпазливост кога се во прашање картоните иако деновиве им обрнал внимание на нивната дисциплина во двомечот со Крусејдерс. Пет-шест играчи на Работнички имаат по еден жолт картон, втор ќе значи пропуштање на еден меч. Затоа неговите фудбалери ќе мора да бидат особено внимателни во дуелите со противничките играчи. Фаворитската улога му е препуштена на Одензе, но дека и на Данците не им е сеедно, Стратев се обиде да го објасни со фактот дека не бил цеде од играта на Одензе како што му беше ветено.

„Одензе е клуб со високо фудбалско педигре, квалитетен клуб, има неколку интернационалци од кои најпознат е Ерик Џемба Џемба, има осум играчи кои се репрезентативци на своите земји. Меѓутоа Одензе не е тим од самиот европски врв. Факт е дека ќе играат офанзивно, на секој меч постигнуваат по два-три гола, но се надевам дека толку топки нема да завршат во нашата мрежа. И ние ќе се однесуваме офанзивно. Цеде од нивните мечеви во данското првенство не добив. Тоа доволно говори дека и Одензе не' респектира нас“, заврши Стратев.

Денешниот меч меѓу Работнички и Одензе ќе започне во 17 часот. Правдата ќе ја дели судиска тројка од Русија. Главен арбитар ќе биде Владислав Безбородов, ќе му помагаат Вјачеслав Семенов и Дмитриј Мосјакин.


Статијата е прочитана 294 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Влашиќ во Монако ја прослави деветата победа сезонава
Најдобрите тенисери бараат солени суми за учество на помалите турнири
Шумахер ќе го замени Маса во Ферари
Лино Червар од денеска на тренинг со Металург
Утре во продажба билетите за мечот со Шпанија
Во Струмица и Турново квалификации за женската ЛШ
Бидерман му го нанесе најтешкиот пораз на Фелпс
Фудбалски вести