Утре во продажба билетите за мечот со Шпанија
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) утре ќе ги пушти во продажба влезните билети за пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија што ќе се одигра на „Филип Втори“ арената на 12 август во 22 часот.
Влезници за дуелот на нашиот национален тим со европскиот шампион ќе може да се купат во билетарницата на националната арена „Филип Втори“ од петок изутрина од 08 часот и во неколку градови во државата (Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Кочани, Кавадарци, Велес, Охрид, Тетово и Неготино).
Цената на влезниците за Јужната и Северната трибина за мечот со Шпанија изнесува 200 денари.
|