Во Струмица и Турново квалификации за женската ЛШ
Од денеска до четврти август Струмица и Турново ќе бидат домаќини на една од квалификациските групи за женската Лига на шампиони на УЕФА. Претставник на Македонија во ова натпреварување е шампионот Тиквешанка која во групата ќе се пресмета со шампионите на Франција (Монпелје), Бугарија (НСА Софија) и Фарски острови (Клаксвигер).
Попладнево на стадионот „Младост“ во Струмица ќе играат Монпелје и Клаксвигер, во Турново екипата на Тиквешанка ќе се сретне со НСА Софија. Двата меча ќе започнат во 17 часот.
На први август (17 ч.) Тиквешанка ќе игра со Монпелје во Струмица, Клаксвигер ќе се пресмета со НСА Софија, во третото коло на 4 август (17 ч.) во Струмица ќе играат бугарскиот и францускиот првак, Тиквешанка во Турново ќе се сретне со шампионот на Ф. острови. (С.Д.)
|