Скопјанец упаднал на забава и ја убил поранешната девојка, нејзиниот маж и нејзините родители
Љубоморен Македонец застрелал четири лица во кафеана во Чешка. Според првичните информации, 42-годишниот скопјанец упаднал на фамилијарната забава на која имало голем број гости во ресторан во Петрвалд. Веднаш ја застрелал својата поранешна девојка, а ги убил и нејзините родители, како и нејзиниот триесетгодишен сопруг. Убиството кое се случило во саботата навечер ја шокираше чешката јавност, а медиумите опширно известуваат за настанот што се случил во местото Петрвалд, на истокот на земјата.
Иако медиумите првично шпекулираа дека станува збор за државјанин на Македонија, Албанија или од Црна Гора, од македонскиот конзулат во Чешка потврдуваат дека станува збор за нашинец, по потекло од Скопје.
Како што пренесуваат чешките медиуми, повикувајќи се на портпаролката на полицијата, Сона Стетинска, убиецот по грозоморниот чин се обидел да се самоуби, пукајќи си во главата. Поради сериозните повреди, тој е хоспитализиран во локалната болница и неговата здравствена состојба е критична.
Трагедијата се случила по полноќ, околу 1,30 часот, кога скопјанецот, најверојатно, поради љубомора, влетал на прославата на која имало десетина гости и почнал неконтролирано да пука. Меѓу гостите, според чешките весници, имало и двегодишни деца, кои, за среќа, не се повредени од неконтролираното рафално пукање.
Притоа, убиецот ја погодил 25-годишната жена, која порано му била девојка, а на самото место ги усмртил и нејзините родители на возраст од 47 и 50 години. Полицијата зела примероци од неговата крв за да провери дали бил под дејство на алкохол. Иако се претпоставува дека станува збор за убиство од љубомора, полициски извори изјавиле дека ќе биде неопходно прво да се сослушаат напаѓачот и очевидците, што во овој момент било невозможно поради вознемиреноста и лошата психичка состојба на сите што присуствувале на прославата. (Д.Т.)
Toj za sebe nikogas ne bi rekol deka e Makedonec. Zosto e potrebno da go prisvojuvate posle vakviot zlocin?
Од: blazo0870
Датум: 09.03.2009 00:50:11
ne makedonec ,tuku alanec od makedonija, napravi razlika.
Од: coraddo
Датум: 09.03.2009 08:44:43
ne znam deka bi se narekol makedonec,samo ima makedonsko drzavjanstvo,sto voopsto ne go pravi Makedonec.eh kolku ima za da si Makedonec!!!
Од: Velas
Датум: 09.03.2009 10:10:43
Makedonec so pishtol vo Ceska? Ashkolsum...
Од: Verag
Датум: 09.03.2009 12:36:11
овие наши Албанци само во странсво се Македонци,само да го срамат нашето име. дали сте забележале дека.иако се 25% од населението во Македонија,во странство се преку 90% кога се работи за криминал. А не само во странство.
Од: XXL
Датум: 09.03.2009 12:55:09
Pobudala zenska populacija od Cehinjite ne sum videl..sekoja cest na izuzetok...Za grst pari skljucuvaat brakovi so Albanci a vo brakot na koj Albancite insistiraat iako doma ostavile i zena i deca..Cehinjite sogleduvaat so kogo imaat rabota...Ama togas e poveke od docna...a vakvi slucaevi ima na stotici...kade Cehinjite so prinuda se vo stapica....!!!
Од: Makedonec vo EU
Датум: 09.03.2009 13:08:07
Imeto bogami, mnogu Makedonski zvuci. Duri i Anticki, bi rekol...
Од: albanec
Датум: 09.03.2009 14:04:56
ne mise veruva da prat makedoncite ova oti mnogu se dobri luge cudno mije gledajte dobro da ne e alb oti samo alb ubivat nikoj drug vo ovoj svet a makedoncite se samo za ljubov i mir aman mnogu mije zal sto imat problemi so grcka nacija....
Од: Davor Kamenko
Датум: 09.03.2009 16:06:12
Od kaj Makedonec more daj neka si pishuva ubavo Albanec ko sto si e... Dosta vishe ne sramat samo ubistva i kriminal nasekade pravat! Ama ete vi, se tepame za imeto Makedonija i uste po vakvi da ne pamtat.. Abe top!
Од: gavella
Датум: 09.03.2009 16:41:53
ovie antickite makedonci imat fobija od site kako moze tolku crno da se pisuva za albancite sekogas za loso se albancite nie sme svedoci sto se sllucuva vo makedonija so seriskite ubijci sto ubivat stari so pedofilite site sllavjani se imeto mue sllavjansko na ubiecot e lugje postojat losi vo site narodi perenje na mozok vi napravija ovie vmro
Од: Дебарчанец
Датум: 09.03.2009 17:04:24
Ве молиме немојте да ги обвините само албанците за вакви грдотии, и што мислите вие македонците дека сите сте чесни и паметни,,,ма ве молам немојте така да го обвините некој друг без да имает некој доказ, па тој вашиот сериски убиец од Кичево што е , или и тој е албанец нцнцнц,,,Ке видите дека и тој е македонец,,,Поздрав