Број 2931  понеделник, 09 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Криза и во чевларската индустрија

Оваа гранка носи девизен прилив од 5 до 6 милиони евра годишно

Александрија Стевковска


Кризата ја погоди и штипска „Баргала“, која вработува околу 1.200 луѓе од Штипско. Таму веќе прават калкулации за помали плати, а половина од вработените се пуштени на годишен одмор. Неизвесно е кога и дали воопшто ќе се вратат на работните места. Постои можност и дел од другите 600 вработени да бидат пуштени дома ако не пристигнат нови нарачки за производство на обувки за сезоната есен-зима.

Најголемиот страв доаѓа од помислата дека со евентуално застанување на производството од еден месец фабриката не ќе може да се врати во нормала една година. Се прогнозира дека овој месец е критичен затоа што ќе се разбистрат работите околу нови нарачки.

Со негативните движења во текстилната и чевларската индустрија, на луѓето од Штипскиот регион не им останува ништо друго, освен да чекаат и да видат дали ќе бидат следни на листите за отпуштање или, пак, ќе им бидат скастрени платите.

„Засега немаме никакви нарачки за работа. Се' уште на нашите партнери не им се дефинирани потребните количини. Досега беше практика до крајот на февруари да има нарачки, а сега не е така. Сите чекаат да видат како ќе се одвива ситуацијата, бидејќи потрошувачката е многу намалена. Така, ако порано имало нарачки за 1.000 или 10.000 пара обувки, сега бројот е преполовен. Имено, во февруари-март доаѓаа нарачки за есен-зима колекцијата, а во меѓупериодот се надополнуваше асортиманот на модели“, вели Катерина Барзова од „Баргала“. Според неа, „Баргала“ не може да избега од општите негативни трендови, кои ја зафатија чевларската индустрија во земјава.

„Кумановските чевлари веќе работат со 80 отсто помал капацитет, поради застанатите нарачки за чевли. Не можеме да останеме надвор од тие случувања“, вели Барзов��. Тоа дека потрошувачите се се' повнимателни и се' поретко купуваат, Барзова се уверила и самата при посетата на европските земји.

„Порано кога одев во Италија или во Германија, продавниците беа преполни. Сега се празни. Нема продажба. Европејците се исплашени, штедат, а тоа се одразува и врз нас, односно предизвикува недостиг од нарачки за работа“, додава Барзова.
Според извршниот директор во „Баргала“, Благој Донев, тежината на слабиот промет трговците ја префрлаат врз производителите, обидувајќи се да ја намалат производната цена. Тоа ги става во шах-мат позиција и немаат друг избор освен самите да ги редуцираат трошоците, преку намалување на платите. Но, менаџментот нема голем простор за маневри.

„Токму затоа во вакви времиња Владата е таа која може да и' помогне на чевларската индустрија, бидејќи се работи за гранка која носи девизен прилив од пет до шест милиони евра годишно. Знаеме дека доаѓаат избори и дека се приоритет. Но, не може да се занемари економијата, која е крвотокот на општеството. Најдоцна по изборите Владата треба сериозно да се зафати со санирање на состојбите во стопанството, посебно во трудоинтензивните гранки, како што се текстилот и чевларската индустрија“, препорачува Донев. Тој смета дека е неопходно државата да ги стави на инфузија овие гранки, а за да се постигне тоа, треба да се искористат инструментите кои стојат на располагање.

„Владата може да помогне во делот на давање на тендерите за набавка на опрема на домашни фирми, бидејќи секоја земја го штити своето производство. Кај нас, пак, на тендерите постојано се протежираат странските фирми, што му носи само штета на нашето стопанство. Владата може да се најде и во делот на одложено плаќање на придонесите за неколку месеци, инаку не можеме да опстанеме. Еден од поголемите удари овој период е токму реформата цела плата, која не' присилува до средината на месецот да исплаќаме плати, што ретко кој може да го постигне. Секое доцнење се казнува со пресметки на камати, што дополнително финансиски го оптоварува нашето работење“, објаснува Донев.


Статијата е прочитана 739 пати.

Испрати коментар

Од: pk-canada
Датум: 09.03.2009 00:40:28
pa neli Gvujo izjavi deka vo Makedonija nema ima kriza, deka e se vo red, deka tece med i mleko i tn. Vladata moze i mora da pomogne, iako se toa privatni firmi, treba da se zalaga za zacuvuvanje na domasnoto proizvodstvo so mnogu merki koi mozat da gi ublazat broblemite na stopanstvoto. no dali saka.I dosta so tie prikazni za kradenje na firmite i za drugi problemi od pred 15 godini.Znaevte kakva e sostojbata na ekonomijata, imavte polna kasa pari i namesto da se zafatite so stopanstvoto vie, vladata pocnavte da kopate grobovi i da kazuvate deka edni se anticki a drugi slovenski makedonci, a sega ce ne smiruvate edni so drugi demek.Aj sikter, pustete gi onie sto znaat.
Од: Читател
Датум: 09.03.2009 09:37:39
Нашиот министер за економија, кога во Америка се случи првиот удар кој ја зададе оваа криза, изјави дека ние сме мала земја и нема да не погоди ништо од тоа, големите има зошто да се плашат! Е тука се гледа неговата способност, не за десјтвивање, туку за основното ДА РАЗБЕРЕ што се случува во светот. Цела Европа зборуваше каква криза ќе не погоди , тој изјави дека ние ќе имаме дури и корист бидејќи странците ќе доаѓале кај нас да произведуваат, било поефтино така. Сите овие изјави се убаво документирани во весниците, новинарите нека се позанимаваат малку со истражувачко новинарство и ете им професионална статија. А во земјите од ЕУ владите интервенираат со капитал, ама еден од главните услови е фабриките да ги затворат погоните во странство и да си дојдат дома за да вработуваат кај својт народ. Значи не дека ќе дојдат кај нас, туку ќе бегаат. А нашата влада се рекламира, гради споменици и спомен куќи и ДИЗНИЛЕНДИ на вода! Да биде јасно, ова е само почеток, ќе биде уште пострашно.
Од: obicen smrtnik
Датум: 09.03.2009 09:41:15
Neznam vo koi "prazni" prodavnici vlegla Barzova vo Germanija i Italija ama mislam deka se odi na toa da se dobie pomos od drzavata i da se plasat graganite deka ke nema rabota.Podobro bi bilo da komentira deka ke go namalat profitot za ovaa godina otkolku deka ke gi otpusti site vraboteni
Од: До pk-canada
Датум: 09.03.2009 09:47:33
Брат, кого ќе го фарбаш. Ти не си во Канада. Таму се сите патриоти. Ти си од домашите предавници. Само изгледа не си го слушнал Груевски. Тој никогаш не изјавил дека ќе тече мед и млеко и никогаш не ги делел Македонците. Тоа го конструираат твоите, предавниците од СДС и после го верглаат до бесвест. Само за да ја скријат вистината дека на овие избори немаат ни програма, ниту нешто да понудат, освен истории, делби и експлоатација на глобалната светска криза.
Од: kriza
Датум: 09.03.2009 13:23:40
Tocno deka site zborea deka nema da ima kriza vo MK, od minister, zamenik do premier. Sega na "toso" se pravat site deka ne rekle taka. A nosea bez-veza zakoni u megu vreme, graganite plakaa kasi, softver, reklami i sl.. a sea pu pu ne vazi. Pa na kraj go pravat NARODOT DEKA BIL GLUP, ne razbrale oni sho sakat da kazat. Samo tie se krivi shto im ostavaat ova vaka da pomine ne kazneto.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (7)
Згазено достоинство
Зденко
Фармерите бараат помош од меѓународната заедница
Владин страв од осум милијарди евра!
Карикатура
Македонец уби четворица во кафеана во Чешка
Ќе игра ли Фрчкоски оро?
Блескави концерти на Симон Трпчески со Лондонската филхармонија
Секој секому должи, не е подобра ни државата
Владата со црвени панделки во изборна кампања
Екран за разбирање и за спојување
Агресивен белодробен вирус коси и млади и стари лица?
Британски војници убиени во напад на воена база во С. Ирска
Европа некомплетна без Западен Балкан