Број 2931  понеделник, 09 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Згазено достоинство

Жаклина Хаџи Зафирова

Кое достоинство го имаат нашите професионални војници кога, притиснати од закани, очајнички се обидуваат да стигнат до власта додека од другата страна нема кој да ги слушне за да им се реши статусот?

Тажна е сликата на војниците што протестираат со војнички марш. Тие молат пред Владата и пред Собранието за да ги згрижат поради нивниот несебичен влог за државата чии бои ги бранат. А, таа, државата, возвраќа со немање слух и со целосно игнорирање, како воопшто да не постојат, газејќи го нивното достоинство.

Веќе два пати досега професионалните војници, обединети од здружението „Достоинство“, го искажуваат револтот и незадоволството од законското решение, според кое со навршени 38 години би требало да останат на улица. Затоа апелираа до институциите и до одговорните. Се чини залудно.

Никој од надлежните не се покажа доволно доблесен да ги слушне нивните барања, па ако ништо друго, да им вети дека ќе се разговара за нивниот проблем. Дури и армискиот Синдикат им го сврте грбот наместо да застане во одбрана на своите колеги-професионалци, чии права по дефиниција би требало да ги застапуваат. Притоа, ги предупреди своите членови на „опасноста“ да излезат на протест, а истовремено ги повика на „мудрост и внимателност“!

Војниците порачаа дека нема друга алтернатива и дека ќе се обратат до НАТО. Таа адреса за нив станува опција. Затоа што сфатија дека сите се прават глуви и не сакаат да ги ислушаат нивните маки. Војниците се надеваат дека ако не сака никој да им помогне од дома, тогаш можеби ќе наидат на разбирање кај оние што ги наградуваат со ордени и признанија додека се борат под македонското знаме кое со гордост го покажуваат секаде. Барем таму надвор знаат да ја ценат храброста и способноста.

 


Статијата е прочитана 1348 пати.

Испрати коментар

Од: Boshko
Датум: 09.03.2009 00:53:53
Zgazeno dostoinstvo,Toa kazuva se i komentari se nepotrebni.Kade e taa patriotska vlada koja so 8 miiardi KE ja spasuva Mak.A najgolemite ambasadori na Mak, ne im pomognuva i gi ignorira,taa li e slobodata na vlasta taka li se postapuva so naj vitalnite luge vo drzavata.Glasajte za DPMNE,Ke dobiete penderek i Bugarsko drzavjanstvo.
Од: blagojce
Датум: 09.03.2009 11:29:06
gospoda preispitajtese i ne glasajte za dpmne i ivanov koga ne saka da im pomognat na branitelite pa zosto nie da glasame za bifsi komunjari , ke glasame za brat lube toa ni e spasot i idninata na makedonija
Од: девичанецот
Датум: 09.03.2009 12:48:24
Некои многу еднострани гледања на авторот! Нека самиот се запраша кој е основот на тие договори за професионалните војници. И колку пати тие се продолжувани. И дали дотичните потписници, сега демонстранти, знаеле што потпишуваат? И до кога им важи тој статус? А кутрите стечајци? А нека се запраша истиот автор што е со НАТО стандардите? Нели нашиот Закон за одбрана е усогласен со НАТО стандардите? Или пак секои три години Нато треба да отвара нови војни, заради војниците по договор? Си баравте Нато стандарди... гледајте си сеир??
Од: Makedonec vo EU
Датум: 09.03.2009 13:06:53
Izgleda deka branitelite se borea za pogresnata strana. Onie drugite dobro se ofajdija..
Од: Бојан
Датум: 09.03.2009 14:25:09
До девичанецот - Од такви како тебе пропаѓаме, во обидот да ја оправдаш Владата ти и мајка ти родена ќе си ја продајш, а не пак војниците кои се бореле за ти сега да имаш можност да живееш во мир и да сурфаш на интернет, и да јадиш бурек против нив.
Од: Turcin
Датум: 09.03.2009 14:55:20
eeee luge luge koga tie na vlasta ne gi interesira za narodot pa za vojskata sve napravija samo za svoi potrebi,a na narodot od 5 te najdolgoto,a za profesionalcite od 10 te najgolemoto eeee luge luge nie sme samo ovci

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (7)
Зденко
Криза и во чевларската индустрија
Фармерите бараат помош од меѓународната заедница
Владин страв од осум милијарди евра!
Карикатура
Македонец уби четворица во кафеана во Чешка
Ќе игра ли Фрчкоски оро?
Блескави концерти на Симон Трпчески со Лондонската филхармонија
Секој секому должи, не е подобра ни државата
Владата со црвени панделки во изборна кампања
Екран за разбирање и за спојување
Агресивен белодробен вирус коси и млади и стари лица?
Британски војници убиени во напад на воена база во С. Ирска
Европа некомплетна без Западен Балкан