Број 2931  понеделник, 09 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Британски војници убиени во напад на воена база во С. Ирска

Ништо и никакви убијци не може да го запрат мировниот процес, изјави Гордон Браун

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски



ЛОНДОН - Двајца британски војници се убиени, а четворица други се тешко повредени во вооружениот напад врз една воена база во областа Антрим во Северна Ирска. Инцидентот се случил во базата Месерен, оддалечена 26 километри, северно од Белфаст, во моментот додека војниците излегле да ја примат пицата што претходно ја имале нарачано. Меѓу потешко повредените се и двајцата разнесувачи на пица.

Ова е прв ваков напад во Северна Ирска, каде што се веруваше дека мировниот процес веќе е завршен и стабилизиран со потпишувањето на спогодбата од Стормонт, на Великипеток во 1998 година и со враќањето на суспендираната локална автономија, откако унионистите, протестанти и републиканците од Шин Феин католици се согласија прв пат да се создаде заедничка локална влада, во која премиерот е унионист, а неговиот заменик е републиканец. Последен пат напад врз припадници на британската војска во покраината имаше во 1997 година, кога припадници на паравоената ИРА, која се бореше против британската управа и за присоединување на Северна Ирска кон Република Ирска, извршија снајперски напад врз една касарна.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека засега не се знае кој би можел да стои зад нападот врз базата во која, инаку, е сместен еден британски инженерски полк, но се претпоставува дека зад вооружената акција, најверојатно, се кријат „отпадници” на републиканското движење, како што во Лондон обично се нарекуваат дисидентските членови на поранешна ИРА кои не го прифаќаат мировниот процес во покраината.

Отворена е широка истрага за нападот врз воената база и обемна потрага по напаѓачите. Очевидци, како и луѓето кои живеа�� во близината на овој воен објект, велат дека нападот бил проследен со две долги престрелки што го исплашило локалното население кое во првиот момент не знаело за што станува збор.

Според сведочењето на некои очевидци, се претпоставува дека во нападот биле вклучени три лица.

Британскиот премиер Гордон Браун во изјавата за домашната јавност рече дека е „шокиран од она што се случи во Северна Ирска“, порачувајќи дека „ништо и никакви убијци не може да го запрат мировниот процес“. Во посебно соопштение, кабинетот на владата во Даунинг стрит 10 објави дека се изразува сочувство до семејствата на убиените војници, како и желби за закрепнување на сите повредени, означувајќи го нападот како „страшен инцидент“ за кој неговите сторители ќе бидат казнети.

Министерот за Северна Ирска Шон Вудворд го нарече нападот „криминално варварство“. Претседалот на локалната влада, Питер Робинсон, кој е и лидер на Демократската унионистичка партија, изјави дека последните случувања и нападот на базата, како и убиствата на војниците, потсетуваат на „страшните времиња од минатото“. Тој ја искористи приликата да потсети на предупредувањето искажано уште минатата година дека е прерано судската и полициската власт од Лондон да се префрли во Белфаст, за што жестоко се противеше Шин Феин, а поради што со месеци беше блокиран целиот мировен процес. Според Робинсон, останува забелешката дека и покрај формално завршениот процес за разоружување, определени „отпаднички” групации кај републиканците се' уште чуваат оружје и понатаму се противат на воспоставување траен мир во Северна Ирска.

Во 2008 година е регистриран обид за убиство на припадник на полициските служби, а во февруари оваа година беше откриена и демонтираа оставена бомба тешка 135 килограми.

 


Статијата е прочитана 404 пати.

Испрати коментар

Од: Miladin
Датум: 09.03.2009 00:06:09
Pod hitno da se isprati amerikanski olesnuvac i da se pregovara za ramkoven dogovor.A ovie sto gi postavaat minive da vlezat vo irskiot parlament kako pratenici. Toa e uspesen recept koj sto kaj nas odlicno funkcionira.
Од: Petre
Датум: 09.03.2009 08:20:11
Aнглија треба веднаш да даде независност на С. Ирска по угледот на Косово. Впрочем таа има искуство во тоа бидејки е една од креаторите за независно Косово. Фуере пак да се постави за претседател на новата држава бидејки најмногу знае како Косоварите ја организираат нивната
Од: joki
Датум: 09.03.2009 09:03:33
zosto amerika mozeme nie da im ispratime oslesnuvac od kaj nas a fuere da si odi doma i da mu go pratime ali ahmeti da mu bide medijator i tutor kako se pravi ramkoven dogovor. i nie ke gi ocenuvame i ke im kazuvame dali gi ispolnile uslovite za podelba fedralizacija i togas ke gi vikneme Vels i Skotska za dobivanje na siroka avtonomija a bakojani da dojde da im ja izmeri zemjata da vidi kade koj ima legitimno pravo na zemjata irska (britanija ili drugava irska) znaete vo procenti bidejki grcite se dobri vo matematika i istorija pa da procenat koj ima legitimno pravo da ja poseduva taa teritorija i ime znaete moze tie da ispadne deka se grci! A ako ne na medjunaroden sud a grujo ke im bide medijator kako se resavaat tie problemi ( bilateralni se razbira) ohi ohi dosta vie skopia skopia
Од: euro4
Датум: 09.03.2009 12:59:43
Ne samo Severna Irska Tuku i Skotska i Vels da bidat nezavisni drzavi.Vo Ostatokot narecen ANGLIJA da se sprovede ramkoven dogovor so MUSLIMANITE i istite da vlezat kako konstitutiven narod na MUSLIMANOANGLIJA.Vladata da se izbira so konsenzus.
Од: komentator
Датум: 09.03.2009 13:26:20
Ma kakov "ohridski dogovor"..kralicata malce da si ja simne sapkata od glava podobro da gi gleda rabotite ili da go vrati Bler...toj sekogas e raspolozen so osiromasen uranijum da mava.. pa ke gi istrebi Ircite za cas.. kako nas sto sega ne trebi so rakot za 100% pokacen...!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (7)
Згазено достоинство
Зденко
Криза и во чевларската индустрија
Фармерите бараат помош од меѓународната заедница
Владин страв од осум милијарди евра!
Карикатура
Македонец уби четворица во кафеана во Чешка
Ќе игра ли Фрчкоски оро?
Блескави концерти на Симон Трпчески со Лондонската филхармонија
Секој секому должи, не е подобра ни државата
Владата со црвени панделки во изборна кампања
Екран за разбирање и за спојување
Агресивен белодробен вирус коси и млади и стари лица?
Европа некомплетна без Западен Балкан