Број 2931  понеделник, 09 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Блескави концерти на Симон Трпчески со Лондонската филхармонија

Популарниот Концерт број 1 за пијано и оркестар од Чајковски го отсвирев по четири и пол години, вели Трпчески

Долготрајните аплаузи и овациите на британската публика наменети за македонскиот пијано виртуоз Симон Трпчески уште еднаш се повторија. Нашиот уметник минатиот викенд настапи како солист на Лондонската филхармонија на концертите во Royal Festival Hall во Лондон и во Дом во Брајтон, изведувајќи го популарниот Концерт број 1 за пијано и оркестар од Чајковски. Публиката и во двете, до последното место исполнети сали, со воодушевување бараше изведба на бис, која беше резервирана за делото од македонскиот композитор Панде Шахов, „На Струга дуќан да имам”, посветена, како што рече Трпчески „на градот на поезијата во неговата земја, Република Македонија”.

Диригентот на концертите, Французинот Луј Лангре во својата изјава за медиумите не го криеше своето воодушевување што за прв пат настапува на иста сцена со Трпчески. „Извонреден е, рече Лангре, сум слушал многу за него од луѓето кои работат со него во ЕМИ Класикс и во Линколн Центарот во Њујорк каде што јас сум уметнички директор на оркестарот „Претежно Моцарт”, но ова е прв пат да настапиме заедно. Симон има некој електрицитет, звучи толку чисто. Еве, во Концертот број 1 на Чајковски што го свиревме на овие два концерта… начинот на кој тој го „изостри”, а при тоа понуди цела палета бои, со извонредни премини… навистина длабоко сум импресиониран и среќен. И’ го дава најдоброто на музиката што одлично ја познава. Затоа, тој беше и особена инспирација за членовите на оркестарот на Лондонската филхармонија со кои оствари совршено надополнување: прашања и одговори, провокации,… и сето тоа, толку чисто. Фантастичен е и волшебен, а едноставен и благороден. Зрачи со невидена харизма и се надевам на ш��о поскора повторна соработка”- вели диригентот Лангре.

И пијанистот Трпчески не го криеше задоволството од најновиот триумф: „По втор пат настапувам со Лондонската филхармонија, еден од врвните светски оркестри. Публиката во Royal Festival Hall и во Брајтон повторно беше одушевена, а оркестарот одлично ме прифати. На мое огромно задоволство, приемот беше каков што само може да се посака. Секако, тука беше и одговорноста од изведбата на толку популарниот Прв концерт на Чајковски, но тоа беше желба на Лондонската филхармонија и јас овде го отсвирев по четири и пол години. За прв пат настапив со диригентот Лангре кој со својата музикалност и мекост даде се’ од себе за да ја создаде вистинската атмосфера. Заради се’ ова концертите беа и повеќе од успешни и публиката не’ награди со фантастични аплаузи и овации. Така, со задоволство го поврзав фактот што Чајковски користи фолклор и песни во Концертот и јас направив убава паралела па својата лондонска премиера ја доживеа и „На Струга дуќан да имам” од Панде Шахов”-изјави Трпчески.

По повод настапот на нашиот пијанист во Лондон, амбасадорот на Република Македонија во Обединетото кралство, Марија Ефремова приредила и пригоден прием.

Извонредно успешната турнеја на Трпчески веќе во вторник продолжува со рецитал во Кембриџ, а завршува на 14-ти овој месец со концертот во Даблин, каде македонскиот пијано виртуоз ќе настапи како солист на Националниот оркестар на Радио-телевизија Ирска. (К.Р.)

 


Статијата е прочитана 377 пати.

Испрати коментар

Од: pogled
Датум: 09.03.2009 07:34:24
Честитки за успесите маестро Трпчески. Продолжи да ја афирмираш својата земја и нејзиното име Република Македонија. На полето на културата нашиот јужен сосед не може да влијае врз нашето име. Тој е вешт само лавиринтите на европската бирократија.
Од: milanka
Датум: 09.03.2009 09:17:47
Bravo gospodine virtuoze, ja sledam VASHATA kariera i sekogash se raduvam na VASHITE uspesi. I ne samo talentiran. Vie ste izvonredno skoromen i kulturen. I ptriot iako na primeren nacin bez da se falite so toa. Od Vas bi mozel da nauci neshto gospodinot Boris Trajanov. Da si cenet vo svetot, da ja promovirash svojata zemja so silata na svojot talent, rabota, skromnost i vistinskite vrednosti. Bez eftin marketing so sadenje drva i koketiranje so Vlasta.
Од: Mirce - London
Датум: 09.03.2009 18:23:15
Bese prekrasno cuvstvo i gordost da bides Makedonec vo prepolnata sala na Londonskata filharmonija. Ovacii i dolgi aplauzi za virtoznata izvedba na Maestro Trpcevski seuste odeknuvaat vo potsvesta. I si velam, daj Boze Makedonija da ima sto poveke vakvi Ambasadori da ne pretstavuvaat vo svetot. Bravo Maestro Trpcevski, te ocekuvame povtorno vo London!

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (7)
Згазено достоинство
Зденко
Криза и во чевларската индустрија
Фармерите бараат помош од меѓународната заедница
Владин страв од осум милијарди евра!
Карикатура
Македонец уби четворица во кафеана во Чешка
Ќе игра ли Фрчкоски оро?
Секој секому должи, не е подобра ни државата
Владата со црвени панделки во изборна кампања
Екран за разбирање и за спојување
Агресивен белодробен вирус коси и млади и стари лица?
Британски војници убиени во напад на воена база во С. Ирска
Европа некомплетна без Западен Балкан