Број 2931  понеделник, 09 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Секој секому должи, не е подобра ни државата

Бизнисмените бараат барем државата навреме да ги сервисира обврските спрема фирмите

Соња Маџовска



Расте внатрешната неликвидност. Во услови на криза и намалена економска активност, домашните фирми уште повеќе доцнат со сервисирањето на обврските едни кон други. Вината за внатрешната се' поголема задолженост бизнисот ја бара и кај Владата, односно буџетските институции, кои доцнат со исплатите. Бизнисот се жали и смета дека тоа треба веднаш да се промени, бидејќи како што бара државата од фирмите навреме да си ги плаќаат сите обврски кон неа, така и фирмите од буџетските корисници бараат и тие навреме да си ги сервисираат обврските.

И големите компании укажуваат на овој проблем - дека се' потешко можат да извршат наплата на своите побарувања. Тоа повлекува синџир на должничко-доверителски односи, на кој му нема крај. Згора на сето ова, нема никаква гаранција која би значела побрза наплата на долговите. Бизнисмените велат дека по укинувањето на акцептниот налог, нема друго средство со кое би се реализирала навреме наплатата. Според нив, банкарските гаранции како можност исклучиво се користат при надворешниот промет, а не и при внатрешниот промет.

Од Сојузот на стопанските комори најавуваат дека во пакетот нови мерки што ќе и' го предложат на Владата ќе стои и ова прашање. Тие работат на концептот, односно на прецизен предлог на кој начин и во која форма да се издава интерна гаранција, која ќе значи брза наплата на побарувањата меѓу домашните фирми.

„Наша оцена е дека има внатрешна неликвидност и расте внатрешниот долг на домашните компании. Фирмите меѓу себе не си ги наплаќаат обврските навреме. И буџетските корисници доцнат со исплатите. ССК бара форма за гаранција за навреме да се исплаќаат обврските. Бараме и законски измени со кои ќе се скрати рокот за поврат на ДДВ, како и забрзување на стечајните постапки“, вели Мирче Чекреџи од ССК. Според него, во услови на намалена економска активност, затегнато кредитирање, намалувањето барем на внатрешната задолженост ќе значи многу за фирмите.

Бизнисот се жали дека многу долго траат и судските постапки по тужбите за нерасчистени должничко-доверителски односи.

„Тоа е синџир на должничко-доверителски односи меѓу фирмите, од причина што државата не ги намирува своите долгови навреме кон првата фирма, алка од синџирот. Државата бара од фирмите тие да ги намируваат обврските навреме, а ако не ги испочитуваат, следуваат огромни казни. Во исто време дополнителен проблем е и тоа што судските постапки траат со години. При процесуирањето на која било тужба од должничко-доверителските односи, од моментот на поднесување на тужбата со сите платени такси, првото рочиште се закажува по 9 месеци. Ако и тужената фирма поднесе каков било приговор, спорот може да трае и до 5 години“, вели Игор Филиповски од печатницата „Догер“.

Горан Кормушовски од фирмата „Фуксмак“, германско претставништво за моторни масла во земјава, исто така, се согласува дека во последниот период е отежната платежната способност меѓу фирмите и предупредува на последиците што можат да настанат поради верижниот синџир ако фирмите не си плаќаат една на друга.

Нема прецизни податоци за тоа колкава е внатрешната задолженост на фирмите во земјава. И од УЈП и од Министерството за финансии велат дека нема институција како поранешен СОК, каде што секоја фирма ги пријавуваше своите побарувања. Единствено од Централниот регистар можат да се добијат податоци за бројот на фирмите кои работат со блокирани сметки, што се должи на неможноста фирмите да ги исплатат долговите кон државата, деловните партнери и банките.

Во последните три месеци, заклучно со јануари 2009 година, Централниот регистар на Македонија бележи пораст на бројот на компании со блокирани сметки. Во ноември и декември минатата година и во јануари оваа година сметките им биле блокирани на 1.928 компании. Ова е за 88,5 отсто повеќе во однос на претходното тримесечје, односно август, септември и октомври 2008 година, кога биле блокирани вкупно 1.023 компаниски сметки. Најмногу сметки се блокирани во декември минатата година, односно 732 компании, што е за 28 отсто повеќе во однос на ноември.


Статијата е прочитана 1025 пати.

Испрати коментар

Од: nemir
Датум: 09.03.2009 07:29:01
Moze li nekoj da kaze kolku drzavnite institucii mu dolzat na AD EVN za potrosena elektricna energija ?
Од: marko
Датум: 09.03.2009 09:41:27
Се казнуваат фир��ите за неплатени давачки кон државата.Нека провери владата колку должи ЕЛЕМ АД на македонските компании.Зошто не ги плаќа редовно своите обврски спрема добавувачите?
Од: Verag
Датум: 09.03.2009 12:33:03
Ovaa vlada mnogu saka da tro[i za luksuzni zdanija,za policija,ogromni sumi za tenkovi,no koga treba da plati dolgi=ovi se odnesuva kako najgolem skr[evec koj nikako ne go odvrzuva keseto.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (7)
Згазено достоинство
Зденко
Криза и во чевларската индустрија
Фармерите бараат помош од меѓународната заедница
Владин страв од осум милијарди евра!
Карикатура
Македонец уби четворица во кафеана во Чешка
Ќе игра ли Фрчкоски оро?
Блескави концерти на Симон Трпчески со Лондонската филхармонија
Владата со црвени панделки во изборна кампања
Екран за разбирање и за спојување
Агресивен белодробен вирус коси и млади и стари лица?
Британски војници убиени во напад на воена база во С. Ирска
Европа некомплетна без Западен Балкан