Дали трагајќи длабоко по историјата, власта најде корен од дрво на кое растат пари!?
Деновиве во јавноста беше пласирана една анкета направена во поширокиот регион за тоа од што се плашат најмногу граѓаните. Одговорите на различни средини се различни. Презентирана е голема палета на стравови. Анкетирањата направени со граѓаните од некои медиуми, испровоцирани од посочената анкета, донесоа уште поразновидни и посубјективни стравови, од стравот за сопственото здравје, за работното место, за егзистенцијата своја и на семејството, преку најразлични дневно-политички стравови, да дојде до личните и колективните фрустрации од типот страв од Грција, страв од Европа...
Мене најмногу ме уплашија помпезно најавените осум милијарди евра инвестиции од Владата! Можеби нема толку да ме уплашеа ако беа кажани пред три-четири месеци кога се донесуваше огромниот буџет, така што тие две работи ќе се преџвакаа полесно, бидејќи ќе беа компатибилни во својата нереалност и несоодветност на времето и условите! Нема да ме уплашеа ако беа кажани по изборите, кога ќе се знаат изборните резултати и ако беа соопштени заедно со одлуката за драстичен ребаланс на буџетот со кастрење на сите непродуктивни трошоци. Но, соопштувањето на план за инвестиции од осум милијарди евра еден ден пред официјалниот старт на кампањата за претседателските и за локалните избори е доказ дека тоа не е сериозен проект од интерес на граѓаните и на државата, туку мора да се прими со голема доза на сомнеж дека станува збор за дел од нова коруптивна кампања на владејачката партија.
Мене најмногу ме уплашија најавените осум милијарди и поради неколку други работи. Прво, зашто не станува збор за ориг��нална идеја, тоа е плагијат на „милијардата“ на Циле Тупурковски од 1998 година, кои македонските граѓани дебело ја загризаа. Ново е што сега таа е трендовски „проширена и дополнета“ во „осумте милијарди“ на Груевски. Второ, зошто владејачката партија не извлече поука од погубните последици на „проектот милијардата на Циле“, а поука мораше да извлече, бидејќи заеднички именител на тоа и ова време е тогашниот министер, сегашен премиер. За потсетување на оние со кратко паметење, поради „милијардата на Циле“, која требаше да дојде од Тајван, Македонија ја призна оваа земја без меѓународен легитимитет и не е членка на ОН, бидејќи Кина ја смета како своја територија. Кина ги прекина дипломатските односи со Македонија и издејствува ОН да ја повлечат мисијата УНПРЕДЕП, што ја контролираше границата спрема Косово и поради тоа беше прогласена за најуспешна превентивна мисија. Границата стана ветена земја за криминалци и терористи, а преку неа се прелеа и дел од кризата што ескалираше во воениот конфликт во 2001 година. Трето, ме плаши што се ветуваат осум милијарди евра инвестиции за седум години, а за три години не се донесени ни 400 милиони. Од друга страна, се знае дека големите финансиски играчи веќе не даваат лесно пари. Значи, треба да се наредиме во редица пред шалтерот на ММФ, а таму сега врие како во УЈП кога се делеше првата бруто-плата. Згора на тоа, власта ја расипа калимерата со ММФ, оти не сака никој да ја контролира како и за што троши. Четврто, се слуша дека годинава достасува за отплата пообемно парче од актуелниот долг, притоа нема аранжман со ММФ, а девизните резерви се се' потенки.
Власта е слатка работа, но иднината на државата и на граѓаните е скапа работа. Власта, конечно, треба да се ослободи од својот комплекс на огледалцето и високиот рејтинг, од победите на избори по секоја цена и целосно да се посвети на состојбите во земјата и на нејзините стратегиски цели и егзистенцијални проблеми. Рејтинг се гради и со реални резултати, а не само со виртуелни резултати и коруптивни кампањи.
Idejata na vladata e genijalna. Ce pozajmime osum miljardi, ce gi investirame i ce stanime bogati. Vo svetot vece pocnaa da se prasuvaat kako i tie ne se setile. Vece 40 siromasni zemji, od Peru do Indija objavija vakvi planovi. Za desetina godini vo svetot nema da ima siromasni zemji. Blagodarenie na ideata sto se pojavi vo bibliskata zemja ce dojde raj na zemjata.
Од: AD
Датум: 09.03.2009 00:24:56
Cile so miljardata moze voda da mu nosi na Grujo so 8-te miljardi. Kako zavrsi Cile - znaeme, a kako ke zavrsi Grujo - zivo me interesira .........................
Од: Bitola
Датум: 09.03.2009 00:29:34
Ajde more kakvi osum miljardi evra.
Од: веле
Датум: 09.03.2009 00:32:23
Господине почекајте да видите што ќе биде па потоа критикувајте. Ако не нешто што не сериозно разработено не верувам дека некој би го презентирал, затоа што тоа би било политичко самоубиство, можеби ќе донесе краткорочна корист на партијата, ама долгорочно би било погубно. Така да јас не верувам дека ова што го нуди актуелната влада не сериозно разработено, така да за сите што сакаат да критикуваат нека ги почекаат резултатите па потоа нека критикуваат.
Од: MKD
Датум: 09.03.2009 01:37:21
Glavno vetuvanje na Frcko na ovie izbori e deka ako bide pretsedatel sporot za imeto ke go resel za tri meseci.So ova vetuvanje toj misli deka narodot ke mu poveruva i ke pobedi.Od druga strana pak Vladata,se razbira vo podrska na svojot kandidat,vetuva investicii od 8 milijardi evra za 7 godini.Pa bi go zaprasal g.Manco, vo sto ja gleda razlikata megu ovie dve vetuvanja.Koe od niv dvete e po (ne)realno,koe poveke go plasi.Dali vetenite investicii,ili resavanjeto na sporot za imeto vo stilot "A la Frcko". I uste nesto ,ako Vladata ne go realizira ova svoe vetuvanje Manco ke treba da se raduva i da skoka do nebesa,zasto togas na Gruevski nikoj nema da mu veruva i ke izgubi na izbori,pa milenicite na Manco ke si se vratat na vlast,ako nema koj drug.Megutoa vistinskiot strav na Manco e ako dobar del od ovie najaveni investicii se realiziraat.E duri togas denesnive ke si vladeat malce poveke.
P.S. Mene poveke mi e strav od resavanjeto na sporot so imeto vo stilot na Frce
Од: Vlado Masalko
Датум: 09.03.2009 05:02:59
G-dine Mancho.Izgleda Grujo tolku vi vlegol pod koza sto ne mozete od usta da go izvadete:)A vo megjuvreme opozicijata prodolzuva da se "dokazuva" so svoite zeleni izjavi.Zborot mi e VMRO-se dupka,SDSM-se katastrofa a sepak vie samo ednite gi kritikuvate a drugite demek med i mleko se.Neznam samo koga vo ovaa zalna drzava ke dojdat nekoi saglam ekonomisti za da ja vodat napred.A inaku i VMRO i SDSM-se vekje videna mizerija i ednite i drugite ja iskrivuvaat realnosta do nevozmoznost.Nazdravje Makedonijo!!!
Од: milco
Датум: 09.03.2009 07:47:31
ne ce e taka.gos.mincev!
samo pred nekolku medeli vikavte selo gori baba se cesla-demek cel svet se zalaga za ublazuvane na krizata a nasite spiat- sega koga izlegoa so paket merki ne vi se bendisuva.
a znaeme zosto ne pozajmuva od vasiot soros.
Од: sime
Датум: 09.03.2009 08:21:10
Golema steta e sto nemame aranzman so MMF koj po moe mislenje e zasliuzna sto dolgi godini imavme stabilna monetarna politika.Vo uslovi na svetska kriza nie se oitkazuvame od MMF.
Од: mark do Vele
Датум: 09.03.2009 08:40:11
e moj vele sto vide za ovie 3 god. e zatoa site se pesimisti i ne veruvaat po sest pati na isti temeli se tura beton a za slepci kako tebe sto ne gledaat nisto od nosot podaleku netreba da se komentira.zamislete KE se zadolzuvame i KE gradime ubavo rece brat LJube nema KE tuku sega odma a ne KE bide KE vidite i taka vo KE ni pominaa veke 3 god so g.rejting nisto na delo nisto konkretno sve vo KE KE KE KE i tn procitan bukvar KE KE KE KE KE bide od 2012 do 2050 zivi bili pa videli.
Од: Trajko
Датум: 09.03.2009 08:57:18
Lesno e da reklamirash,zemi napravi go.Toa se zborovi od EPP na Cacko.No deneshnata vlada na chelo so ekonomistot od Prilep ne se razlikuva vo nishto od komedijantite na grupata K-15.Toj saka im na niv da im go zeme lepcheto.Glujo poveke nalikuva na kopir mashina.Tuka e narodot koj treba da svati koj e vo pravo koj se koristi so astronomski lazi.Eve slusham i za Strumica ke imalo od kolachot narechen 8 milijardi(lelee trebashe mnogu nuli).Kandidatkata za gradonachalnik na Strumica Boneva koja sakashe da bide Skopjanka i so dvojno drzavjanstvo,prisilno sakat da ja vratat vo Strumica(zalnava za malku ke skrsheshe vrat poradi toa shto go imashe zaboraveno patot) i op vednash ke go pravi patniot pravec Radovish-Strumica i plus ke ja gasificira i ke gradi zicari i ski liftovi vo Strumica a od raka i pobegna kargo aerodromot.Ne moze da razberam dali vo Strumica ke razviva zemjodelie i industrija ili turizam so pogled na more a pozadi planini so sneg koj trae do juni mesec.
Од: zabegan
Датум: 09.03.2009 09:07:00
МАНЧО- сто пати ти пишувам ко да не си прочитал?ОВИЕ-ОВЦИ- им наредиа на ВРБИТЕ да раѓат евра пошто ДЕНАРИ не ни требат а и кој ќе ги брои 8 милиарди евра во денари,,,,Вака поглупа е лагата на владата а?И поприфатлива за ГЛУПИТЕ кои им веруват.
Од: do vele
Датум: 09.03.2009 09:10:07
Vele, ajde neka pokazat sto napravija od vetenoto za ovie 3 godini? Samo filmovi ni pustaat...spektakularni apsenja - bez sudski zavrsnici, donesuvanje na idiotski zakoni - koj pagjaat na ustaven, kompjuteri za sekoj ucenik - skapuvaat po skolite nevkluceni, 55 mil evra za samoreklamiranje - da gi pokrijat i stecajcite i mlekarziive i vojnicite i plus kusur da im ostane, vulgaren obid za menuvanje na istorijata - za sto ni se smee cel svet....ima uste ama mislam deka za pametni e i povekje od dovolno
Од: Мрамор
Датум: 09.03.2009 09:39:06
Не знам што ќе направат Груевски и ВМРО со тие 8 милијарди евра што ги ветиле, ама знам добро што би направиле СДСМ, Бранко, Заев и компани - ќе си ги пикнат во џебот!
Од: До -MKD
Датум: 09.03.2009 09:41:07
Сушај бе пријател мене не ми е важно кој и колку ќе владее затоа што тие што владеат секако убаво си живеат ,туку што станува со нас обичните смртници со кои некој секако мора да владее.Аку имаме квалитетен живот тогаш воопшто нема да ми е гајле кој и колку владее.
Од: Tomce
Датум: 09.03.2009 09:47:52
Se nekako si mislam deka Itar Pejo i Makedonecot od EU se eden ist komentator.Vo pravo li sum Pejo?
Од: b
Датум: 09.03.2009 10:16:20
Ало, Веле!
Велиш разработиле. Што ти го жалам паметот!. Не ти тежи повеќе од нивниот.
Од: Do milco
Датум: 09.03.2009 10:22:35
Bravo be Milco, ako pozajmica od 8 milijardi evra -od neznaen izvor i pod neznajni uslovi - ti se cini paket merka za izlez od kriza! Pa ne samo ti i tvoite deca, tuku i vnucite ce treba da ja placaat i ce nemaat rabota so vakvi merki. Mnogu mudro postapuvaat odvie neo-liberali, demohristijani, konzervativci; ili vmREVOLUCIONeri - i samite se shizofrencici i ne se imaat definirano sto se i kakva strategija imaat.
Од: acko
Датум: 09.03.2009 10:29:56
Glavno treba da ni e strav od nivnata bazicna ekonomska nepismenost..........Bez namera da vregam ova go dokazaa vo izminative tri godini i sekoj nareden den go potvrduvaat................
Од: do koga
Датум: 09.03.2009 11:56:35
do"Vele".Drag gospodine Vele imame vreme da cekame,cela vecnost e pred nas.Uste malku ima da se preuredi nesto vo rajot,nesto da se preuredi okolu menzite i mozeme tamo da se naselime,toptan cela drzava.