Тодор Павлов во Белград побарал на Венко да се гледа со очите на партиец и политичар, а потоа со очите на литературен критичар
„Венко Марковски е жртва на своите преголеми политички амбиции. Јас не можам да го оценувам творештвото на Венко, кое сигурно е значајно, и за него можат да говорат компетентните, но во однос на неговото политичко однесување, тој не треба биде рехабилитиран. Некои негови творечки вредности треба да се преоценат, но тој политички и национално си се определи по неговото недолично заминување. Тој си остана Бугарин“. Ова накусо е ставот на д-р Новица Велјановски, кој како историчар го истражува перидот на НОВ и повоените години.
„Тој му се спротивстави на постојниот режим, но повеќе од опортунистички позиции, не од тоа што така мислеше. Во тоа време кај интелектуалното крило во македонското ослободително движење, на кое припаѓаше и тој, се појавија политичка амбиција и токму тоа крило настрада. Меѓутоа, тие што настрадаа не се однесуваа така недолично како Венко Марковски. На пример, и Методија Андонов-Ченто, исто така, беше отстранет од политичките функции и затворен, но тој си го зачува своето национално достоинство и остана доследен на своите определувања, си остана Македонец. Во случајот со Венко не е тоа. Тој откако не ги оствари своите политички амбиции, го промени своето национално битие“, подвлекува д-р Велјановски.
Според него, Венко Марковски е контроверзна личност и нема друга таква личност во македонската понова историја, поради своите политички амбиции да ја напушти својата ��ржава и да се откаже од своето национално битие. „Пребега во едно време кога кампањата против Македонија и против македонската нација во Бугарија беше многу силна, од седумдесеттите до осумдесеттите години. Венко се вклучи во таа кампања декларирајќи се како Бугарин. За заминување во Бугарија подолго време се подготвувал. Не може некој да емигрира, а таму да нема некоја подлога каде ќе биде прифатен. Тоа е едното прашање. Второто е зошто емигрира во Бугарија? Имаше и други земји, можеше да емигрира на Запад, како што тоа го сторија дисидентите од другите социјалистички земји. Тој се определи за Бугарија, зашто таа му беше блиска, студирал таму, а имаше и пријатели и колеги-писатели, со кои веројатно се среќавал за време на студиите и по 1945 година“, нагласува македонскиот историчар.
Д-р Новица Велјановски вели дека ја познавал неговата сопруга Филимена и често разговарал со неа. Откако емигрирал Венко во 1966 година, таа и натаму останала во Македонија, работела во Архивот на град Скопје. „Таму имаше добра позиција. Не беше директор, но исто како да беше, зашто нејзиниот збор се слушаше. Тогаш дури ми беше по малку чудно нејзиното однесување, бидејќи таа за цело време го напаѓаше својот сопруг, нарекувајќи го предавник и одродник од својата мајка-татковина и нација. По неколку години, и таа замина и тогаш се виде дека тоа и' било маска, дека со нападите на Венко не провоцирала за да види што ќе кажеме. Сите нејзини сегашни изјави дека по заминувањето на Венко им била вршена тортура и им биле запленувани материјали ги примам со резерва, зашто знам дека семејството на Венко по неговото заминување не беше дискредитирано како што тврди таа. Нејзините деца дури добиваа и стипендии“, вели Велјановски.
Тој нагласува дека Венко во Бугарија го пречекале со раширени раце. Сите привилегии што може да даде една држава му биле дадени. Бил сместен во вила, на располагање имал автомобил со личен возач. Бил примен за член на Бугарската академија на науките. Му се објавувало и преобјавувало се' што ќе напишел. „Верувам дека тоа истото ќе го постигнеше ако се има предвид неговото творештво создадено овде во Македонија пред да замине и ако немаше преголеми амбиции во политиката. На нашето Народнослободително движење му требаше македонски Владимир Назор, а токму таква личност беше Венко. На движењето му беа потребни познати личности за да се омасови, а една од нив беше Венко. Неоспорно е дека тој му помогна на движењето. Се смета дека учествувал во подготвувањето на Манифестот на Главниот штаб. Колкав бил неговиот придонес не можам точно да кажам. Има еден документ во кој може да се прочита дека Кузман Јосифовски-Питу констатирал дека Манифестот е добар и прифатлив, но јазикот на кој бил напишан не бил доволно македонски, како да не го видел Венко. Во текстот има многу србизми, а Венко не употребуваше србизми, туку бугаризми. Најверојатно, во пишувањето учествувал и Светозар Вукмановиќ-Темпо“, раскажува Велјановски.
Тоа дека Венко Марковски имал големи политички амбиции може да се види и од едно искажување на Тодор Павлов за весникот „Борба“, кој во јули 1945 година изјавил: „Венко Марковски има талент, тоа мора секој да го признае, но во него ќе треба да се гледа и нешто друго, не само поет. Тој е Македонец и македонски поет, тој пишува на македонски, го афирмира и развива македонскиот јазик, придонесува за македонската култура, му дава оружје на македонскиот народ. Зборував со Зоговиќ зошто се запоставува Венко, тоа не е правилно. На Венко треба да се гледа со очите на партиец и политичар, а потоа со очите на литературен критичар“.
Во вие зборови на Павлов треба да се верува, зашто тој му беше најдобар пријател на Венко и тој го издигна на највисок пиедестал со мошне поволните критики за неговата поезија. Најверојатно, Венко му се жалел на лошиот политички третман во Македонија, па тој тоа го кажал јавно во Белград.
Претседателот на Здружението „Голи Оток“, д-р Димче Најчески, смета дека Венко Марковски немал друга алтернатива освен да бега. Во „Голооточки сведоштва“ тој го цитира образложението на комисијата, која го одбила неговото барање да му се додели „Споменица 1941“, во кое за Венко се вели: „Од почетокот ја прифати линијата на ИБ во однос на нашата земја и партија. Во 1950 година поради спроведување активности на оваа линија беше уапсен и под истрага, но по извесно време ослободен од затворот. Меѓутоа, и потоа ја продолжи својата непријателска работа... Во 1956 година повторно е уапсен и осуден на казна од 5 год��ни строг затвор... За време на издржувањето на казната, продолжи со непријателски истапи меѓу затворениците, експонирајќи се како идеолошки непријател на изградбата на социјализмот во нашата земја... Во коментарите во врска со 22. Конгрес на КП на СССР ја осудува десталинизацијата... се згрозува во врска со отстранувањето на телото на Сталин од Мавзолејот на Ленин“.
„Што можеше друго да се очекува од Венко Марковски во оваа безизлезна за него ситуација, освен како да ја напушти татковината Македонија, зашто секое друго решение би значело смрт за него, и како личност и како поет. Тој не можеше, и да сака, да се прикаже како друг, никој не би му поверувал. Единствен излез за него беше да емигрира на ’Исток’, па откако памети тој беше свртен кон ’Исток’. Венко Марковски емигрира во Бугарија, која во тоа време беше дел од тогашниот ’Исток’“, пишува д-р Најчевски.
Според него, Венко се определил за онаа опција со која, и покрај сета апсурдност, се откажал од македонската националност и се вклопил во тогашната реалност на Бугарија, што му овозможувало да твори како интелектуалец. Таков бил неговиот избор, со сите противречности што ги носел. А, оваа определба на Марковски наишла на најтешки осуди и анатеми кај душегрижниците на македонските национални идеали, без притоа да се направи посериозен обид да се објасни сето тоа. Затоа д-р Најчески ги отфрла како неприфатливи сите оние тврдења кои причината за таков драстичен чекор на Веко Марковски ја наоѓаат во неговата амбициозност, суета и честољубивост.
„Дилемата беше судбоносна: да се биде или не. Зошто? Можеше ли Венко Марковски да остане во Македонија и да се сроди со новата стварност по годините на прогони, робија и јасно манифестирање на својата информбировска определба; да наведне глава, да се откаже од своите сфаќања, од принципите, од сето она што го сочинуваше неговиот духовен свет. Тој секогаш ќе беше презиран како информбировец и предавник.
Или да биде прогласен, пак, како предавник, предавник на својата татковина, бегалец, политички емигрант, кој се откажал од својата националност и е во служба на дневната политика на друга држава“, ја поставува Најчески дилемата пред која се исправил Венко.
Според него, емигрирањето на Венко е прифатлив чекор и во неговото движење има логика и условеност, за што најдобро сведочело неговото литературно творештво што го напишал во Бугарија во кое, смета Најчевски, имало континуитет со тоа што го создал до 1966 година пред да ја напушти Македонија.
Значи ги оправдуваме тие, србоманите, кои Македонците ги праќаа на Голи Оток и наместо осуда за србоманите, ние ги осудуваме прогонуваните и викаме - требало да издржат секаков терор. Јас пак ќе речам нешто друго - Ако македонската азбука и јазик не се србизираше, ако србомани не ја водеа државата, и Венко и многумина други кои не можеа да препознаат македонштина во Македонија, туку гледаа србоманштина, ќе остаnеле и ќе твореле tuka. Значи ние треба да го осудуваме Венко зошто не подлегнал на српската пропаганда како некои други кои останаа овде и до ден денес се на високи позиции. Какво лицемерие.
Од: Filip Shumski USA
Датум: 09.03.2009 03:11:35
Na ovaja kontraverzna lichnost muse dade pogolemo znachenje vo medumive od kolku shto za sluzuva i seva edna rabota kako ponovo da muse sudi za negovata opredelba prvo kon I.O. i tuka se gledaat negovite nameri i simpatii za R.M no odruga strana se javuvaat i braniteli koi go blago opravduvaat iako pose ona shto ima napishano vo Bugarija za Makedonija e samo za osuda nishto drugo i nikogash toj nebil makedonec samo nosel Makedonska maska. No edno neshto besh e mnogu znachajno vo prethodniot felton ona vo 1945 godi na za komisijata za formiranje na Makedonskata azbuka. Toa treba popshirno dago prouchat onie vo makedonija koi mnogu se deklariraat kako najgolrmi patrioti i se zalagaat po antikata a na nekoj nachin ne obrachaat pazna i nekako rezervirano se ponashaat za vremet na NOV i ako glefdame deka bash vo toj period nashite intelektualci maki machat da napravat Makedonska azbuka i bi se prashal zoshto ne e zele nashata antichka azbuka.
Од: dzikovski
Датум: 09.03.2009 09:57:30
Имаме доволно херои за славење и почитување. Немаме потреба да воздигнуваме некои кои тоа не го заслужуваат а не посебно некои кој се негирал а не негирал и нас како Македонци.
Секоја нација има свои предавници ама ниедна не полемизира за тоа толку како нашава.
Па го имаме Рацин, Неделковки, Вапцаров.
Од: Projko
Датум: 09.03.2009 10:05:32
„Преголеми амбиции”!?! Какви преголеми амбиции? Тој имал безгранична љубов кон Татковината. Тој виде: дека борбата за обединување на Македонија и Македонците дефинитивно пропаднала; дека одлуките на Црковно-нар. собор од 1946 беа анулирани на конференцијата во 1946, схто се свика на барање на ЛКч дека ЛК и Пчински и’ го даде на Србија; дека во СФРЈ-ската економија и политика МКД е на маргините; дека Мкедонците се селат во Бгд. а во Банат веќе се асимилираат...и тн. Очај е тоа, а не преголеми амбиции. Амбиции - да, дека мислел оти тоа поинаку ѓе го реши од ЛК. Плус, МКД одамна пред тоа го испрати на голи оток... оремногу разочарувања, премногу национални штети, а тој бил емотивен, како и секој поет... Во МКД и за МКД му се стемнило, но и во Бгр не му осамнало, оти пресадена стара круша не вирее на нова почва. ВЕНКО Е ТРАГИЧНА ЛИЧНОСТ - ТРАГИЧНА КАКО И МАКЕДОНИЈА. Затоа и денес не си го препознаваме патот. Не си го препознаваме? Не, силите против неа работат и денес...
Од: Bogomil
Датум: 09.03.2009 10:13:55
Aman bre Tode i sliccnite na tebe, kako da ne mozze da ja progoltate vo sebe realnosta deka im pomina vremeto na site ssto ne znaat drugo osven da obvinuvaat za nekakva srbomansstina, zadskrivajki se zad bugarsstinata. Si pomislil li nekogass na faktot deka ovaa Makedonija se sozdade na teritorijata ssto so podelbata na etnicckiot prostor vo Bukuresst go dobi Srbija. E na toj prostor denes e rasprostraneta drzzavata Makedonija. A tvoite Bugari, Grcite da gi ostavime na strana, ssto ne vi go vrata delot ssto tie go grabnaa so toj dogovor, tuku go zadrzzaa za sebe, em narodot ssto ostana tamu ne go priznavaat, nitu tebe i takvite kako tebe gi erbapat (smetaat) za nessto drugo, osven za Bugari. Srbite smognaa sili, ja progoltaa knedlata i vo zaednicckata osloboduitelna vojna se sozdade na ,,nivnoto parcce@ zemja, se razbira nepravedno dobieno so Bukoresskiot dogovor, se sozdade nassava drzzava. A vie, se otepavte plukajki, srbomansstina, ta srbomansstina. SSto storija za vassata predanost
Од: Az-buki
Датум: 09.03.2009 10:38:41
"Ne sutor ultra crepidam" ( Cevlarot osven za cevli ( da ne zboruva za drugo). Za koja anticka azbuka misli onoj ignorant? Za onaa li na Bosevski? Nasata azbuka ja kodificirale luge kompetentni. A toa sto se prezemeni nekoi bukvi od srpskata azbuka ( a ne od bugarskata), kako lj, nj, toa li vi preci? Pa Vuk samo maliot er mnogu inventivno go doblizil do l i n; j go imame i kaj Misirkov ( malku vidoizmeneto. Prestanete da barate opravduvanje za eden narcisoiden predavnik kakov sto e Venko. Tuka toj gi imase site privelegii, cela vila na kejot na Vardar, koga lugjeto po vojnata ziveeja vo po edna sobichka; Filomena bese profesor vo najprestiznata gimnazija, decata negovi obezbedeni; na Sultana i po negovoto vrakjanje od Goli Otok i bese dodeluvana stipendija da studira vo Moskva. Za negoviot karakter dovolno zboruva negovoto pokajnicko pismo vo "Nova Makedonija ( na cela stranica) vo koe toj moli za proska poradi negovite xzabludi, a vednas potoa od Moskva bega vo Bugarija.
Од: Kire
Датум: 09.03.2009 11:12:42
Go citam vnimatelno feljtonov, ama moj problem e sto ne sum slepi gluv. Nekni na TV go slusav vnuk mu na Vapcarov kako od Sofia izjavuva deka e revoltiran sto e unisten grobot na Dedo mu vo Krusevo (covekot si zbori kako Bugarin na cist Bugarski jazik). Familijata na Prlicev cela e vo Sofia (ziveat i rabotat kako Bugari). Od druga stana tvrdime deka ima Makedonsko malcinstvo vo Bugarija. Pa neli e malku simptomaticno sto site Makedonci od tuka begaat vo Bugarija ??, a nieden Makedonec ne prebega obratno od Bg vo MK, pa da kazuva deka tamu im vrsat teror (kako sto nas ni se prezentira), ili pa ednostavno da si dojde vo MKD kako Makedonec, sirurno nie ne bi go vratile. I den denes se podnesuvaat baranja i se dobivaat Bugarski pasosi na angro. A nie za se imame odgovor vo vid va prikaska. Sto znam, ama sve ova mi e nekako cudno i nelogicno.
Од: avstralija
Датум: 09.03.2009 12:14:52
jas sum izrasnal vo mk, i da bidam iskren prv pat citam za venko, i ne bi sakal da donesam nekakov zaklucok od site vasi komentari, no samo edno se prasuvam: dali ima nekoj mk sto bil na goli otok 5gd i posle toa veruval vo nekoja si drzava i ja nosel "stafetata na mladosta" (pomalite generacii
neka gi prasaat roditelite za ovoj cirkus od 40 gd) ili plukal na taa drzava, bez razlika kade se naogal.
Од: do bogomil
Датум: 09.03.2009 15:28:20
ti prijatele ne gledas deka e propaganda i posle tolku vreme propaganda,na site celni pozicii se srbomani kai i da zagledas a ti prijatele de skokni do granica i prozbori go tvojot jazik pa da vidam dali srbin ke te razbere ili samo ke se cudi i kreva ramenici.
Од: Tode 2
Датум: 09.03.2009 18:17:19
Kako bugarski vospitanik i student Venko od samiot pocetok rabotel za bugarskata kauza.So azbukata sakal taa da bide najbliska do bugarskata,so sto jazikot lesno bi se proglasil kako dijalekt na bugarskiot.Svojata omraza prema srpskiot narod ne mozese da ja sokrie,smetajki gi za vinovni deka celata Makedonija ne e vo sostav na Bugarija.I denes se gleda deka najgolemite negovi braniteli se negovite somislenici..A pak sto se odnesuva do Goliot otok,najmnogubrojni zatvorenici bea tokmu Srbite.