Расте антиромското расположение
Прага - Осумдесет и три проценти од Чесите сметаат дека Ромите се група што тешко се приспособува, а 45 проценти од чешките граѓани не сакаат да живеат заедно со Ромите во својата земја, покажува истражувањето на агенцијата СТЕМ. Анкетата направена за потребите на чешкото МВР, според министерот Радек Јон, треба да се разбере како порака за ромската комунита и тој смета дека на тоа треба брзо да се реагира, додека уште повеќе не се влошила состојбата. |