Срамни нападите врз Џулијан Асанж
Хилари Клинтон ги нарече објавувањата на „Викиликс“ „напад врз меѓународната заедница
Џулијан Асанж и војникот Бредли Манинг и' направија голема услуга на јавноста со тоа што овозможија стотици илјадници доверливи документи на американските власти да бидат достапни на "Викиликс", и предвидливо, никој не беше благодарен. Манинг, поранешен воен аналитичар на разузнавачки информации во Ирак се соочува со затворска казна во времетраење од 52 години. Тој во моментов се наоѓа во самица во воената база во Квантико, Вирџинија, каде не му е дозволено да се гледа со родителите или други посетители однадвор.
Асанж, мозокот зад "Викиликс", донеодамна имаше повисок степен на слобода живеејќи како прогонет во Англија под внимателно набљудување на домашните и странските разузнавачки агенции.
Уште откако претседателот Ричард Никсон им нареди на своите подлизурковци да тргнат против, Даниел Елсберг(кој дошол до доверливи хартии од Пентагон) и новинарот на "Њујорк тајмс" Нил Шиен - не се случило новинар и неговиот извор да бидат предмет на некој вид на официјално заплашување и закани како оние насочени кон Асанж и Манинг од страна на високорангирани членови на администрацијата на Обама.
Објавените извештаи имплицираат дека заедничкиот тим на иследници од Министерството за правда и Пентагон ја истражуваат можноста за обвинување на Асанж според Законот за шпионажа, што може да доведе до тоа тој да мине децении во затвор.
"Ова не е заплашување со оружје", изјави јавниот обвинител Ерик Холдер, коментирајќи ја можноста Асанж да биде судски гонет од власта. Државниот секретар Хилари Клинтон ги нарече објавувањата на "Викиликс" "напад врз меѓународната заедница" што загрозува невини луѓе.
Неподготвен да им каже на демократите да ја усвојат антидмеократската и полна со омраза кон печатот оставштина на Никсон, како сопствена, републиканскиот конгресмен Питер Кинг изјави дека објавувањето на доверливите дипломатски телеграми е "полошо дури и од физички напад врз Американци" и дека "Викиликс" треба и официјално да биде сметан како терористичка организација. Мајк Хакаби имаше сличен став што упати до логичен заклучок со предлог Бредли Манинг да биде егзекутиран.
Навистина скандалозен и шокантен одговор на документите на "Викиликс" беше оној од други новинари кои направија администрацијата на Обама да звучи како Американски синдикат за граѓански слободи. Во неодамна објавен текст во "Њујоркер", добитникот на Пулицеровата награда, Стив Кол, намирисал дека "архивскиот материјал што 'Викиликс' ги објавил е понезначаен од документот на Пентагон од тоа време", додека пак го опиша Асанж како "манијак за контрола со потреба за лично глорификување", чијшто вебсајт "нема етичка култура која е во согласност со идеалите за слободни медиуми". Пренесувајќи ги зборовите на Ричард Никсон, Кол ги означи активностите на "Викиликс" - порано познати како новинарство - со неговите нови преферирани термини "вандализам" и "субверзија инспирирана од Првиот амандман".
Што се однесува до него, Асанж не беше срамежлив околу изразувањето на својот презир за неуспехот на традиционалното известување за информирање на јавноста и неговото верување во корист на сопствените методи. "Како е возможно тим од пет луѓе да успее да објави во јавност повеќе забранети информации, на тоа ниво, отколку остатокот од светските медиуми комбинирано?", изјави тој за "Сандеј морнинг хералд". "Тоа е скандалозно".
Вистинската важност на "Викиликс" - и клучот за разбирање на мотивациите и однесувањето на неговиот основач - се наоѓа не во содржината на најновите документи туку во технологијата што тоа го направи да биде возможно, која веќе се покажа како потенцијално оружје за минирање на официјалните лаги и во заштитата на човековите права.
Од 1997 година Асанж посветуваше голем дел од своето време на креирање системи за шифрирање што ќе им овозможат на активистите за човекови права и други да заштитат и префрлат чувствителни податоци. Важноста на напорите на Асанж за борците за човекови права во тоа поле беа признати минатата година од страна на Амнести интернешенел, која му ја додели Наградата за медиуми на "Викиликс" за истрагата "Крикот на крвта - дополнителни судски убиства и исчезнувања" која документираше убиства и исчезнување на 500 момчиња во Кенија од страна на полицијата, со очигледно премолчено одобрение од политичкото раководство на земјата. ("Атлантик")
|