Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Свет

Хрватска потерница по Иво Санадер

Експремиерот се бара за злоупотреба на функцијата и учество во криминална организација

ЗАГРЕБ - Хрватското обвинителство издаде меѓународен налог за апсење на поранешниот премиер Иво Санадер, кој ја напушти земјата кратко време пред парламентот да му го одземе имунитетот од гонење за да се овозможи спроведување истрага во врска со корупција. „Да, издаден е налог за апсење“, изјави портпаролот на полицијата Крунослав Боровец за Ројтерс. Во налогот објавен на веб-сајтот на Министерството за внатрешни работи се наведува дека Санадер се бара за „злоупотреба на функцијата и учествување во заедничка криминална организација“.

Локалните аналитичари посочија дека потегот против човекот што доминираше во локалниот политички живот цела една деценија ќе и' помогне на кандидатурата на Загреб за членство во ЕУ. Хрватска се надева дека следната година ќе ги заврши разговорите за влез во ЕУ, но пред тоа треба да го убеди Брисел за нејзината одлучност да ја искорени корупцијата. „Ова, секако, се добри вести за нашите ЕУ-разговори, но можеби уште поважно за иднината на нашата демократија, за прашањето на транспарентноста и финансирањето на партиите, што досега беше на многу ниско ниво“, вели политичкиот аналитичар Давор Ѓенеро.

Хрватскиот адвокат Мато Матиќ изјави дека Санадер го контактирал преку СМС-порака за да го ангажира и да ги негира шпекулациите дека ја напуштил земјата. „Тој ми кажа да ги информирам институциите дека не побегнал и ќе се врати за три или четири дена“, изјави Матиќ за државната телевизија. Санадер во четвртокот замина во соседна Словенија, но неговото сегашно престојувалиште е непознато.

Иво Санадер стана премиер во 2004 година, но неочекувано и без објаснување поднесе оставка во јули 2009 година. Неговата владејачка ХДЗ го исклучи од партијата во јануари. Тој честопати се жалеше на политички прогон и ги отфрли сите обвиненија за корупција како политички мотивирани.

Главниот државен обвинител на Хрватска, Младен Бајиќ, во јануари годинава на американски дипломат му кажал дека против поранешниот премиер Иво Санадер се води истрага за неколку случаи на корупција, се наведува во објавените тајни документи на „Викиликс“.

„Обвинителите спроведуваат истрага против поранешниот премиер, која во најмалку еден случај би можело да резултира со обвинение, а откриваат и докази во неколку други случаи во кои бил вмешан Санадер“, изјавил Бајиќ пред американскиот амбасадор во Загреб, покажуваат документите на „Викиликс“ што ги објави лондонскиот весник „Гардијан“.

Весникот нагласува дека според документите од „Викиликс“, се стекнува слика за Хрватска како земја проткаена со корупција, но, исто така, и се оддава признание на кампањата против борбата со корупцијата на актуелната влада на Јадранка Косор. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 710 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 11.12.2010 13:51:21
Изгледа и Грујо го чека истово.........нели Феликс???????????
Од: Komentator
Датум: 11.12.2010 20:32:18
Me natera mojot "kolega" od rabota Embrus pred dve godini na BIT PAZAR da kupam od nego ROLEX. Ma se krstese vo najmiloto Lari deka e orginal a mi go dava so popust za samo 500 denari..Mi bese zal za nego zena i kup deca..pa go kupiv da se pravam gospodin a pokasno doznav deka Lari bil dukela ..E ..pominav jas kup svadbi i krstevki so mojot laznjak pa dobro od avion ne se gleda markata a na komsivkata i rekov sto me otkri deka ako na nejziniot Sanader e orginal ke odi vo gajba skoro ..Tu..sto pis sum bil na usta ete sega i jas mojot ne go nosam od strav deka nekoj od ramkovniot ke go prepoznae kako mene orginal pa ke si okrkam gajba poveke i od Sanader....!!
Од: Makedonski Sanader
Датум: 12.12.2010 12:16:29
Podgotven sum da se kladam deka Makedonija, najdocna za godina i polovina, ce go dobie svojot Sanader!

Најди! во Утрински
Свет
Немаше кој да го прими Нобел
Срамни нападите врз Џулијан Асанж
Британците шокирани од нападот врз принцот Чарлс
Членски книшки од ХДЗ за семејството Туѓман
Расте антиромското расположение
Исланд ќе се раздолжи за влез во ЕУ
САД се плашат дека Косово би можело да се подели
Албанија го загадува Јадранско Море
Хакери и' се закануваат на британската влада
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency