Хакери и' се закануваат на британската влада
Лондон - Хакерската група „Анономус“ вчера се закани дека ќе изврши упад во интернет-страниците на британската влада доколку основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, биде екстрадиран во Шведска.
Во изминатите 48 часа хакери извршија масовен напад врз системот за електронска наплата „Пејпал“ и го спречи неговото функционирање во период од неколку часа откако компанијата го прекина работењето со „Викиликс“. Британската компанија „Секјуриту трејдинг“ нагласи дека нападот врз „Пејпал“ се совпаѓа со времето на зголемен интерес за интернет-продавниците поради Божикните празници.
И покрај повеќечасовните обиди, хакерите не успеаја да извршат упад во интернет-страницата на американската компанија „Амазон“ откако по притисокот од Вашингтон, оваа компанија го прекина работењето со „Викиликс“. Компаниите за кредитни плаќања „Виза“ и „Мастеркард“ исто така беа цел на хакерски напади откако престанаа да работат со „Викиликс“.
Портпаролот на „Викиликс“, Кристин Храфенсон, изјави дека немаат ништо заедничко со хакерските напади врз овие компании и дека нападите претставуваат одраз на јавното мислење за нашите активности. „Викиликс“ ниту ги поддржува ниту ги осудува хакерските напади, изјави портпаролот. (МИА) |