Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Свет

Немаше кој да го прими Нобел

Годинашниов лауреат, кинескиот дисидент Лиу Ксијаобо, не дојде во Осло да ја прими Наградата за мир

Комитетот за Нобелова награда за мир вчера во отсуство на годинашниов лауреат Лиу Ксијаобо ја одржа церемонијата за доделување на наградата, наспроти отворениот гнев на кинеската влада.

Претседателот на Нобеловиот комитет, Торнбјорн Јагланд, ја постави наградата на празен стол на кој требаше да седи Ксијаобо. Над столот беше поставена огромна фотографија на кинескиот дисидент.

Во обраќањето на церемонијата Јагланд изјави дека фактот за отсуство на лауреатот или на негови роднини „покажува оти наградата е неопходна и соодветна“.

Дисидентот Лиу Ксијаобо - затворен во североисточна Кина поради политички причини - не дојде во Норвешка за да ја прими наградата. Последниве недели Кина водеше сеопфатна кампања за дискредитирање на наградата.

Пред церемонијата ОН соопштија дека имаат информации оти Кина уапсила најмалку 20 активисти и се обидува да ги блокира западните медиуми. Покрај тоа, пријавени се други 120 случаи на домашен притвор, ограничување за патување, принудно преселување и други видови заплашување. Дописникот на Би-Би-Си, пред домот на Лиу Ксијаобо во Пекинг, јави дека униформирани лица и офицери во цивилна облека ја чуваат куќата. Сопругата на Лиу, Лиу Ксија, е во домашен притвор.

Од околу 50 земји поканети на церемонијата за доделување на наградата, речиси една третина нема да присуствуваат, како што се Русија, Саудиска Арабија и Пакистан, многу од нив како резултат на притисокот од Кина. Сепак, Србија - која претходно соопшти дека нема да присуствува - вчера најави дека ќе испрати претставник. Српската влада, која е во добри односи со Кина, се најде под притисок од Европската унија, од политички партии и граѓански општествени групи во Србија за да присуствува на церемонијата.

Пекинг се обиде да ги спречи сите што патуваат од Кина до Осло за да ја подигнат наградата во име на Лиу. Кинеска група академици воведоа сопствена награда, „Мировна награда Конфучие“, во кинескиот главен град.

Претседателот на Нобеловиот комитет, Торбјорн Јагланд, изјави дека наградата не треба да се гледа како израз против Кина. Дописникот на Би-Би-Си за светски прашања јави дека интензивната политика околу годинешниов лауреат на Нобеловата награда за мир ќе ја засени церемонијата.

Кинеските весници на англиски јазик објавија големи написи на насловната страница за Нобеловата награда за мир и спротивставувањето на Кина за наградата. Меѓутоа, на ова прашање не му беше посветено големо внимание во весниците на кинески јазик. Двете најважни стории на насловната страница на „Пекинг морнинг пост“ беа за данокот за возила и за приватни градини. Сепак, „Пиплс дејли“, весник на Комунистичката партија, објави коментар. Во коментарот се напаѓа Нобеловиот комитет дека се соочува со „невидена засрамувачка ситуација“. Меѓутоа, исто така, се чувствува принуден да ја брани позицијата на Кина, бидејќи не му дозволува на Лиу Ксијаобо да присуствува на церемонијата за доделување на наградата. „Ниту една земја во светот во која владеат закони не би дозволила познат криминалец да ја напушти земјата и ’да подигне награда’“ се наведува во коментарот. Весникот „Глобал тајмс“ на кинески јазик пишува дека постои голема поделба меѓу земјите за тоа дали наградата е добра работа.

За Нобеловиот комитет Лиу Ксијаобо симболизира порака што би сакал да ја испрати до Кина - дека се' поголемата економска сила и моќ не ја исклучуваат од универзалните стандарди за човековите права.

Од друга страна, Кина истакнува дека Комитетот избрал криминалец, обвинет според кинескиот закон, да им служи на интересите на одредени западни земји, јавуваат дописниците.

Лиу Ксијаобо стана познат кога учествуваш�� на протестите на плоштадот „Тиенанмен“ во Пекинг во 1989 година. Тој беше испратен в затвор на околу две години поради неговата улога и оттогаш ја критикува кинеската влада. Во декември 2009 година Ксијаобо доби казна затвор од 11 години за поттикнување субверзија на државната власт, обвинение што следуваше откако тој беше коавтор на документот познат како Повелба 08. Со документот отворено се бараат политички реформи во Кина, како одделување на власта и законодавната демократија.

Годинава прв пат од 1936 година нема да биде доделена Нобеловата награда за мир, во вредност од 1,5 милион долари. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 766 пати.

Испрати коментар

Од: Lile
Датум: 11.12.2010 12:18:35
Abe ako Ahtisari ja dobi,togas ovaa nagrada nema nikakvo znacenje.Se zaprasuvam samo,sto ako mu ja dodelat na Asanz,amerikancite ke prisustvuvaat?
Од: Komentator
Датум: 11.12.2010 20:07:12
Kako Nobelova nagrada gubi vo svojot exluzivitet predlagam novi pravci na lauretizam da vovede...Eve kako prvo na site Makedonci koi se vikaat Trajce i Trpe ..da im se dodeli taa prestizna nagrada ..zosto ne postojat vo celiot svet indeticni luge kako nas koi tolku trpat A so vekovi TRAJAT...!!!

Најди! во Утрински
Свет
Срамни нападите врз Џулијан Асанж
Британците шокирани од нападот врз принцот Чарлс
Членски книшки од ХДЗ за семејството Туѓман
Расте антиромското расположение
Хрватска потерница по Иво Санадер
Исланд ќе се раздолжи за влез во ЕУ
САД се плашат дека Косово би можело да се подели
Албанија го загадува Јадранско Море
Хакери и' се закануваат на британската влада
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency