Албанија го загадува Јадранско Море
По Хрватска, која ја обвини Албанија за загадување на нејзиниот морски брег со отпадоци што доаѓаат од реките што минуваат низ нејзина територија и се влеваат во Јадранско Море, денеска протест упати и Црна Гора.
Брегот во реонот на Улцин, во Црна Гора, кој е долг 12 километри, се наполни со пластични отпадоци со албански етикети и со различно ѓубре. |