Британците шокирани од нападот врз принцот Чарлс
Во жестоките студентски протести беше нападнат автомобилот во кој беа принцот од Велс и војвотката од Корнвол
ЛОНДОН - Серија прашања беа поведени во Британија околу тоа како полицијата се справи со протестите околу висината на школарината, откако беше нападнат автомобилот во кој беа принцот од Велс и војвотката од Корнвол. Беше скршен прозорец и фрлена боја врз автомобилот, додека кралската двојка се движеше кон театарот во централниот дел на Лондон.
Насилните демонстрации се проширија откако парламентарците изгласаа зголемување на школарината на универзитетите во Англија. Началникот на полицијата на Метрополитен сер Пол Стивенсон изјави дека нападот врз кралската двојка бил шокантен и ќе биде спроведена темелна истрага. Марк Причард, парламентарец од редовите на конзервативците, за „Врекин“ се посомнева во тактиката на полицијата. Сер Пол Стивенсон: секоја разумна личност вклучувајќи ги и мирните демонстранти ќе го осудат она што денес се случи“. Тој за Би-Би-Си рече: „Моравме да го решиме тоа, да го ограничиме движењето на луѓето во областа за да сопреме ширење на насилството надвор од таа област, и секако дека тоа не даде резултат. Затоа планирањето, контролата и одлуките на повисоката управа на полицијата на Метрополитен околу целиот овој инцидент треба да бидат разгледани“. Началникот на Метрополитен полицијата сер Пол Стивенсон изјави дека нападот врз кралската двојка бил „многу шокантен“, и тие треба да бидат пофалени за нивната храброст.
Министерот за високо образование Дејвид Вилетс изјави дека нападите на полицијата биле шокантни и дека полицајците што биле вплеткани во насилството треба да бидат поддржани. Во меѓувреме, Националната унија на студенти соопшти дека насилството ја засенило сторијата што сакале да ја видат објавена во весниците. Шејн Човен, потпретседател за дополнително образование, изјави: „Јас не сакав наслови во весниците. Јас сакав да се види фактот дека коалициската влада тукушто тројно ги зголеми школарините осудувајќи генерација студенти на рекорден студентски долг“.
Принцот и војвотката, кои одеа на претстава, не беа повредени. Кларенс Хаус соопшти дека кралската двојка била безбедна и присуствувала на претставата како што претходно било испланирано. Поранешниот прв човек на кралската безбедност, Деј Дејвис, за Би-Би-Си Радио изјави дека бил запрепастен од нападот врз кралската двојка и изненаден од очигледниот недостиг од стратегија.
Студентите од земјата се собраа во Лондон за еднодневните протести, а полицијата соопшти дека на собирот очекува да се соберат околу 20.000 демонстранти. Во немилите сцени демонстрантите се пресметуваа со полицијата на плоштадот пред парламентот. Стотици студенти одредено време беа задржани на мостот „Вестминстер“ од страна на полицајците. Се случија жестоки пресметки додека демонстрантите се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон. Полицијата за спречување нереди мораше да употреби сила против демонстрантите, кои кршеа прозорци на Министерството за финансии и на Врховниот суд. Претходно демонстрантите во голема мера го зазедоа плоштадот пред парламентот и извршија притисок врз полицискиот кордон поставен пред парламентот. Полицајци на коњи се вклучија во контролата на толпата, и во еден момент тргнаа кон група демонстранти. Скотланд јард соопшти дека 12 полицајци и 43 демонстранти беа повредени, а 34 лица беа уапсени. (Би-Би-Си) |