Членски книшки од ХДЗ за семејството Туѓман
За Анкица, Стјепан и за Невенка Туѓман веќе се подготвени членски книшки и во партијата очекуваат состанок на кој ќе им се врачат ако го прифатат тоа членовите на семејството Туѓман.
По десет години лоши односи, најпосле може да дојде со смирување меѓу лидерството на ХДЗ и семејството Туѓман. Како што изјави за „Вјесник“ главниот секретар на ХДЗ, Бранко Бачиќ, за Анкица, Стјепан и Невенка Туѓман веќе се подготвени нови членски книшки и во партијата очекуваат состанок на кој тие ќе им се врачат ако членовите на семејството Туѓман го прифатат тоа. „Меѓу семејството Туѓман и ХДЗ немаше квалитетен однос на меѓусебно уважување, но тоа време е зад нас. Мислам дека сме на пат на поинаков однос со семејството Туѓман. Според мене, тие никогаш не престанаа да бидат членови на ХДЗ, а тие и самите изјавија дека не излегле од партијата. Членовите на ХДЗ никогаш не се откажале од ликот и делото, ниту од програмата на својот прв претседател и основач и не гледам причина зошто би имале поинаков пристап кон неговото семејство“, рече Бачиќ. (Вјесник) |