Законот за внатрешни работи ненадејно беше симнат од собраниска седница и тоа пред самото финале во парламентот, за што не беше презентирано некое посебно образложение. Власта се реши на ваквиот потег откако текстот ги помина сите фази и стаса до второто читање.
Претходно се оглушуваше на критиките од опозицијата (која, исто така, бараше повлекување на законот), експертската јавност, ОБСЕ. Според најавите, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, уште во текот на денешниот ден ќе ги слушне мислењата и сугестиите на координаторите на сите пратенички групи.
На што се должи ваквиот пресврт и колку власта е вистински подготвена да се стават аргументите на маса за да се подобри текстот на законот? Или, можеби, сепак, повеќе се работи за договор меѓу владините коалициски партнери. Ако се знае дека и ДУИ имаше забелешки на законот, особено во делот што го регулира напредувањето во кариерата.
Главните забелешки на опозицијата беа за пензионирањето на над 2.000 лица по основа на работен стаж (како можност за пресметка со политичките неистомисленици), но и за концентрацијата на моќ во тајната полиција. Беа искажани стравувања дека Управата за безбедност и контраразузнавање останува без цивилна контрола и може да се претвори во „монструм“.
Завчера власта одеднаш призна дека законот не бил совршен. Владата сега ги има сите инструменти во свои раце. Во оваа ситуација само таа може амандмански да влијае на текстот на законот. Така што набрзо ќе се види какви и' биле вистинските мотиви: да се откаже од „монструмот“ во УБК или да интервенира козметички и барем за кратко да го смири коалицискиот партнер ДУИ.
Едно преддемократско општество преминува од мека во тврда диктатура. Нема ли демократски процеси и неважи правото, се се руши, само прашање по колку изминати години.
Од: МИСИОНЕР ВО КОНГО
Датум: 01.07.2009 08:14:57
Дали законот е добар или лош не можам да коментирам од неимформираност за истиот.Можам на крај и да верувам ако ОБСЕ има забелешки,затоа што сите други забелешки се партиски мотивирани.Грижата за смената или отпуштање на 2.000 вработени е крајно лицемерна,затоа што се тоа партиски војници на СДСМ.Загрижува да ако по отпуштањето ќе се примат партиски војници од ВМРО,без да се води сметка за квалитетот на истите.Непартиските кадри и понатаму се дискриминираат иако запад не опоменува за ваквиот тренд кој трае од осамостојувањето.Секој четири години го слушаме плачот на сменетите така наречени кадри.
Од: gv
Датум: 01.07.2009 11:10:19
Komentarite na opozicijata vo parlamentot vo vrska so zakonot za vnatresni raboti bile na mesto.Se tvrdese deka zakonot e napraven po evropski terk.
Од: Sime
Датум: 01.07.2009 12:35:01
Еве спомна некој европски терк...
Да беше било што по европски терк во нашата полиција, немаше да возиме со запалени ламби. Не мора да читате закони. Сите сте биле во Грција и Бугарија - светат ли таму ламбите на колите? - Или „таму слепо црево“ а во Македонија е Европа?
Од: Chitatel
Датум: 01.07.2009 15:21:54
Misionerot od Kongo ne go zasega totalnata diktatura.Shto doziveavme od prvata vlada na SDSM, doziveame od dominantniot Pretsedatel, no vakva diktatura za Misionerot cvekje. Neka uziva.