Судијата пред три години бил разрешен од Судскиот совет за нестручно и несовесно работење
Гордана Дувњак
Судија кого пред три години го разрешил Судскиот совет за нестручно и несовесно работење во петокот е избран за обвинител во скопското Јавно обвинителство. Скандалот е откриен по објавувањето на списокот на имиња на новоизбрани обвинители во „Утрински весник“, кога од Судскиот совет се сетиле на овој случај и решиле да ги алармираат колегите од Советот на јавни обвинители.
По проверката е утврдено дека навистина е направен пропуст, а работата им ја олеснил несудениот обвинител Хани Абдула, кој самиот решил да си даде оставка. Пред два дена, новоизбраните обвинители дадоа свечени изјави во кои се заколнаа дека ќе ја вршат функцијата стручно, совесно и законски, но меѓу нив го немаше спорниот обвинител.
За да се избегнат вакви случаи и во иднина, претседателот на Судскиот совет, Васил Грчев, испратил писмена информација до Советот на јавни обвинители со имиња и презимиња на сите разрешени судии.
„На списокот има 45 имиња на судии, кои се разрешени од формирањето на Републичкиот судски совет во 1996 година, па се' досега. Се надевам дека тоа ќе му помогне на Советот во неговото одлучување во иднина“, изјави Грчев за „Утрински весник“.
Како се случи Советот на јавни обвинители при изборот на 31 обвинител да го превиди овој факт и да избере човек кој и самиот се огрешил пред законот?
Поради отсуството на претседателката на Советот на јавни обвинители, Елена Гошева, која со група обвинители е на службен пат во Италија, никој официјално не сакаше да го коментира овој случај.
Го побаравме заменикот на Гошева во Советот, но обвинителот Фаик Арслани цело време беше зафатен, а во телефонскиот разговор одби да даде коментар за овој случај, се' до враќањето на претседателката од службен пат.
„Стрпете се неколку дена, ќе добиете одговор кога ќе се врати претседателката. Се' ќе ви биде објаснето“, ни рече Арслани.
Од членови на Советот на јавни обвинители неофицијално дознаваме дека во биографијата на Абдула никаде не стоел податокот дека некогаш бил судија, туку само стручен соработник. Тоа го премолчел и за време на усното интервју, кога во ниту еден момент не спомнал дека работел како судија, а уште помалку дека бил разрешен.
Прашање е како овој важен факт се „протнал“ и покрај неколкуте филтри, бидејќи изборот на поранешниот судија е направен по Бадинтер.
Previdot e napraven poradi toa sto izborot e vrsen po direktiva na ministerot i vrz osnova na odnapred podgotven spisok od negova strana na podobni kandidati,bez da se vodi smetka za pogolem del od niv za strucnosta i podgotvenosta da ja obavuvaat javnoobvinitelskata funkcija
Од: milena
Датум: 01.07.2009 00:49:00
a zarem grcev,iseni i drugite prethodnici koi razresuvaat sudii, bidejci ne mozat da podnesat poavtoritetni od niv ,se drugi "cvecki"?
Од: Slave
Датум: 01.07.2009 00:55:03
Kakov sud kakvi cuda, se e partizirano do zla boga. familijata vladee so drzavava. Taka narodot sakase, taka 480000 glasaci odbraa. Eve mojata komsika siromaskata morase do kuka do kuca da odi za iborite da sobira potpisi koj ke glasa za dpmne, i vetija vrabotuvanje, i sto da pravi devojceto, sobirase potpisi, toa e, za lepce ljudjeto ke storat se, problemot e vo toa sto takvite ljudje kako mojata komsika mislat deka taka treba, morale za partijata da srabotat !!!! eeee do kaj stignavme, DEMOKRATIJA !!!!!!!!!!!!! sto bese toa ???.
Од: Albanec
Датум: 01.07.2009 02:44:34
Samiot minister e sramot nas, pa mozebi si mislel covekot aj da stavam nekoj koj e uste polos od mene, makar toa bilo i vo po mal esalon!!!
Veruvajte , navistina mi e zal za Makedonija! Nema sfera sto raboti kako sto treba! Jas mislam deka ni falat vistinski strucnjaci, zatoa ni treba uvoz od stranstvo, Nie ednostavno ne sme lugje sto mozeme da graime pravna drzava vo vistinska smisla na zborot, pregladni sme!!!
Од: fer plej
Датум: 01.07.2009 06:42:42
Makedonija i se e mozno!
Од: Mitko
Датум: 01.07.2009 07:58:59
Vo Kumanovo izbraa eden Albanec koj nikogas ne rabotel vo pravosudstvo i protiv koj ima krivicna prijava. Toa e naseto '"nezavisno" sudstvo!
Од: Трпе
Датум: 01.07.2009 08:22:26
Македонија и се е можно.Владата на мистер Рејтинг е научена да ги собира сите одметници.Овој случај не е единствен.Зошто тоа го прави лидерот на дпмне-овците,нормално разработена шема дека одметниците се големи осветници а нему тоа му треба за да може да се одржува на власт.
Од: saso
Датум: 01.07.2009 08:49:19
abe samo komunjarite se podobni i nikoj drug,tie znaat da sudat,samo niv za notari gi biva,za izvrsiteli prvi se.dali znajte deka vo site postkomunisticki zemji so dekret bea menuvani sudiite
Од: МИСИОНЕР ВО КОНГО
Датум: 01.07.2009 09:05:52
Од коментариве се потврди мојата теза да моите драги конгоанци од СДСМ го читаат само насловот па коментираат.Значи човекот по неуспешниот обид да влезе во обвинителството поднел оставка,очекувам по неколку години да проба да влезе во уставниот суд па ако го откриат повторно оставка ако не ќе се инсталира.Драги мои тоа е судството кое доби невиден бенефит од СДСМ -доживотна служба.Пракса е судскиот совет да се креира со партиски луѓе кој ќе ги дисциплинираат судиите од другата партиска провиненција а по можност и разрешат. Ова се случува кај сите власти кој биле од осамостојувањето па до денес.
Од: до Мисирот од Конго
Датум: 01.07.2009 10:20:37
кај си школован па си толку паметен?ти мора да си некој од нашите екстра советници во Македонија
Од: Temno
Датум: 01.07.2009 10:38:10
Propustite na Sovetot se golemi, no toa ne e propust toa e namerno napraveno. I ne samo ovoj slucaj i drug obvinitel si podnel ostavka i ne bil na zakletvata, no prasajte go Sovetot zosto,zaradi niven propust-go izbrale a toj prethodno se povlekol.
Од: odgovor
Датум: 01.07.2009 12:43:30
Nekoj prasa kaj se skoluval misionerot vo Kongo. Kolku e skoluvan, verojatno vo Prilep, a kolku e umen, toa ke da e od skolata na VMRO-ovcite
Од: FATA
Датум: 01.07.2009 13:55:48
Abe luge toa ne e propust, takvo ni e celoto sudstvo, na celo so penzioneror, toj samo sproveduva sto ke mu kaze grujo, familijata mora da opstoi uste nekoe vreme DOBRO - da se nafatira.