Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Шведска го нема Западен Балкан на агендата

Финансиската криза и екологијата приоритети при претседавањето со ЕУ

Тамара Грнчароска

Финансиската криза, екологијата, но не и инволвирање во билатералните спорови на европските земји, се дел од агендата на Шведска, која од денеска го презеде претседавањето со ЕУ. По Чешка, чие претседавање помина незабележано и не остави поголем печат врз заедничката европска политика и отворените прашања, освен контроверзната уметничка поставка пред Европската комисија во Брисел и политичката криза и падот на чешката влада во текот на претседавањето, Шведска на европската сцена настапува со амбициозно осмислена програма која, се надева, ќе и' го донесе признанието за успешен претседавач.

Климатските промени и изготвување нов договор што ќе го замени Договорот од Кјото, заедно со ревитализацијата на Балтичко Море, се на врвот од приоритетите на Стокхолм за шесте месеци на чело на ЕУ. За земјата која слободно може да го понесе епитетот „еколошка“ и не е за изненадување дека сака на Европа да и' го наметне она во што таа се покажува во најдобра светлина.

Ако се знае дека во градскиот водовод на Стокхолм тече најчистата вода за пиење и оти моментално Швеѓаните мака мачат како да се справат со честичките од асфалт во градскиот воздух кои се создаваат од триењето на автомобилските гуми од улиците, јасно е дека екологијата за нив не е луксуз, туку реалност што се трудат да ја доведат до перфекција. Токму затоа претстојното претседавање со ЕУ за Шведска е можност сопствениот прототип на еколошка држава да го заменат со проширена верзија на „еколошка Европа“.

Но, еколошкиот предзнак на шведското претседавање, покрај со економската криза, ќе треба да се избори за свое место под сонцето и со актуелните политички проблеми на Унијата, пред се', ратификацијата на Лисабонскиот договор, за што Стокхолм е оптимист и се надева дека ќе се заврши до крајот на годината.

Меѓу предизвиците со кои ќе се справува Шведска во наредните шест месеци, како што се наведува во нејзината програма, на прво место се економската криза и вработувањето. Ставот на Шведска е дека ЕУ мора да излезе од кризата со посилни позиции, за што би помогнала и добра буџетска дисциплина и ред во јавните финансии. За надминување на кризата и за намалување на стапката на невработеност Шведска ќе ја застапува политиката на отворање на европските пазари, наспроти националниот протекционизам, но и на поголема мобилност на европскиот пазар на труд. Во таа насока Шведска, како трет приоритет, ја става имплементацијата на Стокхолмската програма за заедничка миграциска политика на ЕУ, со чии мерки би требало да се обезбеди слободен проток на луѓе и создавање заеднички европски систем за азил. Шведската позиција за миграционата политика е дека на Европа, и покрај невработеноста, и' е потребна „свежа“ работна сила и тоа на подолг рок.

Шведска како свој петти приоритет ја има улогата на ЕУ во светски рамки, за што ја следи досегашната политика на ЕУ за инволвирање и зајакнување на позициите околу прашањето на Авганистан, Пакистан, мировниот процес на Блискиот Исток и Африка.

Проширувањето на ЕУ се наоѓа во долниот дел од агендата на Шведска. Иако Стокхолм се декларира како голем застапник на политиката на проширувањето на ЕУ и ја смета за „една од успешните приказни на Унијата“, за време на шестмесечното претседавање нема подетално да се инволвира во неа. Политиката што ќе ја застапува Шведска е ЕУ да ги следи своите заложби за проширувањето, но оти тој процес ќе биде условен од прогресот постигнат во секоја земја поединечно. Во програмата на Шведска поединечно се споменува само Хрватска, за која се наведува дека може да влезе во финална фаза од преговорите со ЕУ оваа есен. За останатите земји, именувани како Западен Балкан, а во кои спаѓа и Македонија, претседателството ќе работи на нивни понатамошен прогрес во насока на евроинтегрирањето, кое сепак ќе зависи од спроведените реформи во секоја земја одделно.

Дека Западен Балкан и неговите проблеми нема да бидат на агендата на Шведска, директно укажа и неодамнешната изјава на шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билд, кој порача дека ЕУ нема да се инволвира во билатералните спорови на земји-членки на ЕУ со земји-аспиранти за членство, кои во случајот на Македонија, и можеби уште повеќе на Хрватска, директно влијаат на нивното евроинтегрирање.

На тоа и изминативе месеци наведуваа и изјавите на другите шведски официјални претставници, според кои билатералните прашања не смеат да играат улога во проширувањето, но оти не постои пример во ЕУ кога нешто се правело против волјата на некоја нејзина членка.






Статијата е прочитана 566 пати.

Испрати коментар

Од: petko
Датум: 01.07.2009 07:30:05
Kako nema da raspravaat za Zapaden balkan !Pa spored tvrdenjeto na vlasta nie sigurno dobivame datum za pregovori i koi se uopste tie Svedjani da oni odlucuvaat dali nie sme ili ne za EU..da ne e zalosno bi bilo smesno..Ili i tuka nesto BC muva...
Од: pameten
Датум: 01.07.2009 08:30:46
Idnoto proshiruvanje na EU - po 10 godini. "Zapaden Balkan" - Jugoslavija imashe shansat da bite prvoto proshiruvanje. Gluposti, konflikti, sporovi = kjorsokak.
Од: db
Датум: 01.07.2009 09:23:08
Ne i trebat anticki konji na Svedska....
Од: dedo dimo
Датум: 01.07.2009 09:36:51
Naravno ,pod sekoja cel sakaat da e vnesat Hrvatska a i Crna gora tamu e jadran a toa e najubavoto more na svetot .Na severnite zemji mu treba za na odmor .A shto ke vidat vo Makedonija ?Zamislete da si go imavme i nie Zlatnio" EGEJ " dosega ke bevme prvi vo EU.
Од: ibro
Датум: 01.07.2009 13:03:56
vreme si e kaj nas narodot da si kaze dosta od politikata i politicarite sto ne lazat kaj nas a isto taka ovie od evropa sto si zemat za pravo za nasata zemja da odlucat dali ke ne primat vo EU ili ne ajde da si kreneme nie da rabotime sami za nasata zemja so moto dzabe rabiti , dzabe ne sedi i od makedonija da napravime evropa bez obzir koi i kakav narod si ziveat vo makedonia toa sie nasa zemja
Од: Marjanco
Датум: 01.07.2009 13:23:18
Ako liceto Bild Karl ja zastapuva Svedska na najvisoko nivo, toa se kazuva. Pokonkretno ,kazuva deka Svedska ja vodat mediokriteti, ili potprosecni i netalentirani lugje ... ednostavno kazano ,dosadni i neinteresni perdoni. A sto da se pravi , to je to.
Од: danska
Датум: 01.07.2009 13:50:15
mak saka drug da i gi zarvsi rabotite pa svedska ne nemala vo plan zosto mak bega od realnosta?a toa e 1000pati vo eu kazaa mak so grcite da si sredi pa posle ce bide patot otvoren ama mak tvrdoglavo poradi grujo misli da go nametne prasanjeto na eu no vo eu ima demokratija nesmee da se poveredat interesite na zemjite clekni da vlegla mak pred grc ce bilo obratno no toa e nevozmozno tie se star narod 5000god nie 70god..............................

Најди! во Утрински
Насловна
Увезениот грип се шири во Македонија
Бернард Медоф е осуден на 150 години затвор
Карикатура
Вицепремиерот Боцевски поднесе оставка
МПЦ на големо искушение
Канал 5 прибежиште за новинарите од А1
Панде Лазаров проговори за сметките
МПЦ месечно добива по 6.000 евра од паркингот пред „Холидеј ин“
Монструмот во УБК
Разрешен судија станал обвинител
Лотито- Ќе го залепам Пандев една година на клупа!
Нимиц се сретнал со Рен, но не и со Билд
ВМРО-ДПМНЕ е полевичарско и од СДСМ
Иван Поповски