Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Вицепремиерот Боцевски поднесе оставка

Дали министерот за правда, Михајло Маневски, е следен на списокот

Соња Крамарска

Вицепремиерот за евроинтеграции, Ивица Боцевски, вчера сосема неочекувано поднесе оставка на функцијата во Владата на премиерот Никола Груевски. За некои овој чекор на Боцевски предизвика сензација во политичките кругови, но за сосема мал круг луѓе оставката на Боцевски е логичен крај на едномесечните заладени односи меѓу него и премиерот.

Доверливи информации што кружеа во изминатите неколку седмици беа дека луѓе од највисоките структури на ВМРО-ДПМНЕ без знаење на Боцевски влегле во неговиот кабинет и претурале по документите. Неофицијално, оттогаш настанал застој во односите меѓу Боцевски и Груевски.

Боцевски вчера не беше достапен за коментар на оставката. Во образложението што тој и' го доставил на Владата речиси не пишува ништо за причините за неговото повлекување. „Мојот придонес во актуелната Влада веќе целосно е исцрпен и затоа ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка на функцијата заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања“, му напиша Боцевски на премиерот.

И владини кругови вчера одбија да ја коментираат оставката. Нема информации дали таа за премиерот била очекувана или, пак, и тој бил затечен. Она што беше видливо во изминатите неколку седмици е дека Боцевски комплетно исчезна од јавноста, а неговиот телефон на кој ѕвоневме неколку пати во изминатите дваесетина дена остана глув за повиците. Се шпекулираше дека тој заминал со семејството за Америка за да може намира да донесе одлука какви чекори да преземе понатаму.

Единствениот коментар што пристигна вчера околу овој земјотрес во Владата е од опозицискиот СДСМ. Шефицата на парламентарната група, Цветанка Иванова, иронично праша дали оставката значи дека на��одговорниот во Владата за евроинтеграциите го призна поразот на политиките на премиерот Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фактот што три години по ред Македонија добива негативни оцени од Брисел за напредокот во европските интеграции и неисполнувањето на критериумите, поради што не добиваме датум за преговори, сам по себе говори за незадоволителните резултати на Владата во целина, но и на вицепремиерот за евроинтеграции“, рече Иванова.

Ивица Боцевски беше еден од главните адути во Владата на премиерот Груевски. Поради неговото претходно политичко дејствување во таборот на левицата, ВМРО-ДПМНЕ му укажа доверба на голем познавач на состојбите во СДСМ и практично преку ноќ го лансира во орбитата на премиерот Груевски, најпрвин како владин портпарол, а подоцна како заменик-премиер задолжен за евроинтеграциите. Боцевски, од своја страна, стана најжесток критичар на Бранко Црвенковски додека тој беше претседател на државата, а како цел на неговите критики беше лидерскиот период на Црвенковски во СДСМ.

Во владата на СДСМ, пак, која беше на власт до 2006 година, Боцевски беше шеф на Кабинетот на вицепремиерот Минчо Јорданов и доверлив соработник на премиерот Владо Бучковски. Преминувањето на Боцевски во таборот на ривалската ВМРО-ДПМНЕ беше една од најголемите сензации на политичката сцена поради неговата долгогодишна активност во рамките на СДСМ.

Како илустрација за високата доверба што Боцевски подоцна ја имаше кај Груевски е фактот дека идејата Ѓорге Иванов да биде кандидиран за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ потекнала и од Боцевски, кој во изминатите три години на владеење на десницата се сметаше за столб на критиките кон СДСМ.

Но, прашањето што вчера се наметна по оставката на Боцевски е дали министерот за правда, Михајло Маневски, ќе биде следниот што ќе замине од Владата? Овој министер последните денови е ставен на столбот на срамот поради скандалот со примање и плата и пензија што го обелодени поранешниот премиер Владо Бучковски. За овој скандал медиумите шпекулираа подолго време, но Бучковски по свои канали успеа од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да обезбеди и писмен документ со кој се потврдува дека Маневски земал и плата и пензија.

Владата некако успеа да им стави крај на минатонеделните шпекулации дека премиерот подготвува реконструкција на министерскиот тим, но по вчерашните настани шпекулациите добија на интензитет. Прашањата што најчесто се дискутираат е дали Груевски ќе го прифати предизвикот и ќе направи персонални измени во Владата. Особено поради фактот што министерот за правда се огреши во делот каде што Груевски е политички најчувствителен - политичкиот и етичкиот кредибилитет на неговите министри.

Се разбира, никој не верува ниту дека оставката на Боцевски е случајна. Во делот на образложението за повлекувањето тој вели дека неговата улога како вицепремиер е исцрпена, иако е јасно дека Македонија се наоѓа на половина пат до Брисел. Визниот режим се' уште не е укинат ниту, пак, е направен чекор напред во извештаите од Европската комисија и добивање датум за преговори.

Забележително беше дека шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, ја презеде улогата на Боцевски околу давањето изјави за визниот режим. Сепак, наивно е да се верува дека амбициозниот Боцевски заминал поради тоа.


Статијата е прочитана 4180 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 30.06.2009 21:54:57
Најголемиот политички сончоглед. Сега во која партија ќе оди?
Од: Lele
Датум: 01.07.2009 00:05:43
Lele ne mi se veruva deka preturale po negoviot kabinet dali navistina e taka?
Од: realen
Датум: 01.07.2009 00:17:35
Voopsto ne e iznenaduvacka ostavkata na Bocevski. Sekoj obrazuvan mlad covek so ambicii go dava maksimumot, osobeno na takva pozicija, no zdraviot razum e nesto so koe ne se pravi kompromis. Ne mislam deka ja izgubil doverbata na Gruevski, tuku fobijata na Premierot e unikatna. Iako se deklarira za VMRO-ovec, negovite politicki zacetoci se svrzani so levicata, pa ulogata na Trojanski konj ne e isklucena i pokraj komentarite na SDSM. Se nadevam deka ke ima uste doblesni clenovi na Vladata koi ke ja sfatat apsurdnsta na politikata na Gruevski ili gordi ke potoneme kako sto sekoj si miluva da si se deklarira,
Од: Bez gajle
Датум: 01.07.2009 00:17:39
Bidejci Bocevski e naviknat da menuva partii , sega otkako ce se odmori vo Amerika neka se zacleni vo partijata na Amdi Bajram. nemu mu trebaat takvi intelektualni kadri koi bi gi prevzele rabotite za pobrza integracija na Romite vo opstestvoto. Ajde Bocevski ne se sekiraj Amdi nestrplivo te ocekuva. Ima edna pogovorka:. Koj so djavolot sadi tikvi mu se udiraat od glava.
Од: Vistina
Датум: 01.07.2009 00:23:38
kakva slakanica na grujo nas !!! jaooo katastrofa ivica buckoto se drzna da ja napusti vladata cccccc !!!!! . ja mislam deka familijata sega kako sleden cekor za velepredastvo treba da mu ja zamrzne smetkata na ivceto, se zbori deka ivceto dobro se nafatiral. Na potek e familijata. eh sto mu se sluci na ivce, kancalarijata mu ja prebaruvale !!! abe arno i pantalonite ne mu gi soblekle hahahaha.
Од: Itar Pejo
Датум: 01.07.2009 00:24:42
Dali staorcite pocnaa da go napustaat brodot?
Од: gargi
Датум: 01.07.2009 00:32:53
Uste poskandalozen e izborot na pogolem del ov novite javni obviniteli megu koi ima partiski vojnici na VMRO i bez nikakvo iskustvo vo javnoto obvinitelstvo,a nekoi se i so krivicni prijavi za izboren falsifikat.Proverete,pa ke vi stane jasno kako nepristrasno i nezavisno ke ja obavuvaat svojata funkcija. K e vidite deka drzavava najgolemi kritiki ke dobie za partiziranosta na sudstvoto i deka pak ke dobieme negativni ocenki za datum za pregovori.Se po zasluga na Manevski.
Од: mirce
Датум: 01.07.2009 00:33:29
Neuspesniot Bocevski zamina za USA sega e vo New York se odmara od sto?. Pod itno da se izbrka od Vladata Ministerot Vele Samak covekot nisto ne raboti osven sto ja zgolemuva imperijata na tatkomu vo Prilep.
Од: Дубара
Датум: 01.07.2009 00:48:41
На една од владините ТВ беше најавено дека Боцевски ќе оди за амбасадор, така што може да се претпостави дека неговата „оставка“ е веќе договорена со премиерот Груевски!? Оставката е темпирана со цел да предизвика оставки и на министрите за кои се најавуваше дека ќе бидат реконструирани Маневски, Славески, Стојановски....Значи, се се сведува на онаа народната „Думам ти ќерко, сети се снајо“!
Од: ја
Датум: 01.07.2009 01:22:20
Следно е целата влада сосе МИСТЕР РЕЈТИНГ да си под��еси оставка и да не остават веќе на мир да живееме.Доста ни е од АНТИКВИЗАЦИИ,СПОМЕНИЦИ,ВОСОЧНИ ФИГУРИ ,ЛОПАТИ и што ли уште не. А У Т
Од: Petar
Датум: 01.07.2009 01:22:54
Какви реформи, Манвески е на ред сам да си оди. ОБВИНИТЕЛСТВОТО Е катастрова. Во Кочани сите кои беа во правен сектро во дпмне сега станаа двајца судии двјаца обвинители. Проверете и сами. Игор - Пушка. Поздрав
Од: Ico Najdovski, Melburn
Датум: 01.07.2009 03:20:58
Madam Kramarska, netreba da se postavuva prasanjeto "dali" e na red ministerot za Pravda, tuku dosega trebase da si dade ostavka vo znak moralna odgovornost. Nikoj do den-denes ne podnel ostavka od nasite politicari i duri koga pagjaat avioni, gelikopteri, koga se puka itn..Kade e moralot???
Од: SELANCE
Датум: 01.07.2009 04:27:38
dali gruevski ce se svrti na kaj starite provereni vmrovci ili ke gi stava napred vcerasnite sdsmovci ili ldpovci i drugi karieristi oti brat ljube gi sobira starite clenovi koi nemaat kade oti gruevski ne gi ni prasa sto im e .samo mladi trebalo e kaj se dojdencite koi se samo za kariera dojdeni pocna da se spekulira deka sds ke se vrati narodot e nezadovolen i odma se ograduvaat nie ne sme partiski opredeleni taka vikaat sega novite vmrovci neka slusne vo malite mesta a vo gradovite toa e stara pesna bocevski si otisol -kade vo amerika so ne ode vo biroto da se prijavi oti bez rabota ke da e ,,,eh grujo gi ostavi na cedilo tvoite a gi pribra nerpijatelite tuku ti ne si kriv krivi sme nie ovcite ,im dade vlast na gradonacalnicite gi napravi carevi proveri im gi tenderite i ke vidis so praat
Од: Skopje
Датум: 01.07.2009 05:29:26
Hahahaaa kaj ke odi sega PREDAVNIKOV???? A sto mislese toj??? Deka Grujo i DPMNE ke mu mislat arno???? Abe odi begaj be Bocevski se obruka do nemaj kade. Se polakomi i se izgubi vo politikata. Zarem ne bese podobro da si ostanese tamu kaj sto so godini bese pa dostoinstveno na vrvot da vivnese a ne vaka mizerno predavnicki te iskoristija vmrovcive pa ti ja udrija klocata. Neznam kako karakterot ti dozvoluvase tolku da plukas po Branko i po onie od koj sto do vcera ucece i bese nivni ucenik. Od dete te ucea i poleka kon vrvot te vodea, site stipendii vo Amerika ti gi plakaa i koga te naucia te osposobia covek te napravia TI se prodade i KUKAVICKI gi predade. I za kaj si sega???? ZA NIKADE!!!! Takvite kako tebe TAKA ZAVRSUVAAT!!! Dzabe ti e znaenjeto, dzabe ti e skoluvanjeto koga DUSATA ti e rasipana PREDAVNICKA. Ne samo kabinetot tuku i kozata treba da ti ja sogolat za da se naucis na pamet deka SVOJOT NIKOGAS NE SE PREDAVA!!!! Dobro te sredia vmrovcive - koj visoko leta NISKO PAGA!!!!
Од: фер плеј
Датум: 01.07.2009 06:40:11
маневски уште ли чека јас мислев дека тој веке дал оставка и веке е на пат кон КПД Идризово.
Од: stole
Датум: 01.07.2009 06:46:07
Konecno JANICAROT padna,sega treba da padnat i drugite janicari (poranesnite clenovi i simpatezeri na SDSM), samo Gruevski da ne zaboravi deka i nasiot Predsedatel "Gjole" e poranesen sdsmovec.A bre Grujo da bea sposobni i cesni zarem SDSM ke gi brkase od svoite redovi.Sega ti raspravajse so janicari i balisti, zatoa go izgubi tvojot"visok" rejting, zavrsuva tvoeto pukna kako tikva.
Од: мене
Датум: 01.07.2009 07:49:40
Кога дојде во владата пријави 200 евра и 4000 денари.Да даде изјава колку НУЛИ допишал во меѓувреме.Ако претерал Гујо и Мијалков му удриле мацола.
Од: sdsmsk
Датум: 01.07.2009 07:51:44
ajde komunjarcinja udrete sega so vasite glupavi komentari.vas i onaka za drugo ne ve biduva,osven za fabrikuvanje na gluposti.se dodeka ima vo makedonija komunjarista drzavata ke stagnira i ke unazaduva,zatoa sto toa se luge pez idei,prazni...zatoa i sakaat b.c koj e ist kako niv da go donesat ovcar da bide i ovcite na pasenje da gi tera
Од: Трпе
Датум: 01.07.2009 08:12:01
Познавајки го карактерот на Боцевски,дали некој ке дознае колку е платен во сценариото на мистер Рејтинг.Иако тоа се стари избледени филмови во малку изменета верзија.И некои пак ке ракоплескат на превземените чекори на Боцевски и човекот кои некои го нарекуват лидер и премиер.Веќе виденоно народот мора на нешто да се забавува,да заборави на грешките што ги направи 2006 и на 1 јуни 2008 GOOD...
Од: Vlado
Датум: 01.07.2009 09:12:30
Добар човек ама како што и самиот изјави ЈА ЗАВРШИВ СВОЈАТА РАБОТА ВО ОВАА ВЛАДА.Значи одлуката паднала во договор со премиерот а не како што се кажува дека бил приморан да си замине.Добар човек ,голем професионалец
Од: b
Датум: 01.07.2009 09:18:15
СДСМ во избор на кадрите секогаш правела крупни гречки. Боцевски е најголемото кадровско промашување на СДСМ.
Од: DA->SDSM->DPMNE->?
Датум: 01.07.2009 09:18:55
i sega? Koj ke bide odgovoren za loshite ocenki od EU i za nedobivanje datum i liberalizacija? Ke izleze pastirot i ke rece: Mislam deka vie znaete, to ministerot ama nego go nema i sho da praime, branko e kriv, opozicijata,......????? Alooo ova ne fudbalski klub da pravite tranferi kako sho sakate... drzava vodite...
Од: neli
Датум: 01.07.2009 09:31:12
Drago mi e sto poleka se rastura ovaa nesposobna vlada. Se nadevam deka do krajot na godinava vladata ke MORA da zamine celosno-i Makedonija da pocne da odi napred, ne vo rikverc kako sto toa go pravivi izminative tri godini. A Bocevski i mnogu drugi ministri slicni na nego-trebaa odamna da si zaminat-no ne kako nivna "dobra volja", kako sto se obiduva da ne ubedi Bocevski-tuku narodot da gi izbrka za site zla sto mu gi napravija-za raznebitenata ekonomija, padot na zivotniot standar, za katastrofalnata megunarodna pozicija, za izgubenata moznost za vlez vo EU i NATo.. i da ne nabrojuvam sto uste ne-ednostavno ja raznebitija idninata na makedonskata drzava. Narodot treba da im pomogne da si zaminat-site od vladata na celo so najgolemiot vinovnik-Gruevski.
Од: KPMarija
Датум: 01.07.2009 09:46:27
Ova e samo dokaz deka vo ovaa Vlada ima luge koi se odgovorni i cesni, ushte eden dokaz deka Premierot Gruevski uspea da ja promeni slikata za tranziciskiot politicar, i donese na politickata scena vo Makedonija luge ke znaat da ogovorat na glasot na narodot....!
Од: Suzana D
Датум: 01.07.2009 09:53:39
Bre od site politicari ovoj Bocevski najkurnaz icpaga. Stom zgusti ili kako toj kazuva se izvlekol maksiumot toj faka magla.Mnogu sum lubopitna koja partija e na red kaj nego i tamu da si gi potvrdi i prikaze svoite sposobnosti.
Од: Saso Germanija
Датум: 01.07.2009 10:17:48
Nie koi stareeme ovde na "Zapad" sme naviknati na takvi senzacii, na koi malkumina im obrakjaat vnimanie. Takvi kokoski bez sedala, koi ne gi fakja mesto, imalo i ima tuka na pretek.Kaj nas ne e za zalenje Bocevski,tuku Makedonija. Ovoj moze da se iseli vo SAD i zatoa SDSM treba da e prvata vo borba za megjunarodna konvencija da se dopusta samo gurbetlak(pecalbarenje) na nekoi 10-15 godinii i zabrani iseluvanje. Inaku izumira RM.
Од: Bitola troa skolovan
Датум: 01.07.2009 10:57:44
Мислев ќе дочека да се укинат визите како што гара��тираше па заедно да прославиме ама сега не гледам дека и тоа ке биде. А што се однесува до него лично историјата не го ни запамети за да го памти.
Од: dobre
Датум: 01.07.2009 11:47:06
do sdsmsk kolku za informacija gospodine komunizam e koga se forsira javniot sektor i se vrabotuva samo tamu,a koga e vmro na vlast go pravi tokmu toa,razmisli malce koj se komunjari
Од: Skopjanec
Датум: 01.07.2009 13:21:31
Znaci ,igrankata prodolzuva.Pomalku za eden se na oroto,no orovodacot ne se otkazuva.A i tie sto tupkaat okolu nego-ostanuvaat.
Од: kole
Датум: 01.07.2009 13:25:58
Време беше!!! Уште малку и Македонија ќе се спаси од воие незаделкани... Помогни Боже!!?
Од: viktor
Датум: 01.07.2009 14:05:33
Parole, Parole, Parole si zaminuva eve se ispolni zelbata na Ljube Boskovski
Од: janev
Датум: 01.07.2009 14:47:35
Нормално е дури и препорачливо да се прават смени, рекострукции и проветрувања. Така ке може да се спореди придонесот на секого во една влада и тоа да резултира со напредок или оставки во Владата

Најди! во Утрински
Насловна
Увезениот грип се шири во Македонија
Бернард Медоф е осуден на 150 години затвор
Карикатура
МПЦ на големо искушение
Канал 5 прибежиште за новинарите од А1
Панде Лазаров проговори за сметките
МПЦ месечно добива по 6.000 евра од паркингот пред „Холидеј ин“
Монструмот во УБК
Разрешен судија станал обвинител
Лотито- Ќе го залепам Пандев една година на клупа!
Шведска го нема Западен Балкан на агендата
Нимиц се сретнал со Рен, но не и со Билд
ВМРО-ДПМНЕ е полевичарско и од СДСМ
Иван Поповски