Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

МПЦ на големо искушение

Билјана Јовановска

Проектот за црква на скопскиот плоштад, замислен од премиерот Никола Груевски, стои на се' понесигурни нозе. Почвата сериозно му се тресе и големо прашање е дали храмот ќе никне во догледно време.

Откако виде дека се залета и си направи есап без крчмар, Владата многу перфидно топката ја префрли во дворот на Скопската епархија на Македонската православна црква. И одново направи голема грешка, зашто предмет на подарување е општонародно земјиште, кое може да го даде за изградба на улици, паркови, паркиралишта, но не и за верски објект.

Всушност, дали премиерот, воопшто, имал искрена желба кога ја донел одлуката со која Владата се повлече од својата голема иницијатива? Речиси е неверојатно, невозможно е на Груевски да не му бил познат фактот дека овој чин може да биде во колизија со законот. Не може тукутака, заради блиските на ти - дај ми односи да ја фаворизира Македонската православна црква и на тој начин да ја става пред сите други верски заедници забележани во Уставот.

Пореално е дека по секоја цена сакал да излезе од оваа опасна игра, која од промовирањето на иницијативата му предизвикува главоболки. Прво, не очекуваше такви негативни реакции во јавноста, потоа следеше походот на партиските војници, кои ги тепаа неистомислениците од Архитектонскиот факултет и сите други кои им се најдоа под рака, што имаше негативен одек кај меѓународната заедница. И најпосле, се појави барањето за обновување на Бурмали-џамијата. Особено, ова последново мораше да го има предвид веднаш штом помислил да ја возобновува црквата „Св. Константин и Елена“. Но, нејсе. Исламската верска заедница веќе добро си го наплати овој непромислен потег на Груевски и на скопско Кале доби атрактивна локација за изградба на резиденција и библиотека.

Но, каде во п��иказната е Македонската православна црква? Ќе го прифати ли контроверзниот подарок, па потоа ќе види што ќе прави со атрактивната локација. Можеби, по извесно време ќе констатира дека проектот е скап и земјиштето ќе го пренамени, ќе го продаде. Се' бидува. Со институцијата која е во постојана потрага по спонзори, а сопствените приходи, кои и тоа како се големи, ги складира на сигурно, никогаш не сте на чисто.

Имотот на кој е паркингот спроти „Холидеј ин“, на пример, бил на Лешочкиот манастир. Бидејќи Црквата вели дека хронично нема пари, манастирот беше обновен од Европската унија, а оваа епархија е во потрага по нови донатори за манастири, конаци... Во меѓувреме, за овие пет години, колку што го тераат бизнисот со паркингот, инкасирале повеќе од 300.000 евра! Па, прашува ли некој каде завршуваат овие огромни износи или тоа е редовна појава, па владиците се толерираат. Во стилот - не те чепкам, не ме чепкај.

Така беше и со подарокот од експремиерот Љупчо Георгиевски. На Македонската православна црква неговата Влада и' го даде хотелот „Бисер“, а таа, Црквата, им го отстапи на 30 години на бизнисмените Миладинови (сега се в затвор поради зделките со заедничката фирма со МПЦ)! Договорот за фифти-фифти поделба на печалбата од „Бисер“ им беше малку, па го купија „Изгрев“. Да бидеме попрецизни – два пати го купија, еднаш го изгубија заради ставање под хипотека. И, никому ништо. Владата замижа пред евидентниот криминал, џабе се вршеа графолошки вештачења на потписите на некои вмешани духовници... Што е најстрашно, се покажа дека потписите се нивни, не биле фалсификувани, како што тврдеа во МПЦ.

Сега, нашите великодостојници се ставени пред нови искушенија. Дали ќе примат нешто што објективно не им припаѓа или, конечно, ќе се свестат?! Доколку навистина немаат пари, како што тврдат, бидејќи и во Скопје има неколку започнати и незавршени цркви, како ќе го финансираат она, според идејното решение, навистина скапо здание?


Статијата е прочитана 910 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 30.06.2009 22:04:36
Додека има овци ќе има и џемпери. Одете полнете им ги џебовите на поповите да можат уште побесни коли да возат.
Од: Rage
Датум: 01.07.2009 00:48:11
Dodeka ima vakvi novinari ke ima i neiformiranost! "Slucajno" prasav vo Gradski parking i mi kazaa deka 1/3 od parkingot /posto prethodno Grcev go spomna/ se vodi na Lesockiot manastir. Normalno e Evropska unija da go pravi manastirot koga nivnite galenicinja go krenaa vo vozduh. Inaku simpatizer sum na popovite barem onie sto gi znam! No, ako ima kriminal neka se odgovara, pa koj saka neka bide! Kolite na popovite i parite koi gi spomnuvate se samo kapka od moreto na pljackata sto bese narecena privatizacija, pa sega tie pari gi plakjaat novinarite da sirat vest: drzte lopova! Popovite ne go izbrkaa narodot na ulica, koga sekoj imase plata na nikogo ne mu bese gajle koj sto vozi.
Од: Ljubotan
Датум: 01.07.2009 03:13:38
Makedonija=MPC, go goni Vladikata Jovan i toa mozebi , nikako mozebi, tokmu politicki,a stava mu na teret; kako bozem nekoj si siten sitnis,a ovoj Sv,Izgrev [Stefan], milioni Evra i nikomu nisto. Eeee, Drzavo Vmrovska, pa nie ne sme ;Ovci za Strizene!
Од: РР-Скопје
Датум: 01.07.2009 07:26:55
Време е црквите да целосно се стават во финансискиот систем на државата. Време е да се воведе црковен данок, ама нивните услуги да бидат без надомест и да понесат целосна одговорност како секој субјект во правниот и финансискиот систем.
Од: Verag
Датум: 01.07.2009 10:07:19
Време е и Премиерот да одговара ако врши незаконски дејства- поклонува спроти законот. Доста е тој да го крши Уставот со веронаука повтпрно и повторно а да нр одговара према законот,да поклонува општонароденимот и пак да не одговара.Не може законот да важи самоза политичари кои не се на власт.А црквата,сто како и политичарите не се во морална дилема во однос на грабењ имот.Крајно време е да плаќа данок на државата од своите не така малприходи и скапи услуги.Дали некој помислил што значи црквата да чека донации за изградба на објектот на плоштад повеќе од15 год и цело тоа време да имаме градилиште на плоштадот?
Од: sale
Датум: 01.07.2009 10:21:58
Sramota e ova sto se pravi posle drugite veri bile podobri koga ne znaeme da si ja zacuvame nasata. Vakvoto ponasanje od strana na popovite(ne site) go rasipuvat pravoslavjeto-hristijanstvoto, avo crkva ni vikat sakajtese i bidete dobri luge taka kaza bog, a od druga strana mafijaski zdelki pravat.Sto se odnesuva do gradennjeto sto sakaa da se napravi crkvata na plostadot mislam deka e pogresno ima mnoguuuuu mesta niz makedonija kade moze da se gragi i treba da se gradat crkvi kako nase versko obekezje , ama ne i na ovoj mal siten plostad kade i sega nema mesto da se svrtis a kamo li oa izgradis nesto. toa sto go davaa po vesnicite deka imalo crkvi po plostadite sano edno da se znae tie bili izgradeni so vekovi nanazat a kako se razvivale gradovite taka i tie ostanale na plostadite (se razbira koga gradot bil planski graden)
Од: Лу Цифер од Ад®
Датум: 01.07.2009 12:15:12
Се поставува прашањето: Како тоа, оној кој мора да води сметка за законитоста, е всушност - предводник во кршењето на Законите?! Најверојатно продолжува мислењето на поединци, (блиски до бога:) дека се над земските закони. Со тоа Директно допринесуваат за Ширење на Анархијата, која веќе одамна ги надмина сите граници на пристојност. Црквата како „најсиромашен“ фактор во државата е навистина во Искушение, дали да го пружи Рачето, па да им се Осуши (божја казна секогаш постои, иако не веруваат во неа) или молкум да си почнат со градбата на продавницата, наречена Св. Г``ујо Тхе Грејт. Бладата продолжува со продажба на Туѓи имоти. Навиката е одамна стекната - во моментот кога лумпенпролетерите им ги одземаа имотите на чесните граѓани, кои Тие ги нарекуваа „Воени профитери“ и „трули богаташи“.

Најди! во Утрински
Насловна
Увезениот грип се шири во Македонија
Бернард Медоф е осуден на 150 години затвор
Карикатура
Вицепремиерот Боцевски поднесе оставка
Канал 5 прибежиште за новинарите од А1
Панде Лазаров проговори за сметките
МПЦ месечно добива по 6.000 евра од паркингот пред „Холидеј ин“
Монструмот во УБК
Разрешен судија станал обвинител
Лотито- Ќе го залепам Пандев една година на клупа!
Шведска го нема Западен Балкан на агендата
Нимиц се сретнал со Рен, но не и со Билд
ВМРО-ДПМНЕ е полевичарско и од СДСМ
Иван Поповски