Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Нимиц се сретнал со Рен, но не и со Билд

Карл Билд негира дека дошло до средба, но вели дека Брисел е во контакт со Метју Нимиц

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Метју Нимиц се сретнал со Оли Рен, но не и со Карл Билд, и тоа има повеќе врска со обидите на еврокомесарот да се информира изворно за текот на преговорите отколку што се обидува да го реши спорот околу името.

Како што ни потврдија од Кабинетот на Рен, еврокомесарот се сретнал со Нимиц во Њујорк за време на неговиот престој таму овој месец, без да наведат детали која е причината за тоа кога тој и сите функционери од ЕУ упорно повторуваат дека спорот за името е процес во ОН, а не во ЕУ.

Од Кабинетот на Карл Билд негираа дека до таква средба воопшто дошло, но неодамна шведскиот шеф на дипломатијата изјави дека Брисел е во контакт со Нимиц, иако не се обидува да влијае на спорот. Она што е сигурно е дека Брисел сака да биде во тек со преговорите, бидејќи од тоа какви се шансите да се дојде до решение ќе зависи и реториката кон нашата држава, во смисла дека Брисел нема да си дозволи недавањето датум да се поврзе исклучиво со спорот за името со Грција.

Дека спорот, колку и да се држи под површина, им виси над глава на еврофункционерите се гледа и од изјавата на Карл Билд вчера во која, зборувајќи за проширувањето во нашиот регион, ги спомена сите земји, освен Македонија.

„Југоисточна Европа чука на нашата врата. Србија има најевропски ориентирано раководство во својата историја. Косово е независна држава, а босанските политичари се препираат, но војната никогаш повеќе нема да биде опција. Хрватска прави значаен прогрес во преговорите за ЕУ, а Албанија изгледа одржа успешни избори деновиве. Патот до членство за сите нив, без сомнение, ќе биде долг“, изјави Билд, оставајќи да виси во воздух прашањето колку тој ќе биде долг за Македонија кога во ЕУ немаат храброст ни да ја споменат.

Дека ЕУ останува на ставот да го остави решавањето на споровите на инволвираните земји потврди и шведскиот премиер Фредрик Рејнфелд на средба со балканските новинари во Стокхолм. Според него, постојат очекувања дека некој ќе дојде однадвор и ќе ги реши билатералните спорови. „Важно е да се каже дека нема да дојде никој однадвор да решава што било ако двете земји не се подготвени да се придвижат напред. Тоа нема да се случи, иако постои тенденција да се очекува тоа“, рече тој.

Според него, за да бидат успешни проширувањата, важно е процесот да се темели на условувања. „Сепак, сакам да кажам дека не беше замислено билатералните прашања да бидат дел од тие услови, а гледаме тенденција земјите-членки да ги користат за да ги запрат приближувањата на други земји. Мислам дека тоа не е вистински начин како да се постапува“, изјави вчера шведскиот премиер. Тој објасни дека ЕУ е поделена околу проширувањето и дека околу сите прашања поврзани со него постојат билатерални спорови.

Билд, пак, им порача на Словенија и на Хрватска, чиј спор е многу повеќе во фокусот од тој на Македонија, јавно да зборуваат помалку, а повеќе да се посветат на тоа како да го решат спорот. „И на едната и на другата страна постои премногу јавна реторика околу спорот, што не ја олеснува ситуацијата. Понекогаш размислувањето е подобар политички инструмент од зборувањето“, рекол Билд.


Статијата е прочитана 833 пати.

Испрати коментар

Од: pogled
Датум: 01.07.2009 07:20:48
1. Заборавете го влезот во ЕУ. Таму не не сакаат. 2. Проблемот со ЕУ го направи земја членка на ЕУ, а ЕУ го одржува жив со својата повеќепати искажана меѓусебна солидарност. 3. Од ЕУ треба да бараме да ни помогнат (ако барем тоа го сакаат) да се приближиме кон нивните стандарди и да не не попречуваат во нашиот развој, онаков каков што ни го пишала судбината. 4. Кај нас треба да се впрегнат сите политички, економски, културни и други креативни сили, да се постигне европски квалитет на живот. Еврпоски политички, економски, културни, урбани, технички еколошки стандарди. 5. Да се продлабочат односите со земјите што ни се стратешки партнери.
Од: dedodimo
Датум: 01.07.2009 09:25:44
Luge zemete rabotete se poveke za da ziveete ,ovie od EU i NATO so svatot ne ve primaat ,tie sakaat da ne postoime .Ili imeto (odnosno da ne postojme kako Makedonci )ili nema vo tie organizacii .Tie znaat deka ne smeat da ne narekuvaat kako shto ne sakame ali zatoa ne ne primaat tamo .NA svetot pravda nema .Zaboravete gi i EU iNATO so svatot ,opuletegi ochite kon istok ,tamo e soncetoi spas za nas.
Од: Kuzman
Датум: 01.07.2009 09:39:18
Ili vlez kako Makedonci nezavisno od grckiot problem so identitetot na Makedoncite i imeto Makedonija, ili Makedoncite ne sakaat vlez. Sorabotka na site nivoa, rabota za dobar zivot i vo Makedonija, slobodno patuvanje bez vizi, no smena na nasleden identitet nema! Ako EU i slicnite navistina se za covecki prava, tolerancija i demokratija, togas grcija ne treba da vlijae. Ako znaat no ja podtrurnuvaat odgovornosta, togas ne funkcioniraat kako sto treba. Kako i da e, Makedonija e taa sto e i tie treba da se soocat so realnosta. MK nudi resenie preku bilateralno ime i dogovri za nemenuvanje na granici, poveke od toa ne e premnogu.
Од: Ајван Доктор
Датум: 01.07.2009 12:56:04
@Разрокиот pogled -Едно време се потпишувавте како советник на претседателот. Ако навистина сте таа личност, му препорачувам на народов да се фати за раце и да се упати во Вардар! Јадни ние со вакви доктори на науки и „врвни експерти“! Да не работевте во МРТВ, па се заборавате од Репризи? Или, најверојатно го измисливте и Разумниот компромис на оној кој не знаеше да го објасни!

Најди! во Утрински
Насловна
Увезениот грип се шири во Македонија
Бернард Медоф е осуден на 150 години затвор
Карикатура
Вицепремиерот Боцевски поднесе оставка
МПЦ на големо искушение
Канал 5 прибежиште за новинарите од А1
Панде Лазаров проговори за сметките
МПЦ месечно добива по 6.000 евра од паркингот пред „Холидеј ин“
Монструмот во УБК
Разрешен судија станал обвинител
Лотито- Ќе го залепам Пандев една година на клупа!
Шведска го нема Западен Балкан на агендата
ВМРО-ДПМНЕ е полевичарско и од СДСМ
Иван Поповски