Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

МПЦ месечно добива по 6.000 евра од паркингот пред „Холидеј ин“

Сопственик на 23 отсто од паркингот спроти „Холидеј ин“ е Полошко-кумановската епархија на МПЦ

Сопственик на дел од земјиштето на кое е паркингот спроти скопскиот хотел „Холидеј ин“ е Полошко-кумановската епархија на Македонската православна црква. Земјиштето и' е вратено пред пет години, бидејќи, неофицијално, на таа локација се наоѓал имот на Лешочкиот манастир. До земјотресот во 1963 година ова беше дел од познатото скопско Ново Маало, од кое денес се останати само стотина куќи од двете страни на булеварот „Кочо Рацин“.

Токму каде што е паркингот беа начичкани малечки и поголеми куќи.

Митрополитот Кирил, кој е надлежен за Полошко-кумановската епархија, вчера не беше во Архиепископијата, а неговиот секретар не сакаше ниту да потврди ниту да демантира дека тие стопанисуваат со ова атрактивно земјиште во центарот на Скопје.

Деловните партнери на паркингот - Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, беа многу попресретливи за информации. Не криеја дури ни дека оваа епархија на МПЦ месечно добива по 6.000 евра од наплатата на паркингот и дека договорот со нив е потпишан во 2004 година, а на него стои името на митрополитот Кирил.

Според Љубе Чаловски, раководител на Подрачната единица - Скопје при ЈПССДП, Полошко-кумановската епархија е сопственик на парцела што претставува 23 отсто од вкупната сопственост на паркингот, кој се простира на 16.094 квадрати. Јавното претпријатие со Црквата, поточно со Полошко-кумановската епархија, потпишало договор пред пет години во кој се регулираат односите за заедничка сопственост на локацијата.

„Согласно со договорот, обврзани сме 23 проценти од остварените приходи од паркингот да и' исплатуваме на Црквата. Собраната месечна наплата редовно и' ја исплаќаме и досега немало никакви проблеми“, појаснува нашиот соговорник и нагласува дека Полошко-кумановската епархија досега не побарала никакви корекции на договорот ниту, пак, пројавила интерес на својата земја да изведува градежни работи.

Токму делот од паркингот што е сопственост на една од епархиите на Македонската православна црква се актуализира пред две години кога Општина Центар во соработка со Владата ја промовира идејата за изградба на „скопски Менхетен“ спроти „Холидеј ин“, односно за изградба на две или три стокатници. Деталниот урбанистички план се донесе, но проектот запре тука. Од Министерството за транспорт и врски, кое требаше да распише тендер за отуѓување на дел од земјиштето, тогаш информираа дека постапката ќе се одолжи поради мешаната сопственост на парцелата наменета за стокатниците.

Практично, проблематично беше тоа што како сопственик се јавува и Полошко-кумановската епархија, така што оваа иницијатива запре. Дали некој одново ќе ја актуализира, засега е неизвесно, но официјално, постапката за уредување на сопственоста на земјиштето не е ниту започната. (Б.Ј.-Дс.Т.)


Статијата е прочитана 1591 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 30.06.2009 21:49:24
Значи колку подолго паркирате таму, господ повеќе ве сака бидејќи ја помагате црквата.
Од: Slave
Датум: 01.07.2009 00:32:05
Sramota za crkavat, siromastija na site strani, nevrabotenosta raste a nasata ni crkva dobiva po 6000evr. samo od parkiranje. Ne sum znael kaj mi odat parite koga parkiram tamu, iako retko go pravamtoa sepak vece nema da zgresam. Ckvata znaci vodi biznis a !!!! eeee zatoa popovite nasi kako vistinski bizmeni se, od bogati pobogati, ste videle li pop so mala kola !!! jas ne. ste videle li pop pod kirija ! jas ne. site za 2 do 3 god. rabota se udomovuat vo golemi kuci i skapi koli . SRAMOTA.
Од: Rage
Датум: 01.07.2009 01:01:49
A parkingot da bese na tatko vi, nemase da barate od narodot da vi plati za parkiranje! Ne bidete licemerni! I Turcite 5 veka znaele sto e crkoven imot i ne mu gi cepkale prihodite, a denes od slobodni usti plukame po Crkvata, bravo jaki na vilica! Ova vo zapadniot svet ne e sporno, se znae kolku objekti renta Rimo-katolickata crkva i deka vo katolickite zemji se plakja relig.danok, pa nikoj vaka ne zamara. Ako ne sakate da dadete pari na crkva pa ne davajte, vasi pari, a sto ocekuvate sekoj mesec od crkvata da vi stiga cek ili kes, gaga? A sto ska gradski parking na crkovna niva sto nekoj ja dal samo tie da go sobiraat kajmakot? Pola zgradi u Skopje zatvorija kako parking!
Од: Dragan
Датум: 01.07.2009 07:02:03
crkvata e tolem biznis vo mk , toe e mnogu jasno . pljackaat pari od siromahniot narod
Од: Od Orce -VELES,AUS
Датум: 01.07.2009 08:53:34
Do site komentatori sto protiv MPC,sakam da mi objasnat podetalno zosto i vo koj smisol se bisnismeni.Tie se samo eden vid modivicirani MPC ,kade se zalagaat za dobroto na narodot.Imaat otvoremo narodni kujni skoro vo site gradovi na RM i toa vo nekoj gradovi poveke od edna ,a sto se odnesuva do biznisot ,nasata drzava odi vo kapitalizam pa i MPC ima pravo da se modivicira ,otkolku da propagaat objekti ,a site nie znaeme do nekade MPC dobro provitira ,jas mislam za celiot geografski svet kade sto e prisutna MPC ,pa otamu ima pravo da pridonesuva za razvoj na metropolata Skopje ,pa i vo celost na RM.POZZ -ORCE Please send mu masege.
Од: makedonec
Датум: 01.07.2009 09:10:14
6000 eur mesecno po 12 meseci --- 72000 godisno !!!!!!!!!!!!!! dovolno za operacija na nekoe detence cii roditeli se ocajni da soberat sredstva za lecenje vo stranstvo, a takvi slucai cesto se javuvaat vo drzavava.
Од: greshka vo tekstot
Датум: 01.07.2009 09:22:07
namesto MPC treba da stoi: A.D. MPC
Од: GoKo
Датум: 01.07.2009 09:30:59
Kucinjata si laat, karavanot si vrvi!!!!
Од: mkd
Датум: 01.07.2009 10:03:22
Ovoj problem ima dve lica . Prvoto:Zosto se pluka tolku po crkvata i koj im dava pravo.Sekogas imalo siromasni i bogati i sekogas ke ima.Crkvata ima pravo na prihodi i pokraj tekovnoto odrzuvanje i investiranje treba humanitarno da pomaga Vtoroto:Pod prevezot na Crkvata ima licnosti koi gledaat svoi interesi.Crkvata treba totalno da se prestruktuira i da se doblizi do narodot direktno
Од: b
Датум: 01.07.2009 11:26:28
Во коментарите погрешно се разбира, па прашуваат: Што имате против црквата? Против црквата никој и ништо нема, ама против лопурдите што ја водат црквата ДА!
Од: damjan
Датум: 01.07.2009 12:59:43
e koga ke pocne MPC da plaka danok, kako i site drugi gragani, togas site ke zamolcime i nema da se lutime sto se bogatat na nas grb
Од: Ајван Доктор
Датум: 01.07.2009 13:01:38
@Rage -Браосс, каков „умен“ заклучок! Турците не само што знаеле што е Црквен имот, туку многу добро знаеле и што е Туѓ имот, па не го чепкале. Црковната нива, воопшто не е онаму каде што ти ја замислуваш. А и зошто би имала црквата имот?! Та нели таа е блиска до господ, кој велеше дека на црквата не и требаат имоти. Оваа „нашава“, работи подобро и од Градскиот Трговски Центар!
Од: Prilepcanec
Датум: 01.07.2009 13:06:34
Spored g.Calovski,JSSPD i tn. go izdava parking placot,a eden del od toa asvaltirano prostranstvo,sto ne e ni 25 otsto e crkovno,i kako sto veli zakonot-prihodot od toj prostor odi kaj sopstvenikot.Nema nisto sporno.Sporno e samo zakoravenoto mislenje na komentatorive vsadeno vo vremeto koga se smetase deka crkvata e golemo zlo za narodot,pa potoa se rece deka taa institucija edinstveno go zacuvala bitot na makedonskiot narod,zasto tuka naogjal uteha za svojata nebidnina,a sega,vidi gi istite onie koi ja anatemisuvaa crkvata sega ja klevetat zasto dobivala nadomest za svojata sopstvenot.Pa pred edni parlamentarni izbori,koga segasniot premier bese minister za finansii galanstno gi delese resenijata so koi na onie na koi im bese nacionalizirana nedviznost im se vrati.Im se vrati na verskite zaednici.Stoe sega problem?Razmisluvate kako dedomi,koj koga ke mu recev odam na kino,velese-frlas badijala eden leb! Isto e i so matematikata za spasuvanje na nekoj bolen
Од: Goran
Датум: 01.07.2009 13:35:40
Pa mozat bar po edno crveno jajce da ni poklonat na veligden koga parkirame tamu.... :)) nego da ne ispadne posle deka i del od Holiday In imala crkvava? :) hahaha nisto cudno i nekoj kafic na Kej da drzat. p.s. GOSPODE BOZE :)
Од: skandinavija
Датум: 01.07.2009 14:00:58
ova e golem sram no i dokaz deka nisto nema od tranzicija naprotiv se vovede juznoamewrikanski kapitalizam crkvata i feudalci se bogatat a narodot trpi pa kade vo skandinavija se culo videlo crkva da prima 72000evra samo od parking????pa crkvata vo sreden vek i ovde pola zemja ja poseduvale pa sto?ako nema potreba za zemjata ili crkvata i se odzema vo korist na drzava a nesmee da vodi biznis tuku si dobivat plata od drzava ednakva na ucitelska plata,se odbiva na dobrovolno od brutoplata na narod 0.5%...zarem e tolku tersko da se sprovede isto vo mak za de se usoglasime so evropa....................
Од: Menka
Датум: 01.07.2009 14:26:04
Време беше да го допрете и зКирил, кој е глава на двојниот морал во врвот на МПЦ. Но, разбирливо е, тој како владика си формира семејство, па мора да си го рани...
Од: Sara
Датум: 01.07.2009 15:19:46
Deset godini so semejstvoto ziveeme pod kirija zasto ne mozeme da sobereme barem 30 000 evra za eden prokleto mal stan; kolku dobro bi mi dosla edna polugodisna kirija od parkingot pred Holiday Inn, bi go resila naseto gorlivo stanbeno prasanje i bi ne napravila mnogu srekni, ama ne sme crkva, za zal :(
Од: race
Датум: 01.07.2009 15:52:59
taka e toa koga imame drzava vo drzava. MPC poseduva 8% od zemjodelskoto zemjiste a kolku deloven prostor samo vo centar i stara carsija poeduvaat MPC i IVZ samo oni si znaat.

Најди! во Утрински
Насловна
Увезениот грип се шири во Македонија
Бернард Медоф е осуден на 150 години затвор
Карикатура
Вицепремиерот Боцевски поднесе оставка
МПЦ на големо искушение
Канал 5 прибежиште за новинарите од А1
Панде Лазаров проговори за сметките
Монструмот во УБК
Разрешен судија станал обвинител
Лотито- Ќе го залепам Пандев една година на клупа!
Шведска го нема Западен Балкан на агендата
Нимиц се сретнал со Рен, но не и со Билд
ВМРО-ДПМНЕ е полевичарско и од СДСМ
Иван Поповски