Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Увезениот грип се шири во Македонија

Досега има три евидентирани случаи, два во Прилеп и еден во Битола. Сите лица се дојдени од странство

Александрија Стевковска

Грипот се шири во Македонија. Последниве денови бројот на сомнителни случаи заразени со грип се зголеми на три. Пациентите допатувале од странство и имаат симптоми на смртоносната болест. По првиот случај на четиригодишното дете, кое од Австралија дојде во Прилеп, од истиот град завчера е пријавено уште едно 15-годишно момче кое, исто така, допатувало од Австралија. И кај двете деца е потврден вирус на грип од групата А. Вчера уште едно повозрасно лице во Битола е пријавено како можен носител на пандемскиот грип. Станува збор за 65-годишна жена која допатувала од Германија, а со брзите тестови е утврдено дека и таа боледува од грип од групата А.

По информацијата за грип Битола е во паника. Епидемиолозите оттаму смируваат и велат дека ги презеле сите мерки за да се спречи ширењето на болеста. Пациентката десет дена била на гости кај своите синови во Минхен. Патувала со автобус, а во Битола се вратила во петокот. Иако првите симптоми, зголемена температура, кашлица, црвено грло и треска, ги почувствувала во неделата, особено во понеделникот, на лекар се јавила дури вчера. „Вчера, пред 10 часот, добивме информација од општата амбуланта дека има сомнителен случај. Лекарот констатирал зголемена температура, кашлица и инфекција на горните дишни патишта. За да се спречи евентуално ширење на вирусот испратено е возило до куќата на пациентката, која е донесена в болница. Возилото беше со комплетна заштита на медицинскиот персонал. Ја прегледавме и ја испративме за Скопје, со цел да се исклучи секакво сомнение“, потврди д-р Данчо Бабаловски, началник на Службата за инфективни болести во битолската клиничка болница. Првата сосетка на болната жена, Велика Шиниковска од село Кравари, не верува дека пријателката се заразила со опасниот грип.

„Таа вчера цело време беше кај мене. Кога ја прашав како е, ми рече дека е настината. Секогаш кога се враќа од Германија е болна. Иако е нормално да стравувам, во овој случај нема зошто да се плашам, бидејќи ова кај неа е поради промената на времето“, вели Шиниковска.

Според д-р Бабаловски, по потврдата дека битолчанката е носител на вирус на грип од типот А, ќе се преземат карантински мерки за сите нејзини контакти. Од Заводот за здравствена заштита во Битола велат дека е формиран и кризен штаб во кој, покрај лекарите, се вклучени и претставници на Општината, како и на Центарот за управување со кризи.

Македонските здравствени власти уверуваат дека земјава е подготвена да се справи со новиот смртоносен грип.

„Македонија е подготвена да се справи со новиот грип од типот А Х1Н1, особено во летниот период, кога се очекува да се зголеми бројот на сомнителни случаи поради годишните одмори и доаѓањето на граѓаните кои живеат во други држави“, изјави вчера министерот за здравство, Бујар Османи.

Тој вели дека нема место за паника во однос на зголемениот број сомнителни случаи.

„Сите здравствени институции се подготвени во однос на едукацијата на кадар, потребни заштитни средства и лекови за евентуален одговор. Во моментот кога СЗО прогласи пандемија на новиот грип, тоа значи дека ниту една земја нема да биде исклучена од ширењето на вирусот. Можеби е добар момент тоа што бројот на случаи е помал во споредба со земјите во регионот“, истакна Османи.

Битно е, посочи тој, дека како здравствен систем сме подготвени да одговориме на вакви случаи и во суштинскиот дел, а тоа е координацијата на сите институции на национално и на локално ниво.

„Брзото дијагностицирање покажува дека системот функционира и оти сите со вакви симптоми ги третираме“, објасни Османи.

Здравствената состојба на момчињата од Австралија со привремен престој во Прилеп и жената од Битола, кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје и се позитивни на вирусот од групата А, е стабилна и се подобрува. Дополнителните анализи што ќе ги прави референтната лабораторија во Лондон треба да покажат дали станува збор за новиот грип од типот А Х1Н1.

Резултатите од Лондон за четиригодишното дете од Прилеп се очекува вечерва да пристигнат во Македонија. „Според протоколите на СЗО, ние не можеме да излеземе со официјална констатација дека станува збор за поттипот Х1Н1, се' до добивањето потврда од Лондон. Сега имаме можности за тоа со новиот апарат ’реал тајм ПЦР‘, кој завчера пристигна и со кој ќе може да се идентификува новиот грип“, рече Османи.

Според него, моќноста на вирусот е мала ако се споредува со птичјиот грип, кој имаше 70 проценти смртност.

„СЗО не препорачува затворање на границите и рестрикции во патувањата во земјите. Тоа не е начин да се спречи ширењето на вирусот. На граничните премини екипи вршат надзор. Населението во Македонија и натаму треба да ги почитува превентивните мерки, како што се, одржување лична хигиена, која е многу битна, и редовно миење на рацете“, додаде министерот Османи. Тој предупреди дека лекот „тамифлу“ не треба да се зема превентивно и на своја рака, бидејќи на тој начин се создава отпорност на болеста. Се препорачува, доколку некој добие симптоми, веднаш да се обрати кај матичниот лекар или во Заводот за здравствена заштита.

Во светски рамки грипот зема замав. Секојдневно има нови жртви.

Во болница во шпанскиот главен град Мадрид вчера почина 19-годишна жена инфицирана со вирусот Х1Н1 на новиот грип од типот А. Тоа е прва жртва на болеста во Шпанија, каде што се регистрирани 541 случај на заболен. Жената починала неколку часа откако се породила со царски рез, во седмиот месец од бременоста. Шестгодишно девојче е трета жртва на вирусот на грипот од типот А во Велика Британија. Досега во Велика Британија се регистрирани 6.000 случаи на грипот А, а од нив околу 5.000 во Англија. Само во последните 48 часа уште 1.600 нови случаи на заболени се потврдени од здравствените власти, при што во областа Западен Мидленд има повеќе од 580 нови случаи на овој вид грип. Во главниот град на Република Српска, Бања Лука, вчера беше регистриран првиот сомнителен случај на лице заразено од новиот грип од тип А Х1Н1. Во Северен Кипар се регистрирани, исто така, првите два случаи на заразени со новиот грип А. Во исто време, во Република Кипар се потврдени пет нови случаи на заразени со грипот А, со што бројот на лицата заболени од новиот грип се зголемил на 25 лица.

(Во изработката на текстот

учествуваше и дописникот од Битола)


Статијата е прочитана 1168 пати.

Испрати коментар

Од: pance
Датум: 01.07.2009 07:30:29
Si gi digaat akciite doktorite so site dosegasni gripovi,ce go pomineme i ovoj.Zal mi e za nas narodot: Ce iznakupi drzavava sega nekoisi vakcini,antibiotici vo sklopot na toa nekoj ce si go napolni i gebot,posle kuso vreme kako i da ne postoel.Kako laik grip kako i sekoj grip,udira na plucata a za toa imame lekovi uste od dedo noeta.No taka e tova so nas Makedoncite,sakas li na siromasite da im go svrtis vnimanieto od sekojdnevnata beda-nezadovolstva-izmisli im nekoj grip,samo posle ovoj AH1N1 neznam kakvo ime ce mu stavat.Narode ne se plasite,pet pari ne davajte,dovolen Vi e samo maticniot lekar a fala mu na gospoda samo uste toj ne zima mito vo celo nase zdrastvo.
Од: sale
Датум: 01.07.2009 07:51:39
Ma mene odamna mi beshe jasno deka gastarbajterite vo MKD nemozzat da donesat pari.
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 01.07.2009 08:29:15
Господ нека ни е напомош од грипот и од новинарите. Од трите „сомнителни“ испадна дека само еден е сомнителен, малото дете дојдено од Австрлија, кое за среќа мошне брзо закрепнува. Грипот А, бе оглед на варијантата, има смртност од 0,5%, со што неговата смртност е иста како кај секој друг грип. Се прашувам, како воопшто стигна до оваа ситуација, со ваков тип на грип. Се чини најголема заслуга имаат новинарите.
Од: Petre
Датум: 01.07.2009 08:50:00
pred nekoj den na Srpski mediumi (kade ima dosta od noviot grip) cuv deka go narekuvaat " Meksicki grip"; no interesno, veke poodamna nikakov glas od Mexico, dali stanaa " Imuni" na nivniot grip, gi smenija li navikite ( baknuvanje so sekogo) ili zezkata klima e lek protiv gripot ??
Од: Bolen Dojcin
Датум: 01.07.2009 08:58:06
Prviot slucaj na ovaa bolest e donesen tuka uste od poodamna, i toa preku eden predstavnik na vladinite sluzbi koj se vrati od sluzbeno patuvanje id Njujork. Ovaa osoba e vo medjuvreme, za zal, pocinata. Za ova svoevremeno izvestuvaa mediumite. Zosto sega se plasiraat vakvi poluvistini i ddezinformacii? Dali toa mu koristi na nekogo?
Од: никола
Датум: 01.07.2009 11:09:33
не ја свакам логиката на новинарите...прават само поголема паника со вакви алармантни текстови...вирусот се лечи...0.5% смртност не е голем процент и сите до сега што биле жртви..имале некаква позадина од болести како што умрела жената во шпанија...после породување...сериозно нема место за ПАНИКА но сепак треба да се внимава ! само еден совет до утрински престанете да правите паника !
Од: Ајван Доктор
Датум: 01.07.2009 11:20:52
Вообичаено е кај нас Лошите работи да бидат Увезени! Ние сме „идеални“, до перфекција. Мед и млеко тече низ улиците... Кај нас нема Рецесија (ма што ви е, па нашата Блада, работи 24 часа во осум-дневната недела), нема ни грип (тој е увезен)... Е, се`а... нема ни многу други работи, ама, пак, за тоа ни се криви - Соседите... Лудилото наречено невиност продолжува! Како Дева Марија сме - па и таа (како и ние - од библиската земја) забременила од светиот дух! :)
Од: Проф. Жарко од Злетово
Датум: 01.07.2009 11:45:08
Аман-заман и од лекари, министри и новинари. Не отрувте со недоквакани информации. А каде ви ТЕРМАЛНИТЕ АПАРАТИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРА ,на самите гранични премини? Ова ми личи како оној апарат од 4-5000 евра што го нема ни гениколошката клиника во Скопје, па затоа ни ослепуваат бебињата! Доста празни паради и реклами, демек, како,ете, нешто работиме, се е под контрола!Кај нас, проверено по кој знае кој пат, ништо не може да се концептира и изведе, човечки, паметно, без драма...
Од: od toni
Датум: 01.07.2009 12:40:19
Naslov za zaplasuvanje. Ako tri lica dosle vo Makedonija znaci se zgolemil brojot od edno na tri, a ne deka licata se zarazile po pat na sirenje na gripot koj go ima vo Makedonija.

Најди! во Утрински
Насловна
Бернард Медоф е осуден на 150 години затвор
Карикатура
Вицепремиерот Боцевски поднесе оставка
МПЦ на големо искушение
Канал 5 прибежиште за новинарите од А1
Панде Лазаров проговори за сметките
МПЦ месечно добива по 6.000 евра од паркингот пред „Холидеј ин“
Монструмот во УБК
Разрешен судија станал обвинител
Лотито- Ќе го залепам Пандев една година на клупа!
Шведска го нема Западен Балкан на агендата
Нимиц се сретнал со Рен, но не и со Билд
ВМРО-ДПМНЕ е полевичарско и од СДСМ
Иван Поповски