Лотито: Ќе го залепам Пандев една година на клупа!
Претседателот на Лацио ги губи нервите поради упорноста на Македонецот да го напушти тимот од Рим
Претсетадетлот на Лацио, Клаудио Лотито, ги загуби нервите за Горан Пандев и неговото упорно повторување дека сака да си замине од Рим. Контроверзниот бизнисмен вели дека повеќе воопшто не го интересира дали ќе го загуби македонскиот репрезентативец поради истекување на договорот догодина туку единственото нешто што му е во глава е жестока казна.
Лотито неколку пати преку медиумите му одговараше на Пандев. Дури се споменуваше дека ќе ги пушти да си оди, но сега веројатно му дојде преку глава. Како одминува времето се испоставува дека Пандев нема вистински понуди, а тој самиот говореше дека е мета на Јувентус, па нашиот интернационалец наместо нов договор можно е да добие едногодишно греење на клупата на „сино-белите“ од Рим.
„Клубот може да одлучи дали ќе продаде фудбалер или ќе го загуби како слободен играч кога ќе истече договорот. Во тој случај клубот може да одлучи и да не му дозволи да игра на својот фудбалер. Ако Пандев сака да игра ќе му дозволиме, но само ако тоа е негова вистинска желба. Доста беше. Тие мислат дека може да не' уценуваат поради тоа што им истекува договорот меѓутоа јас сум тој што ќе ги залепи на клупата на „Олимпико“ цела сезона“, порача бесниот Лотито.
Ова е втор случај во последно време еден претседател на клуб во Серија А да се заканува на фудбалер дека ќе го смести на клупа. Првиот беше претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој слично нешто му порача на Езекил Лавеци. На Де Лаурентис му се смачи од бројните барања на Лавеци и неговите правни застапници за покачување на платата.
„Изненаден сум од неговата незрелост. Лавеци треба да го заработи своето зголемување на платата на терен. Кога сте професионален фудбалер т��а треба и да останете, а не да шетате наоколу и да собирате проститутки. Кога играте за некој клуб ги браните боите на градот, кога конзумирате алкохол навечер и се забавувате по градот во потрага по проститутки тогаш ги срамотите сожителите, клубот и навивачите“, истакна неодамна Лаурентис, кој нема намера да му ја зголеми платата на Лавеци, и дополни дека повеќе ќе нема милост за екс напаќачот на Сан Лоренцо.
„Тимовите треба да имаат кодекс на однесување. Ако Лавеци продолжи вака ќе добие двегодишна суспензија додека не му истече договорот со Наполи. Дотогаш нема да игра за нас и тоа ќе му ја уништи кариерата, а јас и онака немам добиено никаква понуда за него. Дури и да стигне, може да разговараме, бидејќи секој има своја цена, но мене може да ми падне на памет да не прифатам ништо, па дури и да станува збор за 25 милиони“, порача Де Лаурентис за чиј напаѓач наводно е заинтересиран Ливерпул. (Блиц) |