Процентот на употреба на пиратски софтвери во Македонија лани изнесувал 68 отсто, или приближно колку и претходната година. Ова го покажа шестиот глобален извештај за софтверска пиратерија на меѓународната асоцијација БСА, која ја претставува глобалната софтверска индустрија.
Извештајот опфаќа 110 држави, од кои кај половина е регистрирано намалување на софтверската пиратерија, кај третина таа е на исто ниво како минатата година, а во 16 земји е забележан пораст. Светската стапка на пиратерија се зголемила за 3 отсто, на 41 процент во 2008. (Макфакс)
Дали извештајот ја истражи Куповната моќ во Македонија, како можност за набавка на оригинални софтвери?! Ако тргнеме од фактот дека цената на Квалитетниот софтвер започнува од 400 евра и се движи по угорнина, ќе дојдеме и до Среќниот заклучок: Пиратеријата Овозможи во Македонија да имаме пристап до Компјутерите, па дури и до Основниот Оперативен Систем - Виндоуз. Бројката на пиратски програми е многу поголема од онаа во извештајот, но е и заслуга за зголемениот број на образувани Информатичари. Зголемен е и бројот (иако не и Квалитетот) на услугите: печатење книги, списанија, брошури... веб, мултимедија, без кои е незамисливо современото општество. Значи: без оваа пиратерија во Македонија би завладеал Целосен Мрак!