Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Истокот бара евтино решение за гасоводот

Педесет анкетирани стопански субјекти изразиле подготвеност да го прифатат гасот за своите потреби

Иван Бојаџиски

ШТИП - Источниот плански регион бара измена на предложеното решение за гасоводниот систем во нашата држава. Тоа решение се смета за нефункционално и многу поскапо, а за негова реализација ќе треба многу подолго време. Имено, се смета дека предложеното решение го исклучува регионот од процесот на гасификација на државава. Во таа смисла, до „Енергосистем“, фирма што ја изработува физибилити-студијата за гасоводниот систем во Македонија со идеен проект, испратено е писмо со барање за измена на студијата.

„Со физибилити-студијата е предвидено гасоводниот систем од Бугарија преку Крива Паланка и Кратово да стигне до Скопје. Оттаму, преку Вардарската Долина да се гради траса до Штип и да продолжи кон Кочани, Виница и други делови од нашиот регион. Постојат сите предуслови гасот до Штип и Кочани да пристигне на многу поевтин начин и со многу поголема динамика на изградба“, вели кочанскиот градоначалник Ратко Димитровски, претседател на Собранието на Источниот плански регион.

Според Димитровски, најрационално решение е гасот за источниот дел на Македонија да се транспортира преку систем што ќе тргнува од Страцин, во атарот на Кратово и преку Пробиштип да продолжи до Крупиште, село покрај кое минува магистралниот пат Штип - Кочани. Оттаму гасоводот би се поделил на два крака, едниот кон Штип, а другиот кон Кочани. Оваа траса е покуса за половина, односно за педесетина километри од трасата предвидена со физибилити-студијата.

„Интересот на стопанските субјекти во нашиот регион за користење на оваа евтина енергија е исклучително голем. Само во двете индустриски зони во Кочани - старата и новата, во анкетата што ја изготвивме за оваа намена, над педесет стопански субјекти ја изразија подготвеноста да го прифатат гасот за своите потреби. Тоа е евтина енергија за технолошка развојна зона кај Штип, најважен услов да се привлечат странски, но и домашни инвеститори“, укажува Димитровски.

Источниот плански регион со единаес��т општини со 181.000 жители, кој зафаќа 14 проценти од територијата на државата, рангиран е на второ место според неразвиеноста меѓу осумте такви региони, веднаш зад Кумановскиот. За изработка на развојни проекти, од буџетот на државата регионот треба да добие 38 милиони денари. Овде се смета дека државата, посебно во последните дваесетина години, била неправедна во однос на неговиот развој.

„Наша процена е дека за развојот на регионот е неопходна современа инфраструктура. Како регион, нашата енергија, покрај гасификацијата, ја насочуваме и кон модернизација на автопатот од Велес до Штип. Изградба на пат од левата страна на реката Брегалница е од животно значење за десетина развиени населби од четири општини. Станува збор за патната насока Штип – Аргулица – Зрновци – Виница. Само два километра пат се потребни да се поврзат Пробиштип и Кочани преку Рајчани“, укажува Димитровски.

Источниот регион има голема потреба да го реализира и проектот за регионално управување со отпадот, но и проектот за пречистување на отпадните води од градовите и населените места кои најмногу ја загадуваат Брегалница. „Упорно ќе работиме на тоа. Но, врвен приоритет се магистралата Велес - Штип и гасификацијата“, потенцира градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.


Статијата е прочитана 233 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Серија земјотреси во Струмичко
Балканот без современа инфраструктура
Лекарски игри со очните прегледи на бебињата
Охрид чека светски хотелски брендови
Депонијата „Русино“ е незаконски затворена
Општината го бара имотот на касарната
Со температурите, расте и ризикот од пожари
Средно училиште во Теарце
Нема лиценца за 68 отсто од софтверот
Eдинствен ценовник на државните факултети