Општината го бара имотот на касарната
БИТОЛА - Локалните власти бараат од Владата да го забрза процесот за префрлување на имотот на поранешната касарна во Битола на Општината. Градоначалникот Владимир Талески вели дека се подготвува предлог на деталниот урбанистички план, во кој сериозно се планираат и објектите на касарната.
„Владата треба да го реши нивниот статус. Ние бараме парцијално решение. Но, за жал, иако тие процеси динамично се одвиваат, сепак се' уште немаме одлука. Можеби ќе се случи дел да им се даде на општините, а другото да и' остане на државата“, изјави Талески.
Според плановите на имотот на старата касарна треба да се направи современ комплекс каде што ќе бидат дислоцирани и делови од полицијата и од пожарната. (А.Б.) |