Број 3026  петок, 03 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Новинарите сепак ќе го тужат Амди Бајрам

Здружението на новинарите на Македонија во текот на вчерашниот ден одржа консултации со својата правна служба, по што било заклучено дека ќе следи тужба против пратеникот Амди Бајрам. Според наши сознанија, тужбата која ќе следи против пратеникот Бајрам ќе биде за сторени кривични дела: клевета и навреда. Тужбата најверојатно ќе биде поднесена од страна на новинарите, кои беа присутни во Собранието на РМ, на 16 јуни, кога Бајрам со недолични зборови им се нафрли на собраниските известувачи.

На поднесувањето на тужбата најверојатно ќе претходи обезбедување на сите докази, кои ќе го потврдат однесувањето на пратеникот Бајрам. Имено, ќе бидат обезбедени снимките на кои јасно се гледа оти Бајрам директно им се обраќа на собраниските известувачи со зборовите: „За вас, само ќотек! Јас да сум на власт и да можам, сите ќе ве затворам. Вие сте државни непријатели, мафијаши, шпиони на ЦИА и работите за пари. За вас, само ќотек!“

На инцидентот, со ништо не предизвикан од новинарите, му претходеше земањето изјава од пратеничката Флора Кадриу, но веројатно тоа што никој не му обрнувал внимание на Бајрам било мотив да почне да ги навредува новинарите. Однесувањето на Амди Бајрам беше осудено од неговите колеги од Собранието, а веќе следниот ден тој три пати се извини за своето недолично однесување. Но, со оглед на тоа што на Бајрам ова не му прв пат вака да се однесува со новинарите за него ќе следи тужба во која ќе биде предвидена и нематеријална штета. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 1051 пати.

Испрати коментар

Од: Мане
Датум: 03.07.2009 00:22:45
Ама касно палат овие наши новинари !!!!
Од: Ljubotan
Датум: 03.07.2009 00:31:06
Kade ima Cad mora da ima i Ogan! Tokmu se znae deka , Republika Makedonija godisno dobiva ;100.000.000 Milioni Eura od Evropskata Unija za Edukacija i sosicialna pomoc.na Romite vo Republika Makedonija.Ova e ogromna suma na pari,Dali tocno nekoj znae kade odat ovie pari. Ne e i cudo kogaj Romskiot pratenik Amdi Bajrami site gi narece ; Mafiasi. Moze bi, Amdi Bajrami, nesto povece znae od drugite,kade zavrsuvaat ovie ogromni pari.
Од: Petre
Датум: 03.07.2009 06:36:52
neli se ukina verbalen delikt kleveta ?.. ili se ukina samo za novinarite?.. a tocno e deka ima korumpirani novinari, pisuvat sekakvi nevistini i teski Dezinformacii, e za dezinformacii ima pravo da se tuzi i mediumite da plakaat otsteti
Од: sova
Датум: 03.07.2009 09:44:27
Iako stilot, manirite i nachinot ne mu se vo red, Bajram e potpolno vo pravo. Nema neshto shto e pokorumpirano, porasipano i ponepismeno od novinar, za zhal!!
Од: sutka
Датум: 03.07.2009 10:14:45
Ajde Amdi, tamu kade shto ti e mesto...
Од: Dejan zvani Brzi
Датум: 03.07.2009 10:59:49
More neka go piknat pak u zatvor, i taka prestavuva ogromen sram za Makedonskata drzava.
Од: b
Датум: 03.07.2009 11:08:21
Не вреди тужба. Тука е Маневски, ке го заштити. За Амди треба само некој ко онаа жена, на едни избори, што го претепа. Го видов на ТВ, после ќотекот беше мирен ко бајче, стиснат во ќоше.

Најди! во Утрински
Насловна
Го есапи ли некој ревизорот
Цел јули со дожд и грмежи
Васко Наумовски нов вицепремиер
Уште еден скандал со обвинителите?
Зошто Боцевски поднесе оставка
Боцевски одржувал тајни контакти со Грција?
Скандалозен избор
Брисел одлучува за Фуере, а не Скопје
Самозалажување
Хаос со доставата на даночните решенија