Број 3026  петок, 03 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Скандалозен избор

Гордана Дувњак

Советот на јавни обвинители ризикува да им го преземе приматот во скандалозните избори на нивните колеги од панданскиот Судски совет. По последниот избор на 31 обвинител што се случи минатиот петок, се открија дури два случаи на заскитани кадри. Поголем срам, здравје!

Еден новоизбран обвинител, по само неколку дена од изборот, даде оставка откако се откри дека претходно бил разрешен од судија, поради нестручно и несовесно работење. Но, тоа очигледно не му паѓа на памет на неговиот избран колега од Куманово, за кој се води истражна постапка за злоупотреби на службената должност во катастарот.

И во двата случаи станува збор за кадри од албанската заедница, што зборува дека при изборот овие кандидати лесно се протнуваат, бидејќи очигледно им се верува на некакви партиски филтри. Тоа во никој случај не може и не смее да биде оправдување за членовите на Судскиот совет, кои дозволуваат лесно да им поминат ретушираните биографии. Секоја чест на добрите и квалитетни правници од албанската заедница, но не може недостигот на обучени кадри и инсистирањето, по секоја цена, за правична застапеност, да биде на штета на квалитетот. Уште повеќе за пополнување со кадри со „криминално досие“.

Министерот за правда може, колку сака, да се чука в гради, а шефот на дипломатијата да им објаснува на странците дека имаме независно судство. Факт е дека не се случајни жестоките критики на дипломатите од ЕУ и од НАТО, ниту отворените сомневања изразени во меѓународните извештаи во делот на функционирањето на третата власт. Се' додека се избираат судии и обвинители по клуч и се оди кон натамошна партизација на судството, од реформите ќе нема ни Р. Тоа го знае Брисел, но уште повеќе македонските граѓани.


Статијата е прочитана 2199 пати.

Испрати коментар

Од: gargi
Датум: 03.07.2009 00:48:20
Eeeeee,ne se samo ovie slucai pri izborot na javnite obviniteli.Sostavot na novoizbranite obviniteli vo nikoj slucaj ne korenspondira so izjavata na ministerot Manevski deka se site kadri od maticnite organizacii,so dolgogodisno iskustvo za vrsenje na javnoobvinitelskata funkcija i vo koi dolgi godini se investiralo.Seenje magla i frlanje prav vo ocite na javnosta,za neupatenite.Aferata za platata i penzijata na Manevski e "macji kasalj" vo sporedba so skandalot pri izborot na novite obviniteli.Opozicijata i mediumite pak ne znaeja kade da pogodi i da gi posocat vistinskite pricini zosto sudstvoto ni e takvo kakvo sto e.Go premolcaa izborot kako nisto da ne se slucilo.Eve kade im e slabosta.Dodeka se nalepija na bezvezvi temi kako antikvizacija,plata i penzija na Manevski i sl. masinerijata raboti.Site iluzii se sruseni.Dokolku Vi e provokativna temata so izborot,istrazuvajte,sostavot e interesen
Од: mitko e toleranten
Датум: 03.07.2009 01:40:31
Ako voeni zlostornici sedat vo parlamentot zosto mora da se bara nekoe pogolemo nivo na moral od sudiite i obvinitelite? I zarem e toa mozno takvno da najde?
Од: ??
Датум: 03.07.2009 06:33:08
Кога во Македонија би било неспособно и корумпирано само судството, тогаш тоа лесно би се решило. Проблем е што се КОРУМПИРАНИ СИТЕ, И НА СИТЕ НИВОА. Никој не ја работи својата работа а и прашање е да ли знае да ја работи?! Прво се корумпирани законодавците, (донесуваат наменски закони - како оној, срушен пред некој ден, направен за да се уништи Фершпед. Хмм, сега кога ќе размислам, можеби Фершпед е во власништво чие што е,заради тогаш корумпираното законодавство.Но еднаш веќе мора да се повлече црта. Не смее да се гони криминал со ист таков криминал, или полош - затоа што се повторува.) Корумпирано е школство, здравство, полиција и што ти не се. Владата можеби се бори понекаде, но таму кај што и одговара го продуцира!!! Сите би сакале да ќапнат муфте, од партиски војници до премиери, од служители до академски професори, од чистачи до доктори примариуси, од чувари до врховни судии,од од обични цариници до шефови на царината. Сите, без исклучок!!!
Од: ?! До: ??
Датум: 03.07.2009 10:07:53
Одличен коментар! Би ја додал само онаа инфантилна BMRO парола: „Тие до сега крадеа, сега малку и ние!“ која всушност ги објаснува и побудите и намерите за „борба“ против корупцијата, криминалот, градежната мафија...! Кога сме кај последниве, овој пат имаме градежна мафија со „божја“ помош и озаконета со Бладин Декрет, што поинаку значи - Заштитено со закон! Каква трагедија е да имаш желба да крадеш и владееш како оној претходниот! Во тоа е и суштината на „успешноста“ на „реформите“. Реформи, кои се прават не заради желбата за подобро, туку заради страста да „кркаат“ малку и оние другите!
Од: b
Датум: 03.07.2009 10:33:20
Да не се вмешал тука некој друг сем власта. Мора да се најде кривец, а да не е тоа власта!
Од: stecaec
Датум: 03.07.2009 10:42:45
Pominaa dosta vreme i od nikade reakcija, Vo muabetot Milenko i Ljupco, Ljupco rece "aj da ne se pravime cesni" site imaat privilegii i gi koristat. Ne ni kaza koga gi prijavil tie "privilegii" i dali plati danok na niv. Pa posle ni kaza deka od edna milijarda budzet ne mozelo da se "privilegiraat" 200 milioni. A sto bese toa zloupotreba na sluzbata, mozebi novive obviniteli ke znaat. Ama najcudno e sto site prekutea. Zatoa li gi birame nasive lideri za tie da imaat privilegii , a nie da gledame.
Од: zlatica
Датум: 03.07.2009 14:39:54
Risto chelev od Gevgeliskiot katastar smenet poradi zloupotrebi i malverzacii, stavene e vo komisija za fizicka delba i e nacalnik na odd. ????? Turi mu pepel
Од: zapad
Датум: 03.07.2009 14:40:22
G-dinot Ćani ne go biva ya sudija ,spored sovetot ama može za Viš obvinitel.
Од: toso
Датум: 03.07.2009 19:50:57
A zosto ne se obelodeni i krivicnata prijava na Kocanskiot obvinitel Puskata?Kaj otide taa,vo koja fioka ili korpa?

Најди! во Утрински
Насловна
Го есапи ли некој ревизорот
Цел јули со дожд и грмежи
Васко Наумовски нов вицепремиер
Уште еден скандал со обвинителите?
Зошто Боцевски поднесе оставка
Боцевски одржувал тајни контакти со Грција?
Брисел одлучува за Фуере, а не Скопје
Новинарите ќе го тужат Амди Бајрам за навреда и клевета
Самозалажување
Хаос со доставата на даночните решенија