Број 3026  петок, 03 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Хаос со доставата на даночните решенија


Фирмата која ги дели фактурите за данок на имот вчера извиси стотина граѓани кои си ги чекаа решенијата

Граѓаните кои до 10 јули нема да ги добијат решенијата сами треба да ги подигнат од Градот

Сања Наумовска

По неколучасовно чекање на топло и спурно време, нервоза и загубени драгоцени часови стотина скопјани и вчера не ги добија своите решенија за данок на имот за 2009 година. Граѓаните, собрани пред филијалата на Прокредит банка во Ново Лисиче, чекаа да дојдат претставници на фирмата „Глобко логистик“, која годинава е избрана од Градот Скопје, да ги подели решенијата. Најголемиот дел од граѓаните беа пензионери, но и вработени кои ја користеа паузата од работа да ја завршат и оваа новонаметната обврска.

Имено, иако беше најавено дека решенијата за данок ќе бидат носени од врата на врата, по завршувањето на десетдневниот рок, фирмата се премисли, па оние решенија што и' останале неподелени, наводно, поради тоа што сопствениците не биле најдени дома, почна да ги дели на улица на пунктови. За промената, граѓаните дознавале од ливчиња оставени во сандачињата за пошта, со прецизирање на локациите кој каде да си го бара своето решение.

Во Градот Скопје, пак, за да се зголеми конфузијата во целиот случај информираа дека недоставените решенија ќе се бараат на шалтерите во Прокредит. Но, од банката демантираа, посочувајќи дека Градот никогаш не им побарал такво нешто. До Прокредит се обратиле единствено од фирмата која врши достава, но биле одбиени. Затоа од „Глобко“ одлучиле решенија да делат на импровизирани масички поставени на јавна површина, во парковите пред филијалите. По сите компликации и дезинформации, на голем број скопјани се' уште не им беше јасно како и кога ќе го добијат своето решение и кому да му се обратат.

Вчера, по три часа чекање пред банката во Ново Лисиче, на луѓето им беше соопштено дека никој нема да дојде, како и дека „Глобко“, втор пат за два дена, го менува начинот на достава. Во следните седум дена решенијата повторно ќе се носат од врата на врата, а оние кои нема да ги добијат, ќе треба самите да си дојдат во бараките на Градот Скопје.

Револтирани, присутните коментираа дека досега секогаш потврдата им била доставувана како и останатата пошта и дека немало никаков проблем. Сега, иако некои морале да доаѓаат дури од населбите Пролет или Аеродром, повторно не ја завршиле работата. Тие прашуваат што би се случило ако вака би се комплицирала доставата на секоја сметка што ја добиваат.

„Јас живеам во зграда на булеварот ’АВНОЈ’ и кај нас никој нема добиено решение за данок. Не е точно дека не не' нашле дома, бидејќи во зградата има и постари луѓе кои се постојано дома“, вели еден граѓанин. Приказната ја потврдува и жителка на населбата Јане Сандански, која дошла да го земе решението на својата 90-годишна мајка. Таа тврди дека старицата не излегува и дека не е можно некој да заѕвони на врата, а да не ја најде дома.

„Ако сакаат Градот и општините да си ги соберат парите, треба да се потрудат барем да ги донесат фактурите, а не, кај што треба да им платам, морам дури да го изгубам цел ден и сам да си дојдам по сметката“, се нервираше еден бизнисмен, по подолго чекање.

Кај „Три бисери“ во Аеродром, пак, доставувачите на „Глобко логистик“ не ги испорачале решенијата за сите станови во зградата. На зачудените жители кои си ги побарале своите документи им рекле дека за некои има, а за некои не.

Проблемот за ова, велат во „Глобко“, е во Градот Скопје од каде што секојдневно им праќаат одреден број решенија од сите десет општини кои тие треба да ги достават. Што ќе добиеме, тоа се дистрибуира, велат во фирмата и затоа откако ќе заврши втората тура достава на врата на 10 јули, сите оние кои ќе останат без решение ќе треба самите да си се обратат во Градот Скопје.

Од Градот, пак, тврдат дека на фирмата „Глобко“ целокупната база на подароци и' била доставена наеднаш, пред да почне делењето на решенијата. Таа имала обврска, според условите наведени во тендерот на кој беше избрана, да ги испечати решенијата и да ги достави на рака на сопствениците.

„Предвидениот датум за стартување на дистрибуцијата беше пречекорен поради технички проблеми со печатењето на решенијата, кое требаше да го изврши фирмата. Во продолжение на дистрибуцијата се испречи проблемот со временските услови кои го намалуваат дневниот ефект на дистрибутерите. Испечатените 146. 747 решенија се дистрибуираат, согласно со законот, на домашна адреса на даночните обврзници, а доколку не се дома, им се оставаат известувања каде можат да ги подигнат“, велат во Градот, од каде што информираат дека фирмата веќе нема технички пречки и наредните денови ќе се интензивира дистрибуцијата. Решенијата ќе се делат меѓу 9 и 13 и меѓу 17 и 21 часот.


Статијата е прочитана 1513 пати.

Испрати коментар

Од: svesen gragjanin
Датум: 03.07.2009 01:34:54
Dali novata administracija na Gradot i firmata Globko mislat deka site shto poseduvaat stanovi vo Skopje se nevraboteni i sedat po cel den doma?? Kako mislat da najdat nekoj doma pretpladne za da go vrachat reshenieto koga povekjeto od gragjanite se- na rabota?! Dali upravata na Gradot znae deka ONI se nash SERVIS, deka tie postojat za nas, a ne nie, gragjanite, za niv?! I ako saka da ni vrachi nekoj dokument toa ke go napravi ili po poshta ili na vrata POPLADNE, koga vrabotenite se doma! NASHA OBVRSKA E DA GO PLATIME DANOKOT, A NIVNA, DA GO VRACHAT RESHENIETO. Kako? Toa e niven problem, za toa se plateni od danochnite obvrznici, a, ne nie da gi barame po ulici. Sramota! Baram od Gradonachalnikot IZVINUVANJE za maltretmanot shto ni go priredija!
Од: niko
Датум: 03.07.2009 06:18:08
Не се лутете бре Скопјани, па вие си ги гласавте ДПМНЕ-овците... е па тие така знаат да работаат...
Од: Пинг
Датум: 03.07.2009 07:28:20
Јавно, јасно и гласно кажувам: Доколку Решението за данок за имот не ми биде доставено, без разлика дали сум дома или не, нема да платам. За ситни пари и до Стразбур ќе се тужам. Не од инает, од принцип. Преку глава ми е од курназлаци и мангупарења. Се` едно те исто, се` едни те исти, иако божем различни. Поздрав до сите Ваши и наши. ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА.
Од: аеродром
Датум: 03.07.2009 07:35:32
Стигна кај мене во сандаче некое ливче БЕЗ име и презиме со известување дека треба да појдам таму и таму во толку часот... Јас го фрлив. Тоа беше сигурно реклама од некоја фирма пуштена во сандаче, штом не беше адресирана до мене, нели?
Од: Toso
Датум: 03.07.2009 07:45:58
Ovie od Glopko nemaat pojma ili se pravat takvi. Za pocekot, bidejki se nafatile na vakva rabota, neka gi proucat zakonite koi se odnesuvaat na Danocite na imot, danocnata postapka. Ako nesto ne znaele, ne trebalo da se sramat. Za pocekot nekolku nasoki: Dokolku na dostavata ne se zatekne liceto, mu se ostav potsetnik - informacija Ako ne reagira na potsetnikot, mu se praka nov potsetnik da dojde po resenieto. Ako i sega ne reagira mu se ispraka nov potsetnik so postroga sodrzina i opomena. Ocigledno Glopko ne gi primenil ovie mehanizmi, bidejki poveke e ocigledno deka graganite reagiraat (a ne kutat). Mozebi za Glopko ke bese najlesno da gi frli resenijata vo gjubre...) Ova mi lici na MRTV inaplatata na Radio difuznata taksa. Ti pratile resenie, koe e izvrsno so denot na dobivanje/dospevanje, a potoa ti prakaat privaten izvrsitel koj debelo i protivzakonski ja naplatuvaa svojata nezakonska dejnost (dozvolena od MRT i drugi institucii
Од: goko
Датум: 03.07.2009 08:39:49
Koj Globko, cij e toj Globko.Na noviot gradonacalnik e ili na nekoj vnuk negov.Jak biznis tera toj Globko.Uste kolku globkovci ke izlezat, no malku e toa za ovie glasacki ovci.
Од: Dragan
Датум: 03.07.2009 09:00:01
Ova se prerodbenite cekori. Ajde site na po 100 cekori za resenie za danok. Sa kogo si glasavte taka i neka vi e. Prerpdbata tece....samo deka kje se okozime dodeka ovie se na vlast i toa e tocno. Mozebi tie Prerodbata ja razbiraat kako pole za tormozenje na narodot so svoite genijalni idei koi mora da bidat razlicni od onie na "komunjarite" .
Од: korektorot
Датум: 03.07.2009 09:58:39
Градоначалникот што Овците си го избраа, нека си го трпат со неговите глупости со Глупко а не Глобко. Ама што сме ние криви останатите граѓани да ги поднесуваме неговите глупости. Прво, одлучи да прекине со довршувањето на поставувањето на жардениерите низ градот, демек многу скапо било одржувањето, второ, одбрал човек-фирма за доставувањена даночните решенија. Па добро бе луѓе, знае ли Коце дека градоначалникот е на градот а не обратно. Поздрав до сите што пишуваат кирилица, останатите нека се срамат.
Од: koki
Датум: 03.07.2009 15:20:45
Baravte gledajte. Skopje VMROski grad = selska palanka, sto si nadrobivme toa ke si srkame.Samo se prasuvam od kogo ocekuvate nekakva organiziranost vo nasiot ni grad? Kakvi li iznenaduvanja li ne ocekuvaat vo idnina mozeme samo da si zamislime.
Од: Viktor
Датум: 03.07.2009 15:57:25
sedev doma cel den... vo 15 casot izleguvam i gledam dvajca stavaat livcinja vo sanduce, otvaram i sto da vidam tgreba da idam da si go zemam resenieto za danok na imot hmmm se prasuvam dali ako zadzvonele kaj mene na vrata ke me nasle ,, odgovorot e DA, zasto ne mi go dostavija doma
Од: Trajanka
Датум: 03.07.2009 19:05:38
Ova samo pokazuva kolku neznaat da se organizirat lugeto , taka e po site prasanja . Mnogu luge ima na rakovoditelni mesta kade ne znat da se ponasaat vo sodvetna situacija . Ova pokazuva mnogu za edno opsestvo , kako posle drugite mozat da ne cenat , mnogu sme nanazad . Site kritikuvat a nikoj nisto ne predzema da se smenat rabotite na podobro ! Site se ucesnici na odgovornosta , da ne e taka , vakva rabota ne bi mozela da opstane!

Најди! во Утрински
Насловна
Го есапи ли некој ревизорот
Цел јули со дожд и грмежи
Васко Наумовски нов вицепремиер
Уште еден скандал со обвинителите?
Зошто Боцевски поднесе оставка
Боцевски одржувал тајни контакти со Грција?
Скандалозен избор
Брисел одлучува за Фуере, а не Скопје
Новинарите ќе го тужат Амди Бајрам за навреда и клевета
Самозалажување