Број 3026  петок, 03 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Самозалажување

Љупчо Печијарески

Лажењето и самозалажувањето стануваат стил на живеење, а површноста, алчноста и егоизмот се заштитен знак на секој турбоуспешен човек

Во едно од најслоевитите и најсеопфатни литературни дела, библиски безвремено, „Браќа Карамазови“, повеќе проживеано, отколку раскажано, од суптилниот познавач на тајните на човечкиот духовен живот Фјодор Михајлович Достоевски, архетипскиот руски интелектуалец Иван Карамазов ја изговора следнава реченица: „Најважно од се' е да не се лажеме самите себе. Оној кој се лаже самиот себе и својата лага ја слуша (живее), стигнува дотаму да не може да забележи никаква вистина, ниту во однос на себе ниту во однос на околината – истовремено тој не се почитува ниту себе ниту ги почитува другите“. Притоа, тој заклучува дека оној што не ги почитува другите, престанува да сака и, во отсуство на љубов спрема другите, се предава на задоволување на страстите и пороците, на сето она што е површно и сладострасно во него.

За жал, времето во кое денес егзистираме го карактеризираат точно овие состојби. Во постојаната трка по богатство, слава, доминација, во чија основа е бескруполозното задоволувањето на најниските страсти, имаме целосно запоставување на основните духовни вредности, на сето она што се основни атрибути на човечкото достоинство. Притоа, лажењето и самозалажувањето стануваат стил на живеење, а површноста, алчноста, самобендисаноста и егоизмот се заштитен знак на секој турбоуспешен човек. Во отсуство на етабилиран вредностен систем и евидентна аксиолошка анархичност, во битката на што полесен начин и за што пократко време да се стигне до повисок општествен статус, моќ, лична афирмација и слично, не се бираат средст��ата со кои треба да се постигне тоа. Лукавството, сервилноста, брзите групирања и прегрупирања во зависност од моменталните интереси, жртвувањето на истрошените играчи се основните начела според кои функционира ваквиот начин на организација на социјалниот живот.



Независно од тоа како ќе се именува општествениот систем што се гради од овој заболен (неотпорен) човечки материјал, тој не може да биде успешен. Можат да се носат најдобри закони, да се осмислуваат најефикасни економски политики, да се оптимализираат човековите права, да се демократизираат институциите, сепак, системот нема да биде успешен. Тоа е така зашто во основата на секоја општествена заедница е човекот, неговите етички вредности, неговото чувство за праведност, чесност, добрина, љубов..., порано или подоцна ќе се покаже целата гнилост на темелите врз кои се гради системот. Основно што треба се сфати е фактот дека општеството е жив организам во чија основа се неговите граѓани со сите доблести и мани. Од нивните вредносни начела и морални принципи зависат, во најголема мера, сегашноста и иднината на општествената заедница. Не е можно да се гради здраво општество со граѓани што боледуваат од дисторзиран вредностен систем што се темели врз лаги, самоизмами, манипулации, камелеонство и страсна потреба да се биде доминантен, односно да може да се решава за судбините на другите.



Свесното или несвесното создавање лажни светови само за да се потврди сопствената моќ и да се задоволи суетата води кон имагинарен живот и бесперспективност. Притоа, иако политичарите ја имаат главната улога во оваа ентропична игра, истовремено во неа учествуваат и не така мал број, условно наречени, анонимни играчи, кои не се составен дел на врвниот политички естаблишмент, но извршуваат значајни функции во јавниот општествен живот. Тие, скриени од очите на јавноста, многу побезбедни од политичарите, во своите институции играат исти такви игри кои резултираат со крајно негативни последици врз општествениот развој во различните негови сфери: културата, образованието, здравството, судството, спортот и слично.

Овде се наметнува прашањето: од каде е таа потреба, во нас самите, да создаваме лажни светови, да не сакаме да ја погледнеме стварноста онаква каква што е!? Секако, за тоа постојат повеќе причини. Во оваа прилика ќе се обидам да ги класифицирам во три групи. Првата група причини се однесуваат на нашата вродена страст за поседување моќ. Голем број од нашите комплекси и фрустрации ги компензираме низ поседувањето моќ и нејзиното манифестирање во средината во која работиме и живееме. Страста за моќ до таа мера може да не' заслепи што почнуваме да не ја разликуваме лагата од вистината. Втората група причини својата генеза ја имаат во ограниченоста на нашите интелектуални капацитети. Не можејќи да ги погледнеме општествените процеси во нивната целосност и далекувидост, често пати и не сме свесни за застрашувачките последици од потезите што ги преземаме. Третата група причини се поврзани со нашата нарцисоидност и несамокритичност. Многумина мислат дека се од бог дадени да бидат на самиот врв на општествениот живот, односно дека тие се најдобри и вечни при извршувањето на најсложените општествени задачи. Ретко кога се прашуваат дали поседуваат соодветни квалитети за нивното извршување и дали некој друг тие задачи може подобро да ги исполни од нив.



Во секој случај, се' додека не се вратиме кон вистинските вредности, во чија основа се конструктивноста, одговорноста, објективноста, пријателството и толерантноста кон аргументите на другиот, се' додека безобѕирно се стремиме кон успех што ќе ни овозможи да ја зголемиме сопствената моќ, не можеме да градиме демократско општество што ќе се темели врз плурализам, интереси и искрен дијалог низ кои би се решавале постојните проблеми. Согласно со ова, и натаму ќе продолжиме да се лажеме самите себе и другите, односно ќе живееме во свет на сеопшто непочитување и недоверба, препуштајќи се на сладострасното задоволување на сопствените интереси од кои се' поочигледно ѕиркаат нашиот егоизам, фрустрации и пороци. На тој начин, независно од општествениот статус што го имаме, како и големата желба со својата успешност во работењето да предизвикаме восхит и стравопочит кај другите, сепак, остануваме вечни маргиналци кои не ја искористиле историската шанса, во помала или поголема мера (според функциите што ги извршуваме), на својата држава да и' го дадеме она што таа го очекува од нас.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 1585 пати.

Испрати коментар

Од: Гордана
Датум: 03.07.2009 00:16:21
Се сложувам дека самозалажувањето станува наша животна филозофија. Колку е човек пиомал толку повеќе сака да се лаже самиот себе. Така во сопствените очи си изгледа поголем. Сепак еден ден ќе сфати дека е мал. Но, тогаш ќе биде доцна нешто да промени. Затоа , сепак најдобро е да имаме реална слика за самите себе.
Од: Даниела
Датум: 03.07.2009 00:33:40
Кој уште го чита Достоевски во ова време на изгубени илузии и напуштени морални вредности. Трагично е сознанието дека духовното во целост е поразено од материјалното. Денес да постоиш тоа значи да поседуваш. Без богатсво и моч си никој и ништо. Тоа е жалосно но вистинито.
Од: cash for life
Датум: 03.07.2009 02:37:06
Abe dosta so filozofii i pisateli koj umrele pred 200 godini pa sto deka nekoj go procital Dostoevski demek toa ve pravi popameten GLUPOSTI ...Moktta e vo parite ne vo umetnosta ste videle li vie bogat Umetnik.....Jas sekogas sum velel i velam podobro Glup so pari nego Pameten bez pari...prosto i jasno ..koj saka neka go cita Dostoevski Tolstoj Cehov i koj neznae koj toa ne ve pravi popameten Parata go vrti svetot ne knigite
Од: vesna
Датум: 03.07.2009 06:27:39
A zosto Makedonija bi se razlikuvala od ostanatiot svet? Sto napravi "silno transparentniot i demokratski zapad" so ovaa finasiska kriza,sebicnost, lakomost i grabez od nevideni razmeri?! I silnite ekonoski tigrovi od Baltikot, Island, Irska.....zarem toa ne se dolzi na izvitoperen sistem na vrednosti? Vasite poraki se mnogu plemeniti no prezivuvaat samo onie sto gi citat signalite i trendovite na vremeto. Inaku ke staneme samo eden od brojnite izumreni narodi vo muzejot na svetskata istorija.
Од: Martin
Датум: 03.07.2009 07:15:23
Vo ovoj tekst niz edna poinakva prizma prof. Pecijareski gi analizira i detektira problemite vo makedonskoto opstestvo. Fokusot e staven na temelnite vrednosti sto sekoj eden poedinec treba da gi poseduva. Na zalost, se pomal e brojot na onie koi gi poseduvaat ovie vrednosti. Se cini deka, na lujgeto, im e mnogu polesno da bidat konformisti i da gi prifatat postojnite "lazni" pravila na igra. No sebe-realiziranjeto vo takvi uslovi, so tie pravila igra i brziot napredok e samo prividno povolna situacija za koja cenata se plaka pokasno.
Од: Pravoslaven
Датум: 03.07.2009 08:04:13
Profesore kako i sekogas tekstot e odlicen. I ne e vazno dali Dostoevski denes nekoj go cita, vazno e da go procita Grueski i negovata uste pomlada druzina. Da vidat sto e toa slovenska dusa, a ne da baraat lazni anticki koreni. Vistinskite vrednosti gi imame okolu nas , samo prasanje e dali sakame da gi prepoznaeme ili vaka bez ideali i vera ni e ni e podobro.
Од: Дане
Датум: 03.07.2009 08:23:51
Точно е тоа дека светот го вртат само парите. Но тоа е резултат на тоа што современиот човек е се повеќе празен и духовно необразован. Колку сме помали, колку сме помалку посветени на вистинските вредности. толку повеќе сакаме да создаваме лажни светови.
Од: Македонец
Датум: 03.07.2009 08:34:43
Анализата е одлична. Мајсторски направена. Без враќање на вистинските вредности , пред се на се она што е духовно, уметност, филозофија, религија, литература оваа цивилизација нема иднина. само ме чуди кога авторот во текстот не спомнува политика, зошто тоа го прават читателите и го спомнуваат груески. Не е фер.
Од: Alek
Датум: 03.07.2009 08:42:08
За оние кои мислат дека многуте пари единствено ќе ги направат среќни, сметам дека се во заблуда. И сега сте во еден сиромашен свет, а и да имате многу пари, ќе бидете исто сиромашни, т.е. незадоволни и уште повеќе алчни. Убаво ви вели човекот, првин расчистете со постојаното филмање и лажните вредности кои ни се сервираат (и кои не мора неминовно да ги проголтаме), а после видете какво богатство се крие во вас, самите. Без промени однатре не очекувајте среќа, дури ни со милионско конто во банка.
Од: Гаго
Датум: 03.07.2009 09:49:42
Е мој професоре во вашите текстови има премногу идеализам, а тоа не врви во ова време. Луѓето сакаат да се обогатат за кратко време. Нив не ги интересираат вредностите за кои пишувате Вие. Сепак, бидете поздравени и продолжете и понатаму да пишувате и да бидете оптимист дека работите можат да се променат на подобро.
Од: Blagoja
Датум: 03.07.2009 10:07:25
Bravo majstore. In media res.
Од: Trajko
Датум: 03.07.2009 10:22:43
Sekogash bilo i ke bide nashiot narod sam od sebe da si nastraduva.Koga nekoj nosi rozovi ochila se zamisluva deka zivee vo drug svet.Veruva na iluzionisti i samobendisani politichari ,koi koga ke si zaminat ako po niv neka ima i potop.Nashiot narod paga na lazniot patriotizam od pastirot koj im veli: slushajte me shto zboruvam a da ne ve interesira shto rabotam.
Од: Ајван Доктор
Датум: 03.07.2009 10:26:58
@cash for life -Такааа еее! Абе исто вика и Амди Бајрам, а он не ни знае кој е тој (некојси) Достоевски - кој, демек бил паметен. Башка, умрел пред двесте години! А уметноста, не мора ни да постои -па кој видел аир од неа?! Затоа ќе правиме Кичфигурини и ќе ги озакониме со декрет на Бладата како уметност! Не ви ни треба знаење! Шо ќе ти е... И онака дипломата можеш да си ја добиеш (купиш) на некој од многубројните универзитети, кои служат за описменување (забелешка на министерот за „образование“). Затоа ние стигнавме „на прагот на Европа“ и стоиме таму уште од `92. Навистина, сосема си во право! Докажана е „надпросечната“ интелегенција на нашите Новокомпонирани дами и господа! За жал, се потврдува онаа мојата: „Длабок џеб - Плиток Памет“!
Од: Mathematiker
Датум: 03.07.2009 10:58:08
Gne pisuvate argumentirani kolumni, ama ovaa e delumno vistinita... za zal se lazete samite sebesi - imate lazna slika za "sovremeniot" covek.. 1) sekoj covek se stremi kon vrvot na hierarhijata na potrebite i zelbite (citaj Maslov) = vaznost, prestiz, samoaktuelizazija... 2) mnogu naucnici veruvaat vo socijalen darvinisam ≡ ne biranje na (legalni) sredstva i nacini da se zadovolat ovie potrebi- zivotot e kratok... Sto sme nie lugjeto bez pravilno vodstvo?!
Од: tatoo
Датум: 03.07.2009 11:52:11
До cash for life. Сиромашен човеку. заради вакви како тебе и до овде стасавме. Повеќе не коментирам, зошто навистина ќе се спуштам на твоето ниво, а тоа го мразам од дното на душата.
Од: Ратко
Датум: 03.07.2009 11:58:08
Професоре, со задоволство ги читам Вашите текстови. Има што да се научи. продолжете во тој стил и понатаму независно од тоа што работите одат во погрешна насока. Потребни ни се конструктивни луѓе кои влеваат надеж и оптимизам дека сепак не е се загубено, дека сепак се уште во нашите животи се присутни доблесноста и чесноста.
Од: Franko-London
Датум: 03.07.2009 12:54:56
Komentar ne e potreben.Napisot e odlicen i gi otslikuva sostojbite na umot i razumot vo Drzavata. Vo uslovi na totalna erozija na moralot,duhot i etikata kaj lugjeto,ne e ni cudo sto Caruvaat Marginalci,polupismeni kriminalci,telohraniteli na Politickite Tranzicioni Mafijasi i "Salierievci" od tipot na citatelot pod sifra" Cash for life".Toj i takvi kako nego,za zal ja socinuvaat Kriticnata Masa na drzavata,koja poleka no sigurno propagja vo sekoj pogled.Dodeka ne se reafirmira profesionalnosta ,strucnosta i obrazovanieto,ne se pocituva zakonot i pravoto,ke propagjame uste poveke.Drzavite od razvieniot svet ne pocivaat na truli temeli.Se znae sto ja pravi edna drzava civilizirana i ubavo i dostoinstveno mesto za ziveenje.Daleku i nedostizen e svetot za nas.

Најди! во Утрински
Насловна
Го есапи ли некој ревизорот
Цел јули со дожд и грмежи
Васко Наумовски нов вицепремиер
Уште еден скандал со обвинителите?
Зошто Боцевски поднесе оставка
Боцевски одржувал тајни контакти со Грција?
Скандалозен избор
Брисел одлучува за Фуере, а не Скопје
Новинарите ќе го тужат Амди Бајрам за навреда и клевета
Хаос со доставата на даночните решенија